Бела ризла на трим патеката во парк шума Гази Баба

07.04.2014година

Екипите на ЈП Улици и патишта изминативе  денови  поставија нова бела ризла на постоечката трим патека во паркот шума Гази Баба.

Паралелно со патеката е ископан и канал од земјан материјал со цел забрана за пристап на возилата до трим патеката. Патеката беше изградена минатата година со должина од 2040м и широчина од 2м, 2,5м и 3 метри во зависност од конфигурацијата на теренот, а на неа се поставени и осум спортски справи.

Трим патеката е наменета за планински велосипедизам, а  може да се користи и за нордиско пешачење, односно пешачење со штаки.

Во тек е изградбата на новата патека во парк шума Гази Баба, на која моментално екипите на ЈП Улици и патишта  ги извршуваат почетните работни активности, земјаните работи.

 sajt_trim