ЦУКС ги известува сите учесници во сообраќајот дека екипи на ЈП Улици и Патишта извршуваат градежни активности на коловозот на бул. Блаже Конески (поранешен бул. ВМРО) за реконструкција на асфалтниот слој на автобуската постојка, во близина на стара Агромеханика, па оттука Центарот апелира до сите возачи да бидат внимателни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.