НОВИ СТОЛПЧИЊА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ

Екипите на ЈП „Улици и патишта” во изминатиов период санираа плочник на улица 11-ти Октомври пред зградата на Собранието, работеа на реконструкција на оштетувањата на коловозот на скопските улици, санираа заштитна ограда од мостот Тодор Александров, а реконструираа и рабници и тротоари, како и пешачки патеки. Поставени се нови и заменети се оштетените столпчиња на…

ПОСТАВЕНИ СЕ НОВИ СВЕТЛОСНИ ПЕШАЧКИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на изминативе денови поставија нови шест светлосни сообраќајни знаци на пешачките премини долж булеварот Партизански Одреди. Поставени се кај порта Влае и на пешачкиот премин кај ТЦ „Антико“,а интервенираа и на улица Бутелска кај општина Бутел и го заменија оштетениот сообраќаен знак со нов светлосен.

САНАЦИЈА НА ВЕРТИКАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Екипите на ЈП Улици и патишта кои вршат секојдневна обиколка и контрола на вертикалната сигнализација на градските сообраќајници, во текот на изминатиот период интервенираа на повеќе улици и ги исправуваа турнатите сообраќајни знаци. Интервенции имаше на булеварот Партизански Одреди кај фурна„ Силбо“ и аптека „Зегин“, улица Ѓорче Петров кај кружениот тек, на бул.Србија кај бензиска…

РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

Ноќеска сите главни улици и булевари се поминати од зимската служба за да бидат проодни и безбедни утрово. Возилата го расчистувале снегот и фрлале сол на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и на високите зони кон Водно, Пржино и Железара, како и на сите други места во главниот град, означаени како „црни точки“. Дежурните екипи…

ЗИМСКА СЛУЖБА НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА

Eкипите на зимската служба на Град Скопје и ЈП Улици и патишта Скопје, денеска интервенираа со расчистување на снегот на патот кон Горно Нерези и средно Водно и фрлија 16 тони сол. Дежурните екипи будно ја следат состојбата на улиците и ќе интервенираат по потребите.

 

ЗАПОЧНА ИЗВЕДБАТА НА НОВИОТ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА СКУПИ

Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изведба на нов тротоар на јужната страна на улицата Скупи, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“, па се до крстосницата со улицата 10 која води кон Бардовци. Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни…

ГРАД СКОПЈЕ ПЛАНИРА ОБНОВА НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА НА ЈП „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ И “ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“

На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог одлука за задолжување со заем од финансиска институција во висина од 150 милиони денари, за набавка на возила и опрема за јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“. Согласно оваа одлука предвидено заемот да се отплаќа во рок од 5 години…

СЕ ГРАДИ НОВА ВЕЛО ПАТЕКА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА 11 ОКТОМВРИ

Градот Скопје на самиот почеток од новата година продолжува со градежни активности за подобрување на велосипедската инфраструктура низ градот. Покрај изградбата на вело патеката на улицата „Благоја Стефковски“ која е во тек, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на изградба на нова велосипедска патека во должина од 100 метри на дел од улицата…

ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА УЛИЦА ДАМЕ ГРУЕВ КАЈ БЕКО

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на улицата „Даме Груев“ во близина на катната гаража „Беко“ во Центар. Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.

ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОУ АЦО ШОПОВ

На барање на околните жители и по зачестените сообраќајни незгоди, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на улицата Радишанска кај основното училиште Ацо Шопов поставуваат соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајни решенија за успорување на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на учениците. На оваа локација се поставени две платоа за успорување на сообраќајот, вибрациони…