Број на Службен весник: /
Датум на објава на Службен весник: /
Број на одлука на Уставен суд (У.бр.): /
Испечати го документот

ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ

 

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15,226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20 и 279/20)

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Со овој закон се уредуваат градењето, основните барања на градбата, потребната проектна документација за добивање на одобрение за градење, правата и обврските на учесниците во изградбата, начинот на употреба и одржување на градбата, како и други прашања од значење за градењето.

 

Член 2

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Градење е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, вршење на подготвителни работи, изградба на нова градба, доградба и надградба на постојна градба, реконструкција и адаптација на постојната градба што опфаќа земјени работи, изведување на градежна конструкција, вршење на градежно-инсталатерски работи и градежно-завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата;

2. Градба е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а претставува физичка, техничко-технолошка и градежна целина заедно со изградените инсталации, односно опрема;

3. Времен објект е монтажно-демонтажен или типски објект кој се поставува на градежно неизградено земјиште, заради привремена употреба на просторот, до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект. Времен објект се поставува заради вршење на:

- сообраќајни дејности (привремени паркинзи и приодни патеки),

- продажба на храна,

- туристички, културни, спортско-рекрeативни и забавни дејности (платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки) и

- објекти кои се во функција на граничните премини;

4. Под урбана опрема, во смисла на овој закон, се смета опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, храна, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатскоконзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, опрема во функција на туристички, културни и спортски настани, опрема за спортско-рекреативни активности, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени шанкови, пливачки објекти, паркинзи во функција на објекти на органите на државна управа и на објекти на општините, рекламни и информативни паноа, детски игралишта, настрешници кои се поставуваат на јавна површина, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци;

5. Реконструкција е изведување на работи во рамките на постојниот габарит на објект со кои се влијае врз исполнувањето на основните барања за градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот според кој е изградена, со менување на фасада, промена на технолошкиот процес и на инсталацијата, санација и замена на конструктивни елементи и слично, односно изведување работи на инфаструктурни објекти со кои се влијае врз исполнувањето на основните барања на градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот според кој е изградена;

6. Адаптација е изведување на градежни и други работи на постоен објект со кои се врши промена на организацијата на просторот во објектот, се врши замена на уреди, постројки, опрема и инсталација од ист капацитет, а со кои не се влијае на стабилноста и сигурноста на објектот, не се менуваат конструктивните елементи, не се менува надворешниот изглед и не се влијае на безбедноста на соседните објекти, сообраќајот и заштитата од пожари и животната средина;

7. Надградба е изведување на работи на постоен објект со кои се влијае на основните елементи според кои е изграден објектот, а посебно на конструкцијата во висина, со изградба на нови етажи до максимално дозволената висина со урбанистичкиот план при што може да се влијае на конструктивниот систем во рамките на постојните габарити на основата;

8. Доградба е изведување на работи на постоен објект со изградба на нова површина надвор од габаритот на постојниот објект, до максимално дозволената површина предвидена со урбанистичкиот план, при што може да се влијае на конструктивниот систем на постојниот објект;

9. Употреба на градежен објект е вршење активности во изграден објект согласно со неговата намена утврдена со решението за локациски услови и основниот проект;

10. Одржување на градежен објект е изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговото употребување;

11. Градежен производ е производ кој е произведен за трајно вградување во градби за кои е добиена позитивна техничка оцена дека производот е соодветен за употреба за предвидена намена;

12. Постројка е збир на поврзана опрема која служи за остварување на технолошкиот или друг процес согласно со намената на градбата;

13. Опрема се поединечни уреди, процесни инсталации и други производи од кои се состои постројката или самостојно се вградени во градбата и служат за технолошкиот или друг процес, согласно со намената за градбата;

14. Претходни работи се работи кои во зависност од видот и карактерот на градбата, опфаќаат истражување и изработка на анализи и други стручни материјали, прибавување на податоци со кои се анализираат геолошките, геотехничките, геодетските, хидролошките, метеоролошките, урбанистичките, техничките, технолошките, економските, енергетските, сеизмичките, водостопанските и сообраќајните услови, условите за заштита од пожари и заштита на животната средина, како и други услови предвидени со закон;

15. Подготвителни работи се работи на изведување на привремени градби и други активности заради организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни и технолошки работи;

16. Линиски инфраструктурни градби се јавен пат, мостови, железничка инфраструктура, далновод, нафтовод, продуктовод, гасовод, топловод, водовод, канализација, телекомуникациски водови и други објекти кои можат да бидат надземни или подземни и чија изградба претставува јавен интерес утврден со закон;

17. Модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со бруто развиена површина до 1000м2, чија изградба е финансиранa со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија или друга меѓународна организација, а се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи или на местото на постојни објекти на јавни здравствени установи и истите можат да се поврзани или неповрзани со други објекти на јавни здравствени установи;

18. Градилиште е ограден простор на кој се изведуваат работи на градење, доградба, надградба, реконструкција, адаптација, одржување и отстранување на градба, како и привремено зафатениот простор потребен за примена на соодветни градежни технологии и

19. Отстранување е изведување на работи на уривање или на демонтирање на градба, објект или нивни делови, како и собирање и транспорт на градежниот материјал и отпад создаден со уривањето, односно со демонтирањето на градбата и со уредувањето на земјиштето.

 

Член 2-а

Во постапката при вршењето на инспекцискиот надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

 

Член 2-б

(1) Одредбите од овој закон не се однесуваат на изградбата на воени објекти и градби од значење на одбраната и безбедноста.

(2) Изградбата на објектите и градбите од ставот (1) на овој член се врши согласно со прописите од областа на одбраната и безбедноста.

 

Член 2-в е избришан.

 

II. ОСНОВНИ БАРАЊА ЗА ГРАДБАТА

 

Член 3

(1) Секоја градба, зависно од намената, треба да ги исполни основните барања за градбата предвидени со параметрите од урбанистичкиот план или државната, односно локалната урбанистичка планска документација или проектот за инфраструктура и други услови пропишани со овој закон и посебните закони.

(2) Основните барања за градбата се однесуваат на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, заштита од пожар, санитарна и здравствена заштита, заштита на работната и животната средина, заштита од бучава, сигурност во употребувањето, ефикасно користење на енергијата и топлинската заштита, непречен пристап и движење до и во градбата и техничките својства на градежните производи што се користат за изградба.

(3) Основните барања за градежните производи, нивните технички својства и другите технички барања мора да се во согласност со законот и со другите прописи со кои се уредува квалитетот на градежните производи.

  

1. Механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита

 

Член 4

Градбата треба да е проектирана и изведена на таков начин што во текот на градежните работи и во текот на употребата нема да дојде до нарушување на механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита, а особено до:

- уривање на целата или дел од градбата,

- оштетување на делови од градбата, темелната основа или опремата како резултат на големи деформации на носивата конструкција на градбата и

- несразмерно големи деформации и оштетувања во однос на причината од која настанале.

 

Член 4-а

(1) За утврдување на исполнетоста на условите од членот 4 од овој закон потребно е да се обезбеди позитивно мислење за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата, од страна на субјект кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија. Мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата се обезбедува само за градбите за кои согласно прописите за проектирање, основниот проект треба да содржи градежно конструктивен проект.

(2) Мислењето за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата се однесува на градежно-конструктивниот проект кој е составен дел на основниот проект и се приложува од страна на инвеститорот со барањето за добивање на одобрение за градење.

(3) Субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија е должен мислењето за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градби со бруто развиена површина до 5.000 м2 да му го издаде на инвеститорот во рок од 15 дена од приемот на барањето, односно во рок од 30 дена за градби со бруто развиена површина над 5.000 м2 и за линиски инфраструктурни објекти, во спротивно се смета дека мислењето е позитивно, а ако во иднина поради не постапувањето настанат штети, обврската за надомест на штета ќе биде на товар на субјектот кој врши научноистражувачка дејност.

(4) Мислењето за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата се обезбедува од страна на изведувачот во текот на изградбата и по изградба на целиот конструктивен систем на градбата.

(5) За градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 не е задолжително мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата.

(6) Висината на надоместокот за мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита се утврдува во ценовник кој го донесува субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија, по претходна согласност на Владата на Република Северна Македонија и истиот се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија“.

(7) Висината на надоместокот од ставот (6) на овој член се утврдува според нивото на сеизмичка заштита, вид и категоризацијата на градбата, сеизмичката зона во која се наоѓа градбата, материјалот од кој е изведен основниот конструктивен систем на градбата, сложеноста на конструктивниот систем на градбата, пресметковната површина, должината и висината на градбата.

(8) Доколку по завршувањето со изградбата и ставањето во употреба на градбата дојде до оштетување на градбата поради не исполнетост на условите за механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата, обврската за надомест на штета ќе биде на товар на субјектот кој врши научноистражувачка дејност.

(9) Субјектот од ставот (1) на овој член не може да врши изработка на проектна документација, ревизија на проектна документација, изведување на градби и надзор над изградбата.

(10) Формата и елементите кои треба да ги содржи мислењето за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

 

2. Заштита од пожар

 

Член 5

Градбата треба да е проектирана и изведена на таков начин што во случај на пожар може:

- да се сочува носечкиот систем на конструкцијата за одреден временски период,

- да се спречи ширењето на пожарот и чадот во градбата,

- да се спречи ширењето на пожарот на соседните градби,

- да овозможи лицата неповредени да ја напуштат градбата, односно да овозможи нивно спасување и да овозможи заштита на спасувачките тимови.

