Активности

koco_racin_Sanacija_copy

Интензивирано санирање на ударни дупки на булеварите

10.10.2013г.

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје изминативе денови започнаа со интензивно асфалтирање на оштетувањата на градските улици и булеварите. За таа цел е ангажирана засилена механизација и работници, односно за секоја општина по една бригада. Во моментот се работи со четири бригади, работници кои ги санираат ударните дупки на булеварите и поголемите улици во општините: Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров. Акцијата е интезивирана во овој период поради големите врнежи кои влијаат на асфалтот односно на отварањето на дупките на улиците. Дупките на улиците најнапред се гребат машински, а потоа се асфалтираат со топла асфалтна маса.

Во планот за работа во деновиве што престојат ќе се санирааат оштетувањата на булеварите: Партизански Одреди,  Фебруарски Поход, АСНОМ, Србија, Јане Сандански, Александар Македонски и улиците Ѓорче Петров, Љубљанска, Московска, Васко Карангелевски и Алија Авдовиќ.

Екипите продолжуваат со истиот интезитет со санирање  на ударните дупки на сите булевари и поголеми улици и ќе интервенираат на сите оштетувања каде што има потреба.

A_sanacija_sajt_pateki

Асфалтирани и санирани пристапни патеки во паркот „Македонија“

  

04.10.2013г.

Во текот на изминативе денови Улици и патишта изврши санација и асфалтирање на двете пристапни патеки во паркот  „Македонија“ на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов.

На едната патека беше извршено асфалтирање во површина од  45 метри квадратни со асфалтна маса тип АБ-8, а на другата патека пристап се прередени оштетените бехатнонски плочи во површина од 40 метри квадратни и заменети рабниците во должина од 20метри.

 

A_semafori

Монтажа на нови семафори и обнова на лантерните на семафорските столбови

30.09.2013г.

Екипите на ЈП Улици и  патишта – Скопје, одговорни за одржување на светлосната сигнализација на крстосниците во градот поставија нови семафори и ги заменија старите лантерни на семафорите со  нови.

На три пешачки премини монтирани се нови семафорски столбови и лантерни на семафорите и тоа на крстосница Партизански Одреди со ул.Манапо, булеварот Партизански Одреди кај старата општина Карпош и булеварот Партизански Одреди кај ТЦ Лептокарија.

Монтирани се нови лантерни на семафорите на ул.Бутелска со ул.Босна и Херцеговина и заменети се сијалиците на конзолните семафорски столбови на сите крстосници во градот.

 

aaaaaaaaaaa_stolb

Поставени заштитни столбчиња за безбедност

27.09.2013г.

Екипите на Улици и патишта одговорни за одржување на вертикалната сигнализација во градот, во изминатиот период поставија околу 150 заштитни столбчиња на градските улици.

Заштитните столбчиња се поставени на улиците Владимир Комаров, Димитрие Чуповски, Самоилова, Градски парк и кај АМСМ на булевар Метрополит Теодосиј Гологанов.

Заштитните столбчиња се метални и бетонски, а се поставуваа поради безбедност на минувачите.