ЦУКС ги известува сите учесници во сообраќајот дека екипи на ЈП Улици и Патишта извршуваат градежни активности на коловозот на бул. Гоце Делчев веднаш пред мостот во насока на движење кон бул. Илинден, во непосредна близина на ул. Лазар Личеновски, па оттука Центарот апелира до сите возачи да бидат внимателни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.