 

3. Хигиена, здравје и заштита на работната и животната средина

 

Член 6

(1) Градбата треба да биде проектирана и изведена така што да не ја загрозува хигиената и здравјето на луѓето, работната и животната средина, особено како резултат на:

- испуштање на опасни супстанции,

- присуство на опасни честици или гасови во воздухот,

- емисија на опасно зрачење,

- загадување или труење на водата и почвата,

- несоодветно отстранување на отпадни води, чад, цврст или течен отпад и

- присуство на влага на делови од градбата.

(2) Градежните производи и опремата при изградбата треба да се изведат, вградат, поврзат и одржуваат така што под дејство на хемиските, физичките и другите влијанија да не може да дојде до опасност, попречување, штета или недозволени оштетувања во текот на употребата на градбата.

 

4. Сигурност при употребување

 

Член 7

Градбата треба да биде проектирана и изведена на таков начин што при употребата и одржувањето да се избегнат можните повреди на лица кои можат да настанат од лизгање, паѓање, удирање, изгореница, струен удар и експлозија и од други случаи кои можат да ја загрозат безбедноста во градбата.

 

5. Заштита од бучава

 

Член 8

Проектирањето, изведувањето и употребата на градбите, вградените постројки и опремата треба да овозможи бучавата во и надвор од градбата да биде во границите пропишани со Законот за заштита од бучава во животната средина и правилниците што произлегуваат од него.

 

6. Ефикасно користење на енергија и топлинска заштита

 

Член 9

Градбата и нејзините уреди за греење, ладење и проветрување треба да бидат проектирани и изведени на таков начин што во зависност од климатските услови на локацијата ќе обезбедат потрошувачката на енергија во текот на нејзиното употребување да биде еднаква или пониска од пропишаното ниво, како и да ги исполнат барањата за енергетска ефикасност пропишани со прописите кои ја регулираат оваа материја.

 

7. Отстапување од основните барања за градбата

 

Член 10

Во случај на реконструкција или адаптација на градба запишана во Националниот регистар на културно наследство, со кои на лица со инвалидност им се овозможува непречен пристап, движење, престој и работа, може да се отстапи од некои основни барања за градбата заради овозможување на непречен пристап, движење, престој и работа, по добиено позитивно мислење од Министерството за труд и социјална политика и прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата.

 

8. Непречен пристап и движење до и во градбата

 

Член 11

(1) Градба со јавни и деловни намени, градби со намена домување во станбени згради како и градби со станбено-деловна намена, мора да биде проектирана и изградена така што на лицата со инвалидност ќе им се овозможи непречен пристап, движење, престој и работа до и во градбата.

(2) Градба со намена домување во станбени згради како и градба со станбено-деловна намена, со десет и повеќе станови, треба да биде проектирана и изградена така што да биде приспособена за пристап, движење, престој и работа на лица со инвалидност, во најмалку еден стан на секои десет стана, но не во повеќе од четири стана, а најмалку 3% од вкупниот број на местата за паркирање во паркинг просторот на овие градби треба да бидат наменети за лица со инвалидност и треба да бидат обележани со соодетна хоризонтална и вертикална сигнализација.

(3) При изградба на нови како и при реконструкција на постоечки јавни површинипешачки патеки во централно градско јадро и во паркови, јавната површина-пешачка патека треба да биде проектирана и изведена така што истата ќе има и патека за движење на лица со телесен хендикеп и лица со оштетен вид.

(4) Техничките карактеристики и димензиите на патеката за движење на лица со телесен хендикеп и лица со оштетен вид, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(5) Начинот на обезбедување на непречен пристап, движење (хоризонтално и вертикално), престој и работа на лица со инвалидност до и во градбите од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

 

9. Приклучок за гасоводна инфрастуктура


Член 11-а

Градба која се наоѓа во граница на плански опфат на генерален урбанистички план треба да биде проектирана и изведена така што ќе има приклучок за гасоводна инфраструктура.

 

10. Простор за велосипеди


Член 11-б

Градба со јавна намена треба да биде проектирана и изведена така што ќе има обезбедено паркинг простор за велосипеди во функција на објектот.

 

11. Физичка инфраструктура за обезбедување на електронски комуникациски мрежи за пренос со големи брзини


Член 11-в

Градба со деловна намена и градба со намена домување во станбени згради, мора да биде проектирана и изградена на начин што ќе содржи точка на концентрација лоцирана внатре или надвор од зградата, која ќе биде пристапна за оператори со цел на истите да им се овозможи пристап до физичката инфраструктура во зграда за големи брзини.

 

 

III. УЧЕСНИЦИ ВО ИЗГРАДБАТА

 

Член 12

(1) Учесници во изградбата се носителот на правото на градење и правни лица кои ги вршат работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата.

(2) Странско правно и физичко лице може да биде учесник во изградбата под услови утврдени со овој закон.

(3) Правата и обврските меѓу учесниците во изградбата се уредуваат со овој и друг закон.

 

1. Инвеститор

 

Член 13

(1) Носител на правото на градење е правно или физичко лице сопственик на земјиштето на кое се гради градбата, лице кое стекнало право на долготраен закуп на градежно земјиште, концесионер, носител на правото на службеност заради градба, лице на кое сопственикот на земјиштето или носителот на правото на долготраен закуп на градежно земјиште го пренел правото на градење со правнo дело, лице кое се стекнало со право на градење со решение на стечаен судија при продажба на правото на градење во стечајна постапка и лице кое се стекнало со право на градење согласно со закон (во натамошниот текст: инвеститор).

(2) Инвеститорот е должен проектирањето, ревизијата на проектите, изградбата и надзорот над изградбата на градби, да го даде на правни лица кои ги исполнуваат условите пропишани со овој закон.

 

Член 13-а

(1) Државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Северна Македонија или Собранието на Република Северна Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и општини, општини во градот Скопје и градот Скопје кои се стекнале со право на трајно користење на градежно земјиште заради изградба на објект согласно со Законот за градежно земјиште, можат да го пренесат правото на градење на физичко или правно лице по претходна согласност на Владата на Република Северна Македонија.

(2) Органите и субјектите од ставот (1) на овој член правото на градење може да го пренесат само на физичко или правно лице кои може да се стекнат со право на сопственост во Република Северна Македонија согласно со закон, избрани врз основа на јавен повик по пат на доставување понуди.

 

Член 13-б

(1) Јавниот повик за пренесување на правото на градење го спроведува Комисијата за спроведување на постапката за пренос на правото на градење (во натамошниот текст: Комисијата), формирана од органот, односно субјектот од членот 13-а став (1) од овој закон.

(2) Јавниот повик се објавува во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик, а излегуваат најмалку три месеци пред денот на објавувањето на повикот и еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик во општините, општините во градот Скопје и градот Скопје на чие подрачје треба за гради објектот предмет на јавниот повик, а излегува најмалку три месеци пред денот на објавувањето на повикот по претходна согласност на Владата на Република Северна Македонија, при што задолжително содржи:

- податоци за градежното земјиште на кое треба да се изгради објектот,

- урбанистичко-архитектонски услови за изградба на објектот,

- минимален процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата треба да биде предаден во сопственост на органот, односно субјектот од членот 13-а став (1) од овој закон кој го пренесува правото на градење,

- рок и начин за доставување на понудата,

- потребна документација која треба да се достави,

- датум, време и место на отворање на понудите,

- рок за добивање на одобрение за градење,

- рок за изградба на објектот,

- обврска за доставување и висина на банкарска гаранција за сериозност на понуда од страна на понудувачите и

- обврска за доставување и висина на банкарска гаранција за изградба на објектот од страна на најповолниот понудувач.

(3) Рокот за доставување на понуда не може да е пократок од 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

(4) Единствен критериум за избор на најповолен понудувач е висината на понудениот процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата ќе биде предаден во сопственост на органот, односно субјектот од членот 13-а став (1) од овој закон кој го пренесува правото на градење.

(5) Постапката за избор на најповолен понудувач се спроведува доколку е стигната најмалку една понуда.

(6) Понудите се отвораат јавно, во присуство на понудувачите или овластени претставници на понудувачите при што Комисијата составува записник за јавното отворање на понудите, кој се потпишува од членовите на Комисијата и понудувачите, односно овластените претставници на понудувачите кои се присутни на јавното отворање.

(7) Комисијата е должна најдоцна во рок од пет работни дена од денот на отворањето на понудите да изврши евалуација на истите и изготвува извештај за евалуација на понудите, кој се доставува до сите понудувачи.

(8) За најповолен понудувач се избира лицето кое ќе ги исполни условите од јавниот повик и ќе понуди најголем процент од бруто развиената површина на делот од објектот кој по изградбата ќе биде предаден во сопственост на органот, односно субјектот од членот 13-а став (1) од овој закон кој го пренесува правото на градење.

(9) Договорот за пренесување на правото на градење се склучува со најповолниот понудувач по претходна согласност на Владата на Република Северна Македонија.

(10) Понудувачите имаат право на приговор во рок од три дена од приемот на извештајот за евалуација до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.

(11) Против решението од ставот (10) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од осум дена од приемот на решението, која не го одлага склучувањето на договорот.

(12) Нотарските трошоците за солемнизација на договорот се обврска на најповолниот понудувач.

 

1.1. Управител на градба

 

Член 14

(1) При изградба на градби од членот 57 на овој закон инвеститорот може да определи управител на градба кој во негово име ги води сите организациони работи, ги следи сите фази на градење и врши финансиско и материјално следење на средствата во процесот на изградбата, се до добивање на одобрение за употреба.

