Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека од денеска(11.02.2026 година, среда)  до завршување на градежните активности за реконструкција на ул. Фрањо Клуз во општина Аеродром, на потегот од крстосницата со ул. Пандил Шишков до крстосницата со ул. Симеон Кавракиров, ќе биде воведен времен  сообраќаен режим и на овој дел од улицата нема да се одвива сообраќај.

ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. Времената измена на сообраќајниот режим ќе важи до завршување на активностите.