НОВА СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ НА БУЛЕВАРИТЕ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ, ДАМЕ ГРУЕВ И БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Продолжуваат активностите за поставување на нова сообраќајна сигнализација на велосипедските патеки во Скопје. Деновиве обележани беа повеќе нови велосипедски патеки: – На булеварот Партизански одреди, на потег од Соборниот храм до крстосницата со улица. Даме Груев – На новата велосипедска патека на улицата Даме Груев, на потег од крстосницата со бул. Партизански одреди до крстосницата…

ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА УЛИЦА ФРЕНКЛИН РУЗВЕЛТ

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столчиња на дел од

улицата „Френклин Рузвелт“, на потeгот до крстосницата со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила и се зголемува безбедноста на пешаците на оваа улица.

ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА

Eкипите на ЈП „Улици и патишта”, во изминатиов период работеа на реконструкција на оштетувања на коловоз на скопските улици, санираа ударни дупки долж булeварите и улиците: Александар Македонски, Никола Карев, Френклин Рузвелт, Беласица, Козле, Даме Груев, Скупи, Видое Смилевски Бато и 8-ми Септември. Поставени се нови и заменети оштетени столпчиња на улицата Трифун Бузлев кај…

МОНТАЖА НА НОВИ СЕМАФОРИ ВО БУТЕЛ

Екипите на ЈП „Улици и патишта”, одговорни за одржување на светлосната сообраќајна сигнализација, во текот на денешниот ден ќе монтираат нови семафорски портали на крстосницата помеѓу булевар Христијан Тодоровски Карпош и улица Боца Иванова во Бутел. Поради поставување на новите портални семафорски столбови, на крстосницата нема да се одвива сообраќај, а крстосницата ќе биде затворена…

РЕКОНСТРУИРАНА ПЕШАЧКО-ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ

Целосно е реконструирана пешачко-велосипедската патека на дел од улицата 11 Октомври на потегот пред поранешен Тутунски комбинат. Од патеката во должина од 100 метри машински се отстранети бекатон плочките, поставен е нов асфалт, нови мали и големи рабници, како и заштитни столпчиња. Град Скопје континуирано работи на подобрување на пешачко-велосипедската инфраструктура, а вело патеката на…

ПОСТАВЕНИ НОВИ РЕФЛЕКТИРАЧКИ ЗАШТИТНИ СТОЛБЧИЊА

Поставени се нови рефлектирачки заштитни столпчиња за оградување на велосипедските патеки на булевар Кочо Рацин.

Овие рефлектирачки столчиња овозможуваат подобра видливост и ја зголемуваат

безбедноста на велосипедистите.

Поставување на заштитни столбчиња

Екипите на ЈП „Улици и патишта” поставуваат нови и ги заменува оштетените столпчиња на Јужен Булевар.

Исто така, во тек е поставување и на нови рефлектирачки заштитни столпчиња и сообраќајни знаци за велосипедска патека помеѓу бул. Кочо Рацин и бул. Кузман Јосифовски Питу.

ПОСТАВЕНИ ПЛАТОА ЗА СМИРУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ НА УЛИЦИТЕ ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ И ВАСИЛ ЃОРГОВ

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија платоа за смирување на сообраќајот на улиците Васко Карангелески и Васил Ѓоргов.