(2) Управител на градба може да биде правно лице кое има лиценца за управител на градба.

(3) За добивање на лиценца за управител на градба, правното лице е потребно да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку две лица од кои едно лице со овластување А за надзорен инженер или овластување А за инженер за изведба и едно лице со овластување Б за надзорен инженер или овластување Б за инженер за изведба.

 

2. Проектирање

 

Член 15

(1) Проектант е физичко лице кое изработува проекти за изградба на градби од членот 57 на овој закон и поседува овластување А и/или овластување Б за проектирање. Проектантот е должен проектот да го изработи согласно со стандардите и нормативите за проектирање и истиот е одговорен за усогласеноста на проектите со условите за градење.

(2) Проектантот работите на проектирање ги врши во правно лице кое е регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија (во натамошниот текст Централниот регистар) за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за проектирање.

 

2.1. Лиценца за проектирање

 

Член 16

(1) Правното лице за проектирање на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон треба да има лиценца А за проектирање, а за градби од втора категорија лиценца Б за проектирање.

(2) За добивање на лиценца А за проектирање, правното лице е потребно да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за проектирање и еден со овластување Б за проектирање.

(3) Со барањето за добивање на лиценца Б за проектирање, правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за проектирање.

 

2.2. Овластувања за проектирање

 

Член 17

(1) За проектирање на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон Комората на овластени архитекти и инженери издава овластување А за изработка на проектна документација, а за градби од втора категорија овластување Б за изработка на проектна документација.

(2) Со барањето за добивање на овластување А за изработка на проектна документација, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 300 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку пет години во изработка на проектна документација од соодветната област и

- доказ за учество во изработка на најмалку три проектни документации од соодветната област за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е изработена проектната документација.

(3) Со барањето за добивање на овластување Б за изработка на проектна документација, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 240 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку две години во изработка на проектна документација од соодветната област и

- доказ за учество во изработка на најмалку три проектни документации од соодветната област за градби од втора категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е изработена проектната документација.

 

Член 18

(1) Ако во проектирањето учествуваат повеќе проектанти, правното лице за проектирање, назначува главен проектант кој е одговорен за целосната усогласеност на проектите.

(2) Главниот проектант во текот на проектирањето ја обезбедува и координира изработката на проектите и одговара за примената на прописите за проектирање.

(3) Главниот проектант истовремено може да биде и проектант на одреден вид на проект кој е составен дел на проектната документација.

 

Член 19

(1) Заради контрола на реализацијата на проектот во текот на изградбата, проектантот може да врши проектантски надзор по барање на инвеститорот.

(2) Надзорниот инженер може да побара да се извршат измени на одделни делови од проектот.

(3) Во случаите од ставот (2) на овој член, се спроведува постапка за измени во текот на изградбата согласно со членот 69 од овој закон.

 

3. Ревизија

 

Член 20

(1) Ревидент е физичко лице кое врши ревизија на проектите за градење на градби од членот 57 на овој закон, заради потврдување на усогласеноста на проектите со одредбите од овој закон, стандардите и нормативите за проектирање и техничките прописи за градење и има овластување А и/или овластување Б за вршење ревизија.

(2) Ревидентот ревизијата ја врши во правно лице кое е регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за ревизија на проектна документација.

(3) Ревидентот не може да врши ревизија на проектна документација за градба којашто во целина или во нејзини одделни делови е изработена од правното лице каде што тој е вработен.

 

Член 21

(1) Ревизија на основниот проект во зависност од карактеристиките на градбата, треба да се спроведе во поглед на исполнување на основните барања за градбата согласно со овој и друг закон.

(2) Ревизијата на основниот проект задолжително се врши во поглед на механичката отпорност, стабилност и сеизмичката заштита на градбите.

(3) Ревидентот за извршената ревизија на проектот е должен да состави извештај во писмена форма и да го завери ревидираниот проект.

(4) Ревизијата на основниот проект задолжително се врши на сите фази од основниот проект.

 

Член 22

Содржината и обемот на вршењето на ревизија, начинот на заверката на ревидираниот проект од страна на ревидентот ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

3.1. Лиценца за ревизија на проектна документација

 

Член 23

(1) Правното лице за вршење на ревизија на проекти за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон треба да има лиценца А за ревизија на проектна документација, а за градби од втора категорија лиценца Б за ревизија на проектна документација.

(2) За добивање на лиценца А за ревизија на проектна документација, правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои еден со овластување А за ревизија на проектна документација и еден со овластување Б за ревизија на проектна документација.

(3) Со барањето за добивање на лиценца Б за ревизија на проектна документација, правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку двајца инженери од кои еден со овластување Б за ревизија на проектна документација.

 

3.2. Овластувања за ревизија на проектна документација

 

Член 24

(1) За вршење на ревизија на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, Комората на овластени архитекти и инженери издава овластување А за ревизија на проектна документација, а за градби од втора категорија овластување Б за ревизија на проектна документација.

(2) Со барањето за добивање на овластување А за ревизија на проектна документација, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 300 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку пет години во вршењето на ревизија на проектна документација од соодветната област или работно искуство од најмалку пет години во водење на постапка за издавање на одобрение за градење за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон и

- доказ за учество во најмалку три ревизии на проектна документација од соодветната област за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е извршена ревизијата.

(3) Со барањето за добивање на овластување Б за ревизија на проектна документација, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 240 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку две години во вршењето на ревизија на проектна документација од соодветната област или работно искуство од најмалку пет години во водење на постапка за издавање на одобрение за градење за градби од втора категорија од членот 57 на овој закон и

- доказ за учество во најмалку три ревизии на проектна документација од соодветната област за градби од втора категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е извршена ревизијата.

 

4. Изведување

 

Член 25

(1) Изведувач е правно лице кое ја изведува, односно гради градбата или дел од градбата, врз основа на договор за градење склучен со инвеститорот.

(2) За извршување на работите од ставот (1) на овој член правното лице треба да е регистрирано во Централниот регистар за изведување на градежни и/или градежнозанаетчиски работи и да поседува лиценца за изведувач.

 

4.1. Лиценца за изведувач

 

Член 26

(1) За изведување на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон правното лице треба да има лиценца А за изведувач, а за изведување на градби од втора категорија правното лице треба да има лиценца Б за изведувач.

(2) Со барањето за добивање на лиценца А за изведувач на овој закон, правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку 20 лица од кои три лица со овластување А за инженер за изведба и едно лице со овластување Б за инженер за изведба.

(3) Со барањето за добивање на лиценца Б за изведувач, правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку пет лица од кои две лица со овластување Б за инженер за изведба.

 

Член 27

Изведувачот може изведувањето на одредени градежни работи да го довери на друго правно лице (подизведувач), кое ги исполнува условите за изведување на тие работи пропишани со овој закон, за што склучува договор.

 

Член 28

Изведување на градежни и други работи на градба која е запишана во Националниот регистар на културно наследство може да врши лице кое, покрај условите утврдени со овој закон, ги исполнува и условите утврдени со прописите од областа за заштита на културното наследство.

 

Член 29

(1) Изведувачот е должен:

- да изведува градежни работи во согласност со добиената лиценца,

- да изведува градежни работи согласно со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект, а доколку е издадено одобрение за градење врз основа на идеен проект согласно со Законот за технолошки индустриски развојни зони и Законот за индустриски-зелени зони да изведува градежни работи согласно одобрението за градење и идејниот проект,

- да води градежен дневник и градежна книга при изведувањето на градежните работи,

- да обезбеди докази за пропишан квалитет за вградените градежни производи,

- да спроведува мерки за заштита и сигурност на градилиштето во согласност со закон,

- да обезбеди докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал (договор за купопродажба, фактура, сметкопотврда и слично) и

- да обезбеди мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата.

(2) Формата, содржината и начинот на водење на градежен дневник и градежната книга, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 30

(1) Изведувачот определува инженер за изведба кој раководи со изградбата на градбата и е одговорен за исполнување на обврските утврдени со членот 29 од овој закон.

(2) При изградбата на градбата изведувачот може да определи повеќе инженери за изведба, при што одредува главен инженер за изведба кој ќе биде одговорен за исполнување на обврските утврдени со членот 29 од овој закон, како и за меѓусебното усогласување на работите.

(3) Инженерот за изведба е физичко лице со соодветна техничка струка кое има овластување за инженер за изведба согласно со овој закон.

 

4.2. Овластувања за инженер за изведба

 

Член 31

(1) За раководење со изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, Комората на овластени архитекти и инженери издава овластување А за инженер за изведба, а за градби од втора категорија овластување Б за инженер за изведба.

(2) Со барањето за добивање на овластување А за инженер за изведба, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 300 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку пет години во изградба на градби од членот 57 на овој закон и

- доказ за учество во изградба на најмалку три градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице кое ги изведувало градбите.

(3) Со барањето за добивање на овластување Б за инженер за изведба, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено вишо или високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено вишо или високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 180 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку две години во изградба на градби од членот 57 на овој закон, за лица со високо образование, односно најмалку пет години за лица со вишо образование и

- доказ за учество во изградба на најмалку три градби од втора категорија од членот 57 на овој закон потврден од правното лице кое ги изведувало градбите.

 

Член 32 е избришан.

 

5. Надзор на изградба

 

Член 33

(1) Надзорен инженер е физичко лице кое врши надзор над изградбата на градбата и има овластување А и/или овластување Б за надзорен инженер.

(2) Надзорниот инженер од ставот (1) на овој член ги врши работите на надзор во правното лице регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за надзор.

