ПОСТАВЕНИ СЕ НОВИ СВЕТЛОСНИ ПЕШАЧКИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Екипите на ЈП Улици и патишта во текот на изминативе денови поставија нови шест светлосни сообраќајни знаци на пешачките премини долж булеварот Партизански Одреди. Поставени се кај порта Влае и на пешачкиот премин кај ТЦ „Антико“,а интервенираа и на улица Бутелска кај општина Бутел и го заменија оштетениот сообраќаен знак со нов светлосен.

САНАЦИЈА НА ВЕРТИКАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Екипите на ЈП Улици и патишта кои вршат секојдневна обиколка и контрола на вертикалната сигнализација на градските сообраќајници, во текот на изминатиот период интервенираа на повеќе улици и ги исправуваа турнатите сообраќајни знаци. Интервенции имаше на булеварот Партизански Одреди кај фурна„ Силбо“ и аптека „Зегин“, улица Ѓорче Петров кај кружениот тек, на бул.Србија кај бензиска…

РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

Ноќеска сите главни улици и булевари се поминати од зимската служба за да бидат проодни и безбедни утрово. Возилата го расчистувале снегот и фрлале сол на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и на високите зони кон Водно, Пржино и Железара, како и на сите други места во главниот град, означаени како „црни точки“. Дежурните екипи…