Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека поради изведување на активности за реконструкција на горниот строј од мостот на Маркова Река во населба Драчево во општина Кисела Вода, на дел од улица Јустинијан Први, ќе биде воведен времен сообраќаен режим. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. Времената измена на сообраќајниот режим ќе важи до завршување на активностите.
Сподели ја објавата