(3) Надзорен инженер не може да биде лице вработено во правното лице изведувач на градбата на која се врши надзор, во спротивно ова претставува основ на трајно одземање на овластувањето за надзорен инженер.

 

5.1. Лиценца за надзор

 

Член 34

(1) Правното лице за вршење на надзор на изградба на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон треба да има лиценца А за надзор, а за градби од втора категорија треба да има лиценца Б за надзор.

(2) Со барањето за добивање на лиценца А за надзор правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку четворица инженери од кои двајца со овластување А за вршење на надзор.

(3) Со барањето за добивање на лиценца Б за надзор правното лице потребно е да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветната дејност и

- доказ дека има вработено најмалку тројца инженери од кои двајца со овластување Б за вршење на надзор.

 

5.2. Овластувања за надзорен инженер

 

Член 35

(1) За вршење на надзор на градби од прва категорија Комората на овластени архитекти и инженери издава овластување А за надзорен инженер, а за градби од втора категорија овластување Б за надзорен инженер

(2) Со барањето за добивање на овластување А за надзорен инженер, физичкото лице потребно е да достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 300 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку пет години во вршењето на надзор над изведување на градби од членот 57 на овој закон или во изградбата на градби од членот 57 на овој закон и

- доказ за учество во вршење на надзор од соодветната област на најмалку три градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е вршен надзор или доказ за учество во изградба на најмалку три градби од прва и втора категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице кое ги изведувало градбите.

(3) Со барањето за добивање на овластување Б за надзорен инженер, физичкото лице потребно е да се достави:

- доказ за завршено високо образование од соодветната техничка струка (диплома или уверение за завршено високо образование, при што доколку барателот се стекнал со високо образование според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) треба да има стекнато 240 кредити),

- доказ за работно искуство од најмалку три години во вршење надзор над изведување на градби од членот 57 на овој закон или во изградба на градби од членот 57 на овој закон и

- доказ за учество во вршење на надзор од соодветната област на најмалку три градби од втора категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице во кое е вршен надзор или доказ за учество во изградба на најмалку три градби од трета, четврта и петта категорија од членот 57 на овој закон, потврден од правното лице кое ги изведувало градбите.

 

Член 36

(1) Надзорниот инженер е должен:

- да врши проверка над изградбата дали истата е во согласност со основниот проект и одобрението за градење, а доколку е издадено одобрение за градење врз основа на идеен проект согласно со Законот за технолошки индустриски развојни зони и Законот за индустриски-зелени зони да врши проверка над изградбата дали истата е во согласност со идејниот проект и одобрението за градење,

- да утврди дали е извршено обележување на проектираната градба на терен согласно со членот 82 од овој закон,

- да врши проверка на градбата во секоја фаза на градењето (при обележувањето и нанесувањето на основата на градбата од проектот на самото земјиште предвидено за градење, при извршениот ископ за градење на темели, при секое изградено ниво, односно кат од градбата, при градењето на кровната конструкција, завршните фасадерски и сите занаетчиски работи),

- да утврди дали учесниците во изградбата ги поседуваат соодветните лиценци и овластувања,

- да врши проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата,

- да утврди дали изведувачот обезбедил докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, а доколку констатира дека истите не се обезбедени, за тоа да го извести надлежниот орган од членот 58 од овој закон кој го издал одобрението за градење, како и Државниот инспекторат за техничка инспекција,

- да утврди дали изведувачот обезбедил мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата,

- да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во текот на изградбата и истите да ги забележи во градежниот дневник и

- да изготви завршен извештај за извршениот надзор.

(2) При секоја фаза во текот на градењето на градбата, изведувачот и инвеститорот се должни да му овозможат на надзорниот инженер да изврши проверка, во спротивно надзорниот инженер е должен да го извести надлежниот градежен инспектор да изврши увид на лице место и заедно да ја утврдат состојбата на градење.

(3) За секоја фаза во текот на градење на градбата надзорниот инженер составува писмен извештај за извршената проверка со оцена за усогласеноста на градбата со проектот и условите за градење.

(4) При изградбата на градбата правното лице кое врши надзор може да определи повеќе надзорни инженери, при што одредува главен надзорен инженер кој ќе биде одговорен за меѓусебната усогласеност на надзорот над изградбата и за изготвување и доставување на завршниот извештај за извршениот надзор.

 

Член 36-а

Лицето кое врши надзор над изградбата на објекти со намена за стоваришта и магацини, за извршениот надзор не смее да утврди цена повисока од 0,5% од вредноста на објектот.

 

Член 37 е избришан.

 

6. Издавање и одземање на лиценци и овластувања

 

Член 38

(1) Лиценците пропишани со овој закон се издаваат по поднесено барање за период од седум години и истите не можат да се пренесуваат на друго лице. Лиценците ги дава, одзема и води регистар за издадени и одземени лиценци органот надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(2) За добивање на лиценците правните лица плаќаат соодветен надоместок. Висината на надоместокот во зависност од видот на лиценцата ја утврдува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, при што истата не може да биде пониска од 200 евра во денарска противвредност ниту повисока од 3.000 евра во денарска противвредност. Средствата остварени од надоместокот се приход на Буџетот на Република Северна Македонија.

(3) Лиценцата по истекот на рокот за кој е издадена може да се обнови доколку правното лице ги исполнува условите пропишани со овој закон. За обновување на лиценцата не се плаќа надоместокoт од ставот (2) на овој член.

(4) Лиценца издадена согласно со одредбите од овој закон се одзема доколку се утврди дека правното лице - носител на лиценца престанало да исполнува некој од условите за издавање на лиценца, или правното лице не ја исполнило обврската за осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Северна Македонија согласно со членот 41-а од овој закон, или правното лице престанало да постои.

(5) Лиценца за изведувач се одзема доколку правното лице - изведувач изведува градби спротивно на одобрението за градење или без одобрение за градење, лиценца за надзор се одзема доколку правното лице за вршење на надзор на изградба на градби изготви или завери писмен извештај за одделна фаза за градењето со констатации кои не се во согласност со изведените работи, изготви или завери завршен извештај за извршен надзор со констатации кои не се во согласност со изведените работи, изготви или завери извештај за извршен технички преглед спротивно на одредбите од членот 90 ставови (3) и (4) од овој закон, лиценца за проектирање се одзема доколку правното лице за проектирање на градби изработи односно завери проектна документација спротивно на законските прописи, а лиценца за ревизија на проектна документација се одзема доколку правното лице за ревизија на проектна документација изготви, односно завери извештај за ревизија на проектната документација спротивно на законските прописи.

(6) Во случаите од ставот (4) на овој член лиценцата се одзема по службена должност, а во случаите од ставот (5) на овој член лиценцата се одзема врз основа на предлог на градежен или овластен градежен инспектор со записник за констатирана неправилност, a за градбите од втора категорија од членот 57 од овој закон и врз основа на предлог на органот надлежен за издавање на одобрение за градење од членот 58 од овој закон, за овој вид на градби, со записник за констатирана неправилност. Лиценцата се одзема со решение на органот на државната управа надлежен за работите од областа за уредувањето на просторот од денот кога решението за одземање на лиценца станало правосилно. Против решението не може да се поднесе жалба, а е дозволена тужба пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

(7) Правосилното решение за одземање на лиценца се евидентира во Регистарот за издадени и одземени лиценци. Органот надлежен за работите од областа за уредувањето на просторот правосилното решение за одземање на лиценца го доставува до Централниот регистар на Република Северна Македонија заради евидентирање на забраната од ставот (8) на овој член.

(8) Правно лице носител на лиценца А која е одземена поради неправилностите наведени во став (4) на овој член не може да добие лиценца А за вршење на истите работи за кои се однесува одземената лиценца во рок од една година од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценцата, правно лице носител на лиценца Б која е одземена поради неправилностите наведени во став (4) на овој член не може да добие лиценца А и лиценца Б за вршење на истите работи за кои се однесува одземената лиценца, во рок од една година од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценцата, а правно лице чија лиценца е одземена поради неправилностите наведени во став (5) на овој член не може да добие лиценца А и лиценца Б за вршење на истите работи за кои се однесува одземената лиценца, во рок од пет години од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценцата. Одговорното лице во правното лице на кое му е одземена лиценцата поради неправилности наведени во став (4) на овој член, не може да основа друго правно лице за вршење на истата дејност која ја вршело правното лице на кое му е одземена лиценцата согласно со овој закон, во рок од една година од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценцата, а одговорното лице во правното лице на кое му е одземена лиценцата поради неправилности наведени во став (5) на овој член, не може да основа друго правно лице за вршење на истата дејност која ја вршело правното лице на кое му е одземена лиценцата согласно со овој закон, во рок од пет години од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценцата.Правното лице чија лиценца е одземена е должно да ја врати истата на органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа за уредување на просторот, во рок од осум дена од правосилноста на решението на одземање на лиценца.

(9) Начинот и постапката за издавање, обновување, одземање на лиценците, формата и содржината на образецот на лиценците како и формата, содржината и начинот на водењето на регистарот, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(10) Врз основа на добиена лиценца за вршење на работи на изведување, проектирање, ревизија, надзор и одржување на градби од членот 57 на овој закон, правното лице може да ги врши овие работи и за градби од пониска категорија од категоријата на која припаѓаат градбите за кои е издадена лиценцата.

