ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОУ АЦО ШОПОВ

На барање на околните жители и по зачестените сообраќајни незгоди, екипи на Град Скопје вчеравечер на улицата Радишанска кај основното училиште Ацо Шопов поставија соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајни решенија за забавување на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на учениците.