Обнова на сообраќајната сигнализација за зголемена безбедност

Eкипите на ЈП Улици и патишта,во текот на вчерашниот ден ја обновија вертикалната сигнализација на пешачки премини на улицата Коце Металец и Александар Урдаревски. Во текот на вечерните часови на улицата Антон Попов кај О.У. „Кузман Јосифовски Питу“, ги поставија и новото плато за смирување на сообраќајот и сообраќајниот знак ЗОНА 30, со што ќе…

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ВЛАДИМИР КОМАРОВ

За само четири дена од почетокот на реконструкцијата на улицата Владимир Комаров во Аеродром дел од нејзиниот коловоз веќе се асфалтира. Градежните работи за обнова на оваа сообраќајница продолжуваат и во наредните денови, со забрзано темпо. Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација, а брзината на…

ОД ДЕНЕСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА И НА УЛИЦАТА ВЛАДИМИР КОМАРОВ ВО АЕРОДРОМ

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска ја почнаа реконструкцијата на улицата 23 Октомври (поранешната улица Владимир Комаров) во општината Аеродром. Оваа сообраќајница ќе се обнови на должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија…

МОНТАЖА НА НОВИ СВЕТЛОСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска поставија нови светлосни сообраќајни знаци на улица Московска, улица Џон Кенеди и на улица Цветан Димов . Поставувањето на светлосните знаци е за поголема видливост на пешачките премини и зголемена безбедност во сообраќајот, а поставувањето ќе продолжи и на други градски сообраќајници каде што ќе има потреба.  …

ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА КАЈ ПАЗАРЧЕТО ВО ЧЕНТО

За поголема безбедност во сообраќајот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња на улицата Маџари кај пазарчето во Ченто во општина Гази Баба. Оваа локација долго време беше црна точка во општина Гази Баба, со узурпирани пешачки патеки, а улицата целосно беше закочена од непрописно паркирани возила. Град Скопје и понатаму нема да…

САНИРАНИ ЗАШТИТНИТЕ СТОЛПЧИЊА КАЈ ТЦ БУЊАКОВЕЦ

Искршените заштитни столпчиња на булеварот Партизански одреди пред ТЦ Буњаковец веднаш беа санирани од страна на екипи на ЈП „Улици и патишта“.

Град Скопје и понатаму нема да толерира узурпација од возила на јавни површини и апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.

ОБЕЛЕЖАНА СООБРАЌАЈНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА МОСКОВСКА

Со вчерашното ноќно бележење на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата на улицата Московска во Општина Карпош. Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, во ноќните часови целосно ја обележаа улица Московска, која е целосно реконструирана во вкупна должина од 690 метри, на потег од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар…

ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА УСЈАНСКИОТ КАНАЛ

Екипите на ЈП Улици и патишта, изминатиов период интензивно работат на чистење на Усјанскиот канал на потегот од булевар Борис Трајковски, односно населба Усје кон населба Лисиче. Каналот се чисти рачно со тримери, се отстранува тревата, гранките, грмушките, нискостеблеста и високостеблеста вегетација од косините на каналот.И во наредните денови екипите продолжуваат со чистење на истиот…