(11) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 39

(1) Овластувањата пропишани со овој закон се издаваат по поднесено барање, за период од пет години и истите не можат да се пренесуваат на друго лице. Овластувањата ги дава, одзема и води регистар за издадени и одземени овластувања Комората на овластени архитекти и инженери.

(2) За добивање на овластувањата се плаќа надоместок согласно со ценовникот за јавни услуги од членот 109 став (1) точка 7 на овој закон. Средствата остварени од надоместокот за добивање на овластувањата на овој член се приход на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

(3) Овластувањето по истекот на рокот за кој е издадено може да се обнови на барање на физичкото лице. За обновување на овластувањето не се плаќа надоместокот од ставот (2) на овој член.

(4) Овластување издадено согласно со одредбите од овој закон се одзема доколку надлежниот орган на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, утврди дека физичкото лице не се придржува на ценовникот од членот 109  точка 7 од овој закон, не платило годишна членарина или не се придржува на Кодексот на професионална етика на овластени архитекти и овластени инженери.

(5) Овластување за инженер за изведба се одзема доколку инженерот за изведба изведува градби спротивно на одобрението за градење или без одобрение за градење, овластување за надзорен инженер се одзема доколку надзорниот инженер изготви писмен извештај за одделна фаза за градењето со констатации кои не се во согласност со изведените работи, изготви завршен извештај за извршен надзор со констатации кои не се во согласност со изведените работи, изготви извештај за извршен технички преглед спротивно на одредбите од членот 90 ставови (3) и (4) од овој закон, овластување за изработка на проектна документација се одзема доколку проектантот изработи проектна документација спротивно на законските прописи, а овластување за ревизија на проектна документација се одзема доколку ревидентот изготви извештај за ревизија на проектната документација спротивно на законските прописи.

(6) Во случаите од ставот (4) на овој член овластувањето се одзема по службена должност, а во случаите од ставот (5) на овој член овластувањето се одзема врз основа на предлог на градежен или овластен градежен инспектор со записник за констатирана неправилност или врз основа на предлог на органот надлежен за издавање на одобрение за градење од членот 58 од овој закон со записник за констатирана неправилност или по службена должност. Овластувањето се одзема со решение на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од денот кога решението за одземање на лиценца станало правосилно. Против решението не може да се поднесе жалба, а е дозволена тужба пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

(7) Правосилното решение за одземање на овластување се евидентира во Именикот на овластени архитекти и овластени инженери.

(8) Физичко лице чие овластување е одземено поради неправилностите наведени во ставот (4) на овој член, не може да добие овластување А и овластување Б за вршење на истите работи за кои се однесува одземеното овластување, во рок од една година од денот на правосилноста на решението за одземање на овластувањето, а физичко лице чие овластување е одземено поради неправилностите наведени во ставот (5) на овој член, не може да добие овластување А и овластување Б за вршење на истите работи за кои се однесува одземеното овластување, во рок од седум години од денот на правосилноста на решението за одземање на овластувањето. Физичкото лице чие овластување е одземено е должно да го врати истото на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во рок од осум дена од правосилноста на решението на одземање на овластувањето.

(9) Начинот и постапката за издавање, обновување, одземање на овластувањата, формата и содржината на образецот на овластувањата, како и формата, содржината и начинот на водењето на регистарот ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(10) Врз основа на добиено овластување А за вршење на работите на изведување, проектирање, ревизија, надзор на градби од членот 57 на овој закон, физичкото лице може да ги врши овие работи и за градби за кои согласно со овој закон е предвидено овластување Б.

(11) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 39-а

(1) По барањето од членовите 38 став (1) и 39 став (1) на овој закон надлежниот орган е должен во рок од 30 дена да издаде лиценца, односно овластување или да донесе решение за одбивање на барањето за издавање на лиценца, односно овластување.

(2) Против решението за одбивање на барањето за издавање на лиценца, односно овластување може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Член 39-б е избришан.

 

Член 40

За вршење на работите на внатрешно уредување на градбата како што е поставување на осветлување, молеро-фарбарски работи, поставување на паркет, плочки, поставување на врати и прозорци, водоинсталатерски работи, уредување на теренот, како и други занаетчиски работи, вршителот на овие работи треба да биде регистриран во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и не треба да има лиценца или овластување согласно со овој закон.

 

Член 41

Учесниците во изградбата на градби од членот 57 на овој закон можат да предвидат давање на банкарска гаранција чија висина ќе ја определат со меѓусебен договор, со која ќе гарантираат навремено и квалитетно извршување на работите, надоместување на евентуално причинета штета при вршењето на работите, како и навремена исплата за извршените работи.

 

Член 41-а

(1) Учесниците во изградбата на градби од членот 57 на овој закон (инвеститор, правни лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата), одговараат за штетата предизвикана на трети лица при извршување на нивната работа и договорните обврски.

(2) Правните лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата се должни да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Северна Македонија, која би можела со нивната работа да им се предизвика на инвеститорите или на трети лица.

(3) Годишната осигурена сума за вкупниот број на градби за учесниците во изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност, а за градбите од втора категорија не може да биде пониска од 5.000 евра во денарска противвредност.

 

7. Странски физички и правни лица

 

Член 42

(1) Странско правно лице може во Република Северна Македонија да ги врши работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, пропишани со овој закон, ако добие потврда за вршење на наведените работи од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа за уредување на просторот. 

(2) За добивање на потврда, странското правното лице од држава која е членка на Европската Унија и од држава која не е членка на Европската Унија, треба да поднесе барање во кое ќе ја наведе дејноста и видот на градбата и да ја поднесе следнава документација:

- доказ со кој се потврдува дека лицето е регистрирано за вршење на соодветната дејност во државата во која има седиште,

- доказ дека има дозвола, односно лиценца за вршење на соодветните работи за видот на градбата, за кои бара потврда или доказ од надлежен орган дека во државата во која има седиште согласно со нејзините прописи за вршење на соодветните работи не се издава дозвола, односно лиценца и

- овластување за еден од вработените соодветно на работите за кои се бара потврдата, потврдено од Комората на овластени архитекти и овластени инженери и доказ дека е вработен кај барателот на потврдата.

(3) Странското правно лице од држава која не е членка на Европската Унија покрај доказите од ставот (2) на овој член треба да достави и потврда/и за успешно изведени работи соодветни на работите и видот на градбата за кои се бара потврда. 

(4) Документите, односно доказите од ставовите (2) и (3) на овој член треба да се достават во оригинал или копија од оригиналот заверена на нотар и преведени од овластен судски преведувач на македонски јазик.

(5) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот ако утврди дека доставената документација е комплетна е должен во рок од 15 работни дена да издаде потврда кои работи странското правно лице согласно со овој закон може да ги врши во Република Северна Македонија, a доколку не е комплетна доставената документација да му достави известување во рок од 30 дена истата да ја комплетира. Доколку и по рокот од 30 дена наведен во известувањето, странското правно лице не ја комплетира документацијата, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот нема да издаде потврда.

(6) Потврдата од ставот (5) на овој член се издава со рок на важност од две години, а во случаите кога во лиценцата, односно дозволата издадена од државата во која странското правно лице има седиште е утврден рок на важност кој е пократок од две години, рокот на важност на потврдата не го надминува рокот на важност во лиценцата, односно дозволата.

(7) Странско физичко лице кое има овластување од друга држава, може во Република Северна Македонија да врши работи на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, пропишани со овој закон, доколку овластувањето е потврдено од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. При потврдување на овластувањето се утврдува дали овластувањето на странско физичко лице соодветствува на овластувањата пропишани со овој закон. Доколку се утврди дека овластувањето соодветствува, Комората на овластени архитекти и овластени инженери издава потврда за веродостојноста на истото и за видот на овластување кое странското физичко лице го стекнува во Република Северна Македонија. За добивање на потврдата за странско физичко лице, се плаќа надоместок согласно со ценовникот за јавни услуги од членот 109 став (1) точка 7 од овој закон.

(8) Странско физичко лице може да ги врши работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, пропишани со овој закон, во правно лице регистрирано во Централниот регистар за вршење на тие работи.

(9) По исклучок од ставот (8) на овој член домашно и странско физичко лице може да ги врши работите на проектирање, ревизија и надзор над изградба на градби во Република Северна Македонија и самостојно, доколку е избрано во постапка на јавна набавка за вршење на овие работи во проект финансиран од меѓународна организација и/или од Европската Унија.

(10) По исклучок, странско правно и физичко лице можат да ги вршат работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, пропишани со овој закон, доколку е склучен меѓудржавен договор за реципроцитет согласно со условите утврдени со договорот.

 

 

IV. ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

Член 43

(1) Проектна документација претставува севкупност на меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.

(2) Според нивото на изработка проектот може да биде:

1) проект за подготвителни работи;

2) основен проект;

3) идеен проект;

4) проект на изведена состојба и

5) проект за употреба и одржување на градбата.

(3) Според намената проектот може да биде:

1) архитектонски;

2) градежен (статика со сеизмика);

3) електротехнички;

4) сообраќаен;

5) термотехнички и

6) други проекти и елаборати во зависност од намената на градбата.

(4) Проектите од ставовите (2) и (3) на овој член се изработувааат согласно стандардите и нормативите за проектирање и други технички прописи, со кои се утврдуваат основните параметри при проектирањето и архитектонското обликување на градбите.

