СВЕТЛОСНИ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ дeновиве поставија светлосни сообраќајни знаци на неколку градски улици: Коце Металец, Московска, Васил Ѓоргов, Џон Кенеди, Цветан Димов и Бутелска.

Поставувањето на светлосните знаци е за поголема видливост на пешачките премини и зголемена безбедност во сообраќајот, а поставувањето ќе продолжи и на други градски сообраќајници.