Активности

za_sajt_aktiv

Продолжува ноќното обележување на градските улици

06.09.2013г.

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, изминативе денови ја обележаа хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари во вкупно 1.440м2 .

Рачно се бележеше со црвена, жолта и бела боја - пешачки премини, стрелки за насока на движење, автобуски постојки, паркинг места за инвалидизирани лица и ознаките за училиште, а машински подолжните линии  на главните улиците во градот.

Улиците Лука Геров, Христо Татарчев (поранешна улица Сава Ковачевич), ул.Лука Геров, ул.11ти Октомври, ул.Црногорска и булеварите Мито Хаџивасилев Јасмин, Партизански Одреди, Илинден, 8ми септември и Водњанска се со обновена боја и нова вертикална сигнализација. А викендов екипите на Улици и патишта ги обележаа и  крстосниците Огњан Прица -ул.Бихаќка - ул.Железниќка, к-ца Мито Хаџивасилев Јасмин со булевар Климент Охридски и пешачките премини на улица Димитрие Чуповски.

Машински подолжни линии се обележани по должината на булевар Јане Сандански (од потег ул.Васко Карангелевски до булевар Видое Смилевски Бато).

Ноќното обележување се одвива во периодот од 22часот до 7часот утредента и се обележуваат по утврдената динамика на Град Скопје.

A_trim_pateka

Во тек е изградба на трим патека Гази Баба

04.09.2013г.

Деновиве екипите на ЈП Улици и патишта активно работат на поставување на толчаникот и  ризлата на трим патеката што се гради во општина Гази баба.

Патеката поминува низ парк-шумата во Гази Баа. Предвидено е да биде наменета за планински велосипедизам, а ќе може да се користи и за нордиско пешачење, односно пешачење со штаки. Нејзината должина ќе биде 13 километри.

katna_garaza

Обележување во катната гаража

04.09.2013година

Деновиве екипите на Улици и патишта, ја обележуваа хоризонталната сигнализација на улица Мито Хаџивасилев Јасмин, веднаш спроти бензиската пумпа „Макпетрол“. Обележани се околу 451 паркинг места,  а околу на околу 500метри квадратни површина се обележани стрелки за насока, пешачки премини и паркинг места за инвалидизирани лица.

Поставени се 87 сообраќајни знаци на влезот и внатре во катната гаража. За обележувањето екипите користеа бела и жолта боја.


bilbordi_veb

Отстранување на бесправно поставени билборди

07.05.2013г.

Според планот изработен во секторот за сообраќај во Град Скопје, со ангажирана механизација и екипи на ЈП Улици и патишта Скопје, во текот на изминативе денови отстранија околу 180 големи билборди „сити лајт“ и 120 обични билборди кои беа бесправно поставени на градските сообраќајници. Во текот на акцијата беа ангажирани телескопски автодигалки, утоварувачи, ТАМ-возила, ФАП камиони и работници, бројот и тежината на механизацијата и работната рака зависи од поставеноста и големината на билбордите.

Досега се отстранети билбордите и сити лајтовите на булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Крсте Мисирков, Кочо Рацин ,АСНОМ, Климнет Охридски, Јане Сандански, Партизански Одреди, Србија, бул.ВМРО, бул.11ти Октомври, булевар Мајка Тереза, Гоце Делчев, Илинден, мост Близнак, Перо Наков, Октомвриска Револуција, Александар Македонски, 8ми Септември, Метрополит Теодосиј Гологанов, Ѓорче Петров, Никола Парапунов, Џон Кенеди, Алфред Циборовски, Московска, 4ти Јули, Народен Фронт, Васил Ѓоргов, Бледски Догвор, Октомвриска Револуција, Никола Карев, плоштад Македонија, парк „Жена борец“, Стив Наумов, Васил Аџиларски, Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин и улица Народен Фронт .Екипите ги отстрануват билбордите поради тоа што сопствениците на приватните фирми не се исполнуваат обврските кон градот навремено, а и некои се поставени без одобрение на надлежен орган.