(5) Стандардите и нормативите за проектирање од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 44

Проектната документација, односно одделните проекти задолжително имаат општ дел кој содржи:

1) име и потпис на проектантот, назив на градбата со точна локација, име, односно назив на инвеститорот, ознака и технички број на проектната документација за градбата по одделни фази и датум на изработка;

2) доказ за регистрација на правното лице каде што е заверена проектната документација со приоритетна дејност или главна приходна шифра и заверка со печат;

3) доказ за лиценца за проектирање за правно лице и за овластување за проектант;

4) проектна програма потпишана од инвеститорот, со која се утврдуваат архитектонските, техничко-технолошките и други услови за изработка на проектна документација и

5) образложение на проектот, предмер и проектантска пресметка на градежни работи.

 

Член 45 е избришан.

 

Член 45-а

(1) Проект за инфраструктура се изработува за линиски инфраструктурни објекти, за функционални делови од инфраструктурни објекти како и за инфраструктурни објекти составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура. Проектот содржи техничко решение за инфраструктурата со сите нејзини елементи во текстуален дел и графички прилози и ја прикажува трасата на инфраструктурата и други податоци за градбата.

(2) Проектот за инфраструктура содржи и студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрени од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животната средина е предвидено изработка на студија, односно елаборат за таков вид на инфраструктура.

 

1. Проект за подготвителни работи

 

Член 46

Проектот за подготвителни работи во зависност од сложеноста и техничката структура на градбата е составен од:

- текстуален дел кој содржи опис на локацијата и начинот на снабдувањето на градилиштето со електрична енергија и вода, начинот на одведувањето на отпадните и загадени води од локалитетот на градилиштето, начинот на приклучувањето на градилиштето на постојните сообраќајници и начинот на третман на градежниот отпад (градежен шут) произведен на самото градилиште и

- графички прилог кој содржи шема на организација на градилиштето и начин на приклучување на градилиштето на постојните сообраќајници.

 

2. Основен проект

 

Член 47

(1) Основниот проект е збир на меѓусебно усогласени проекти со кои се дава техничко решение на градбата, се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и исполнувањето на основните барања за градбата и истиот се изработува врз основа на извод од детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или државна, односно локална урбанистичка планска документација, а за линиските инфраструктурни градби врз основа на проект за инфраструктура изработен согласно со закон.

(2) Во случаите од членот 48-а став (3) од овој закон основниот проект се изработува врз основа на одобрениот идеен проект.

(3) Основниот проект содржи соодветни проекти од членот 43 став (3) на овој закон.

(4) Основниот проект содржи студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрени од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животната средина е предвидено изработка на студија, односно елаборат за таков вид на градба.

(5) Основниот проект за линиски инфраструктурни градби за кои е изработен проект за инфраструктура, не содржи студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, односно елаборат за заштита на животната средина одобрени од надлежен орган.

(6) Основниот проект освен за градби за индивидуално домување и јавни објекти со капацитет за истовремен престој до 25 лица содржи и елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

(7) Во случаите кога основниoт проект за линиски инфраструктурни градби е изработен пред одобрување на проектот за инфраструктура, усогласеноста на истиот со проектот за инфраструктура се потврдува во извештајот за ревизија на основниот проект, од страна на правното лице кое врши ревизија на основниот проект.

(8) Основниот проект за градби кои се наоѓаат во или покрај површински води, градби кои поминуваат преку или под површински води, градби кои што се сместени во близина на површински води или крајбрежни земјишта, а кои можат да влијаат врз режимот на водите како и за водостопански објекти утврдени со Законот за води, содржи и водостопанска согласност.

(9) Основниот проект за градби за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите содржи и потврда од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола, со која се потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност.

 

Член 48

(1) Основниот проект за реконструкција содржи проект на постојна состојба и проект за реконструкција.

(2) Проектот на постојна состојба содржи снимка на постојната состојба и проверка на исполнување на основните барања за градбата.

(3) Проектот за реконструкција во зависност од видот на реконструкцијата и намената на градбата содржи потребни одделни проекти од членот 43 став (3) на овој закон.

(4) Основниот проект за реконструкција на градби кои се наоѓаат во или покрај површински води, градби кои поминуваат преку или под површински води, градби кои што се сместени во близина на површински води или крајбрежни земјишта, а кои можат да влијаат врз режимот на водите како и за реконструкција на водостопански објекти утврдени со Законот за води, содржи и водостопанска согласност.

(5) Основниот проект за реконструкција на градби, за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, освен за градбите за индивидуално домување, при значителна реконструкција, содржи и потврда од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола, со која се потврдува дека минималните барања за енергетска ефикасност кои се содржани во основниот проект се во согласност со минималните барања за енергетска ефикасност.

(6) Значителна реконструкција во смисла на став (5) на овој член е реконструкција чија вкупна вредност е поголема од 25% од вредноста на градбата, не сметајќи ја вредноста на земјиштето на кое е изградена градбата и трошоците за уредување на градежно земјиште или пак реконструкција со која повеќе од 25% од плоштината на обвивката на градбата е предмет на реконструкција.

 

3. Идеен проект

 

Член 48-а

(1) Идеен проект е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат основните облици, функционалните и техничките решенија на градбата и се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и истиот се изработува врз основа на изводот од урбанистичкиот план, планската документација, односно проектот за инфраструктура.

(2) Идејниот проект во зависност од сложеноста и техничката структура на градбата, може да содржи и други нацрти и документи од значење за изработката на идејниот проект (опис на технолошката постапка и технолошка шема, опис на примена на одредена технологија на градење и слично).

(3) Инвеститорот пред поднесување на барањето за издавање на одобрение за градење може до надлежниот орган од членот 58 од овој закон да достави и идеен проект за градбата, со барање за одобрување на истиот, a во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, инвеститорот е должен да достави идеен проект за градбата, со барање за одобрување на истиот.

(4) Кон барањето од ставот (3) на овој член се доставува идеен проект со извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација, односно проект за инфраструктура заверен од надлежен орган, доколку се работи за линиски инфраструктурни градби, а за надградбите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон се доставува само идеен проект.

(5) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од десет работни дена од приемот на барањето од ставот (3) на овој член, да утврди дали проектот е изработен согласно со прописите за проектирање, дали проектот е изработен согласно со изводот од урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација, односно проектот за инфраструктура, а во случаите од членот 59-ѕ ставот (1) на овој закон дали со проектот се нарушуваат стандардите и нормативите за објектите со намена домување во станбени куќи (А1) по однос на дозволената височина (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои се утврдени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, по што го одобрува проектот со ставање заверка и печат на истиот или доставува известување до барателот за констатираните недостатоци.

 

Член 48-б е избришан.

 

Член 49 е избришан.

 

Член 50 е избришан.

 

4. Проект на изведена состојба

 

Член 51

(1) Проект на изведена состојба е проект со којшто се прикажува фактичката состојба на изградената градба согласно со членот 69 од овој закон.

(2) Проектот на изведена состојба го изготвува правно лице со лиценца за проектирање.

(3) Во случај кога градбата е изградена во согласност со основниот проект, без измени, основниот проект истовремено претставува и проект на изведената состојба.

(4) Доколку при изградба на линиски инфраструктурни градби чија изградба е  финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација извршени се измени во текот на изградбата без спроведување на постапката од членот 69 на овој закон, се изработува проект на изведена состојба, кој го заверува надзорен инженер кој вршел надзор над изградбата на градбата.

 

5. Проект за употреба и одржување

 

Член 52

(1) Со проектот за употреба и одржување се утврдуваат оптимално техничкотехнолошки и функционални услови со кои се обезбедува проектираната трајност на одделни делови, односно на градбата во целина и особено содржи вид, начин, намена и рокови на периодична проверка во утврдени временски интервали, на состојбата на конструктивниот систем, опремата, уредите и инсталациите, периодично следење во утврдени интервали со анализа на влијанијата на технолошкиот процес, на климатски влијанија, како и други влијанија врз носивоста и стабилноста на одделни елементи, односно конструкцијата во целина, роковите за тековен, односно генерален ремонт на постројки, уреди, опрема и инсталации, како и роковите за задолжителна замена на одделни елементи, уреди, опрема, инсталации и други делови на градбата.

(2) Со проектот за употреба и одржување за линиски инфраструктурни објекти може да се предвиди и да се изврши замена на постројки, уреди, опрема, инсталации и други делови од објектот заради зачувување на основните барања на истиот.

(3) Проектот за употреба и одржување се изработува за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, како и за линиски инфраструктурни објекти.

(4) Проектот за употреба и одржување на линиски инфраструктурни објекти со позитивен извештај за ревизија на проектот, се доставува до надлежниот орган од членот 58 од овој закон, кој е должен во рок од седум работни дена го одобри проектот со ставање заверка и печат на истиот или да достави известување за констатирани недостатоци.

 

6. Изработување и чување на проектна документација

 

Член 53

(1) Проектната документација се изработува во електронска форма во соодветен формат на начин утврден со прописот од членот 54 од овој закон.

(2) Проектната документација заедно со одобрението за градење е документација од трајна вредност и надлежните органи се должни да ја чуваат согласно со закон.

(3) По исклучок од ставот (1) на овој член, проектната документација за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица, кои ги градат закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура), за градбите во слободните здравствени зони, како и за градбите во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Северна Македонија кои ги градат сопствениците на земјиштето во индустриските и зелените зони, се изработува и заверува во писмена форма, на начин утврден со прописот од членот 54 од овој закон.

 

Член 54

Содржината, означувањето, начинот на заверката на проектите од страна на одговорните лица, како и начинот на користење на електронските записи, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

7. Утврдување на усогласеност на проектна документација (нострификација)

 

Член 55

(1) Проектите изработени според странски прописи се усогласуваат со прописите за градење на Република Северна Македонија со утврдување на усогласеност на проектите – нострификација.

