Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека поради изведување на активности за реконструкција на ул. Пехчевска во општина Гази Баба,  на потегот од к-цата со ул. Париска Комуна до крајот на улицата, во наредниот период, ќе биде воведен времен сообраќаен режим. ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. Времената измена на сообраќајниот режим ќе важи до завршување на активностите.