ЦУКС известува дека во овој период од денот, поголема фреквенција на возила се забележува долж:
-ул. Димитрије Чуповски во двете насоки,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза.
ЦУКС известува дека поради градежни активности затворен за сообраќај е еден дел од крајната десна сообраќајна лента на бул. Кочо Рацин во насока на движење од к-ца со бул. К.Ј. Питу кон к-ца со улица 11 Октомври, а сообраќајот на булеварот Партизански Одреди во двете насоки сега се одвива непречено и без застој. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.
Известувањето важи за 8:15ч на ден 24.07.2019г (среда)