(2) Проектите од ставот (1) на овој член пред да се нострифицираат инвеститорот ги приложува преведени на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, како и на друг службен јазик различен од македонскиот јазик, согласно со закон. Со преводот се приложува и изворниот текст на странскиот јазик.

(3) Нострификацијата на проектите ја спроведува Комората на овластени архитекти и инженери преку комисија составена од најмалку три члена, која ја формира претседателот на Комората на овластени архитекти и инженери. Член на комисијата може да биде лице кое има овластување пропишано со овој закон.

(4) Нострификацијата која ја прави Комората треба да биде завршена во рок не подолг од 60 дена.

(5) Комисијата од ставот (3) на овој член составува писмен извештај, го заверува проектот и дава согласност за нострификација со која се потврдува дека проектната документација ги исполнува условите предвидени со прописите за градење на Република Северна Македонија.

(6) Постапката за нострификација, содржината на писмениот извештај, согласноста за нострификација, начинот на заверување на проектите од страна на комисијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

 

V. ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

 

Член 56

(1) Изведувањето на градби од членот 57 на овој закон може да започне со издавањето на одобрение за градење кое е правосилно во управната постапка.

(2) Градбите и деловите од градби изградени без одобрение за градење се бесправни градби. Деловите од градбата изградени спротивно на заверениот проект и одобрението за градење се основ за ништовност на одобрението за градење.

(3) Во случаите од ставот (2) на овој член надлежниот орган што го издал одобрението за градба донесува акт за ништовност на одобрението за градење, кој се доставува до органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите и истиот е основ за бришење на сите прибележувања и предбележувања поврзани со недвижноста.

 

1. Категоризација на градби

 

Член 57

(1) Градби од прва категорија се: нуклеарни електрани, термоцентарали и хидроцентрали со капацитет од и над 1 МВ, далноводи со напонско ниво од и над 35 КВ, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, биогориво, биомаса, ветерна, сончева, геотермална енергија и хидроенергија со капацитет поголем од 1 МW, трафостаници со напонско ниво од и над 35 КВ, нафтоводи, продуктоводи, магистрални гасоводи, магистрални топловоди, гасоводни мерни станици, државни патишта, придружно услужни објекти на државни патишта утврдени со закон, железнички пруги, железнички станици на железнички пруги, аеродроми, депонии за опасен отпад, брани со акумулации, градби за базна и хемиска индустрија, градби за црна и обоена металургија, градби за производство на целулоза и хартија, градби за преработка на кожа и крзно, градби за преработка на каучук, барут и експлозивна муниција, градби за складирање на експлозивни средства, складишта за нафтени деривати, природен гас и ТНГ со капацитет на складирање од и над 1.000 тони, градби за санација на свлечишта, градби кои би можеле да ја загрозат животната средина, градби за потребите на државните органи и агенциите и фондовите основани од Република Северна Македонија, градби за потребите на правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонија, градби за дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации, туристички развојни зони и градбите во овие зони, индустриски и зелени зони основани од Владата на Република Северна Македонија и градбите во овие зони, слободни здравствени зони и градбите во овие зони, технолошки индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица и градбите во овие зони, градби за високо образование, опсерватории, национални установи од областа на културата, градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон (поединечни добра, споменички целини без контактните зони и археолошки локалитети), меморијални споменици, градби наменети за терцијална здравствена заштита, телекомуникациски центри за прием на сателитски сигнали, градби за потребите на граничните премини, градби предвидени со урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес (освен градби за индивидуално домување), регионални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување, регионални депонии, жичари, градби предвидени на подрачје на две или повеќе општини, градби во кои постојат инсталации за производство на топлинска енергија, езерски и речни пристаништа, стадиони и спортски сали со капацитет над 10.000 гледачи.

(2) Градби од втора категорија се: градби наменети за основно и средно образование, градби од областа на културата, градби за потребите на органите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, индустриски и зелени зони основани од општините, општините во градот Скопје и градбите во овие зони, градби наменети за примарна и секундарна заштита, градби за потребите на верските заедници, индустриски градби, стопански градби, деловни градби, станбеноделовни градби, градби за индивидуално домување, градби за индивидуално домување предвидени со урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, викенд куќи, градби за колективно домување, градби за потребите на агроберзи, трговски центри, хотели, рекреативни центри, градби за научно-истражувачката дејност, катни гаражи, пазари, општински патишта, придружно услужни објекти на општински патишта и улици утврдени со закон, електронски комуникациски мрежи и средства, термоцентрали и хидроцентрали со капацитет до 1 МВ, ветерници, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, биогориво, биомаса, ветерна, сончева, геотермална енергија и хидроенергија со капацитет до 1 МW, фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште, далноводи со напонско ниво до 35 КВ, трафостаници со напонско ниво до 35 КВ, складишта за нафтени деривати, природен гас и ТНГ со капацитет на складирање до 1.000 тони, секундарна гасоводна мрежа, секундарна топловодна мрежа, трамвајски пруги, градби за противпожарна заштита, градби за ветеринарна заштита, детски градинки, градби во подрачје на национални паркови и парк шуми, градби за сепарација на материјал за производство на бетон, бетонски бази, асфалтни бази, локални водоснабдителни и канализациони системи со системи за пречистување, градби кои се во функција на заштита и промоција на природното наследство (информативни центри), депонии за интерен отпад (градежен шут) и депонии за неопасен отпад, рудници и градби за потребите на рудници, автокампови и градби за потребите на автокампови, објекти за складирање, третман и/или преработка на отпад, меѓуградски автобуски станици, зоолошки градини, стадиони и спортски сали со капацитет под 10.000 гледачи, системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на теренот за јавна употреба, јавни паркови, јавни паркиралишта и ски-лифтови.

 

2. Надлежни органи за издавање одобрение за градење

 

Член 58

(1) Градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон се градби од значење за Републиката и одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(2) Градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон се градби од локално значење и одобрение за градење издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје.

(3) По исклучок од ставот (1) на овој член одобрение за градење за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица, кои ги градат закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони, (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура), за градбите во слободните здравствени зони, како и за градбите во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Северна Македонија кои ги градат сопствениците на земјиштето во индустриските и зелените зони, издава Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на начин и во постапка утврдени со Законот за технолошки индустриски развојни зони, односно Законот за индустриски-зелени зони, а за градбите во технолошко индустриските развојни зони (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура) за кои е склучен договор за јавно приватно партнерство, одобрение за градење издава Министерството за економија на начин и во постапка утврдени со Законот за технолошки индустриски развојни зони.

(4) По исклучок од ставот (2) на овој член постапката за издавање на одобрение за градење за магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје, одобрение за градење за линиски инфраструктурни објекти чија изградба согласно со Законот за градот Скопје е во надлежност на градот Скопје, одобрение за доградба, надградба и одобрение за реконструкција на објекти за кои е донесена одлука од Советот на градот Скопје согласно со членот 67-а став (1) од овој закон, одобрение за градење и одобрение за реконструкција на плоштади кои се во надлежност на градот Скопје, одобрение за градење и одобрение за реконструкција на сообраќајници кои овозможуваат пристап до плоштадите кои се во надлежност на градот Скопје, одобрение за градење за инфраструктурни градби со придружни содржини во речни корита кои се наоѓаат на подрачјето на градот Скопје, одобрение за градење на придружни содржини во паркови кои се во надлежност на градот Скопје, го спроведува градот Скопје и одобрението за градење, доградба, надградба, односно одобрението за реконструкција го издава градоначалникот на градот Скопје.

(5) Доколку со урбанистичкиот план или државната, односно локалната урбанистичка планска документација е планирана повеќенаменска градба во која се предвидени градби од прва и втора категорија од членот 57 на овој закон, одобрение за градење издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(6) Примерок од прависилното одобрение за градење кое го донесува органот на државната управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот, односно Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, односно градот Скопје се доставува до единицата на локалната самоуправа на чие подрачје ќе се гради градбата, во рок од пет дена од правосилноста на одобрението за градење.

 

3. Постапка за издавање одобрение за градење

 

Член 59

(1) Постапката за издавање на одобрение за градење се води согласно со одредбите на Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

(2) За добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува барање во електронска форма до надлежниот орган од членот 58 на овој закон со следнава документација:

- архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација е предвидена изработка на овој проект, односно проект за инфраструктура, доколку барањето се однесува за линиски инфраструктурни градби;

- основен проект со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата;

- идеен проект доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48а од овој закон;

- доказ за право на градење и

- геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште или геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште односно градежната парцела во кој е запишано правото на сопственост на барателот од најмалку 90% од градежната парцела а преостанатиот дел од градежната парцела е сопственост на Република Северна Македонија, доколку површината за градење и пристапот до површината за градење е во делот од градежната парцела што е во сопственост на барателот.

(3) Доколку е поднесено барање за одобрение за градење за придружно услужни објекти на државни, односно општински патишта утврдени со закон покрај доказите од ставот (2) на овој член барателот доставува и решение за трајна измена на режим на сообраќај од надлежен орган и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека решението за трајна измена на режим на сообраќај се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење.

(4) Доколку е поднесено барање за одобрение за градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон покрај доказите од ставот (2) на овој член се доставува и конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културно наследство и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека конзерваторското одобрение се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење.

(5) Доколку е поднесено барање за одобрение за градење за градби за производство на електрична и топлинска енергија за кои согласно со прописите за енергетика е предвидено овластување за изградба на овој вид на објекти, покрај доказите од членот (2) од овој закон се доставува и овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија издадено од надлежен орган.

