Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на 17.05.2026г. /недела/ екипа на ЈП„Улици и патишта“-Скопје, на крстосницата помеѓу улица „11-ти Октомври“ и улица „Пролет“ односно булевар „Македонија“, од 9 часот наутро ќе почне реализацијата на активности за поставување семафорска инсталација, како и монтажа на семафорска опрема и сигнализација (семафорски столбови и лантерни). Поради овие активности, се до завршување на монтажата на сигнализацијата на реконструираната крстосница, се очекува на одредени делови од крстосницата да има времен изменет сообраќаен режим, па оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
