ЗИМСКА СЛУЖБА НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА

Eкипите на зимската служба на Град Скопје и ЈП Улици и патишта Скопје, денеска интервенираа со расчистување на снегот на патот кон Горно Нерези и средно Водно и фрлија 16 тони сол. Дежурните екипи будно ја следат состојбата на улиците и ќе интервенираат по потребите.