(6) Доколку е поднесено барање за одобрение за градење на електронски комуникациски мрежи и средства, покрај доказите од ставот (2) на овој член се доставува и нотификација за пренос на електронски податоци издадена од Агенцијата за електронски комуникации.

(7) Доколку е поднесено барање за одобрение за градење на депонии за опасен отпад, депонии за неопасен отпад и депонии за интерен отпад, покрај доказите од ставот (2) на овој член се доставува и решение со кое се одобрува основање на депонија издадено од надлежен орган.

(8) Надлежниот орган од член 58 на овој закон е должен во рок од пет работни дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали барањето е комплетно, дали доставената документација има недостатоци, дали основниот проект е изработен во согласност со прописите за проектирање, урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација или проектот за инфраструктура и дали барателот е единствен носител на правото на градење, а во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон дали со основниот проект се нарушуваат стандардите и нормативите за објектите со намена домување во станбени куќи (А1) по однос на дозволената височина (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои се утврдени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Доколку кон барањето е доставен основен проект и позитивен извештај за ревизија на основниот проект, надлежниот орган е должен веднаш по приемот на барањето да постапи согласно со членот 59-в од овој закон.

(9) По спроведувањето на дејствијата од ставот (8) на овој член, доколку се утврди дека доставената документација е комплетна, исполнети се условите од ставот (8) на овој член и е добиено позитивно мислење, односно согласност од страна на субјектите од членот 59в од овој закон до кои е доставено барање за увид во основниот проект, надлежниот орган е должен да постапи согласно со ставот (11) на овој член, а во спротивно е должен да донесе заклучок за прекинување на постапката со кој ќе го задолжи барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот.

(10) Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во рокот од ставот (9) на овој член, надлежниот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци, го дополни барањето во рокот од ставот (9) на овој член, а во рокот од ставот (8) на овој член било добиено позитивно мислење, односно согласност од страна на субјектите од членот 59-в од овој закон до кои е доставено барање за увид во основниот проект, надлежниот орган е должен да постапи согласно со ставот (11) на овој член. Доколку некој од субјектите во рокот од ставот (8) на овој член имале дадено забелешки на основниот проект, надлежниот орган е должен веднаш по извршената дополна на барањето од страна на барателот да достави барање за повторен увид во основниот проект до субјектите од членот 59-в од овој закон кои имале дадено забелешки на истиот, со цел истите да утврдат дали е постапено по претходно дадените забелешки.

(11) Доколку доставената или дополнетата документација е комплетна се исполнети условите од ставот (8) на овој член и добиено е позитивно мислење, односно согласност од страна на субјектите од членот 58-в од овој закон до кои е доставено барање за увид во основниот проект, надлежниот орган е должен во рок од два дена комплетирањето на документација или од приемот на позитивното мислење, односно согласност да го завери основниот проект и да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште. За градбите од прва категорија надлежниот орган по заверката на основниот проект истиот го доставува до соодветната општина заради изготвување на пресметка на надоместокот за уредување на градежно земјиште. Барателот е должен надоместокот за уредување на градежно земјиште да го плати или да го уреди плаќањето на начин утврден во ставот (12) на овој член, во рок од 15 работни дена од приемот на известувањето со пресметка за плаќање на надоместокот.

(12) Доколку барателот, односно инвеститорот во рокот од ставот (11) на овој член не го плати надоместокот за уредување на градежно земјиште, односно не склучи договор со општината за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на рати или не склучи договор со кој е утврдено дека ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок или не достави банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или не востанови хипотека во корист на општината или не е донесен акт врз основа на кој барателот, односно инвеститорот е ослободен од плаќање на надоместокот, надлежниот орган ќе го одбие барањето за добивање на одобрение за градење.

(13) Одобрението за градење се издава во рок од пет работни дена од доставување на доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште, односно од денот на склучување на договорот за начинот на плаќање на надоместокот или договор со кој е утврдено дека инвеститорот ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок, односно од денот на донесувањето на акт врз основа на кој инвеститорот е ослободен од плаќање на надоместокот или од денот на доставување на банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или доставување доказ за востановена хипотека во корист на општината.

(14) Формата и содржината на барањето за одобрение за градење ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(15) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон, кој го издал одобрението за градење е должен на инвеститорот да му достави пресметка за плаќање на трошоците за запишување на објектот во јавните книги на недвижности во електронска форма преку информацискиот систем е-одобрение за градење.

(16) Надлежниот орган во постапката за издавање на одобрение за градење не може да побара од барателот друга документација, освен документацијата предвидена со овој закон.

(17) За линиски инфраструктурни објекти кои се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба,градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Северна Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Северна Македонија, одобрение за градење може да се издаде и без решени имотноправни односи за целата градежна парцела, со обврска инвеститорот да ги регулира имотноправните односи најдоцна до поднесување на барањето за одобрение за употреба, односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, при што во овој случај со барањето од ставoт (2) на овој член не се доставува геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.

(18) Барањето за добивање на одобрение за градење и документацијата од ставовите (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој член се поднесуваат во електронска форма, преку информациски систем е-одобрение за градење, на начин утврден со прописот од членот 59-е став (2) од овој закон.

(19) Барателот одговара за веродостојноста на сите документи кои се доставени со барањето во електронска форма преку информацискиот систем е-одобрение за градење, со оригиналните документи кои се издадени од надлежните субјекти.

(20) Одобрението за градење издадено врз основа на документи доставени во електронска форма преку информацискиот систем е-одобрение за градење, кои не се веродостојни со оригиналните документи издадени од надлежните субјекти, е ништовно.

(21) Доколку во постапка за одобрение за градење се врши приклучување на градби на постојни преносни и дистрибутивни далноводи и трафостаници за кои операторот на дистрибутивниот или преносниот систем не располага со доказ дека истите се изградени согласно со закон, инвеститорот е должен да достави како доказ согласност од операторот на чија мрежа се приклучува и изјава заверена кај нотар дадена под полна материјална и кривична одговорност во прилог на согласноста, со која операторот потврдува дека постојните преносни и дистрибутивни далноводи и трафостаници се негова сопственост или негово основно средство за работа.

(22) Согласноста и изјавата од ставот (21) на овој член, операторот на дистрибутивниот или преносниот систем по доставено барање на инвеститорот задолжително ја доставува во рок од седум дена.

 

Член 59-a

(1) Доказ за право на градење, во смисла на овој закон, се смета:

- имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште,

- договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште,

- договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство,

- одлука на Владата на Република Северна Македонија со која државен орган, агенција или фонд основани од Владата на Република Северна Македонија, правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Северна Македонија или единица на локалната самоуправа се стекнале со право на градење,

- договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост,

- одлука на советот на општината, советот на општината во градот Скопје, односно Советот на градот Скопје, доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од овој закон,

- изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба, градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Северна Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Северна Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела и

- имотен лист со запишано право на сопственост на Република Северна Македонија, или конечно решение за експропријација или имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.

(2) Во случаите кога е поднесено барање за добивање на одобрение за градење за делови од далновод кои не претставуваат градежно-техничка и функционална целина се доставува доказ за право на градење од ставот (1) на овој член, само за делот кој е предмет на барањето за издавање на одобрение за градење.

(3) Во случаите кога е поднесено барање за добивање на одобрение за градење за жичара или надземен далновод, се доставува доказ за право на градење од став (1) на овој член и се решаваат имотно-правните односи само за земјиштето на кое се поставени столбовите на жичарата односно далноводот.

 

Член 59-б

(1) За градби наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 не е задолжителна ревизија на основниот проект и надзор над изградбата на градбата, а изведувачот е должен да даде изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, ревизијата на основниот проект е задолжителна, а изведувачот не дава изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

 

Член 59-в

(1) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен да достави барање за увид во основниот проект до субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура, веднаш по приемот на барањето за одобрение за градење, доколку кон истото е доставен основен проект и позитивен извештај за ревизија на основниот проект, а доколку со барањето за одобрение за градење не биле доставени основен проект и позитивен извештај за ревизија и постапката била прекината согласно со член 59 став (9) од овој закон, веднаш по извршената дополна на барањето.

(2) Субјектот надлежен за електроенергетска инфраструктура е должен во рок од пет дена од денот на приемот на барањето за увид да изврши увид во основниот проект и да достави мислење дали објектот може да се приклучи на соодветниот електроенергетски систем.

(3) Субјектот надлежен за водоводна и канализациона инфраструктура е должен во рок од пет дена од денот на приемот на барањето за увид да изврши увид во основниот проект и да достави мислење дали објектот може да се приклучи на водоводниот и канализационен систем. Субјектот надлежен за водоводна и канализациона инфраструктура е должен да даде мислење и во случај кога основниот проект не содржи хидротехнички услови за приклучок на објектот на водоводна и канализациона инфраструктура согласно со Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.

(4) Доколку со основниот проект се предвидува приклучување на објектот на топловодна и гасоводна инфраструктура, надлежниот орган од членот 58 од овој закон, во рокот утврден во ставот (1) на овој член, доставува барање за увид во основниот проект до субјектите надлежни за топловодна и гасоводна инфраструктура, кои се должни во рок од пет дена од денот на приемот на барањето да извршат увид во основниот проект и да достават мислење дали објектот може да се приклучи на топловодната и гасоводната инфраструктура.

(5) Доколку се работи за изградба на магацини за складирање на експлозивни материи, магацини, склад или резервоар за складирање на запални течности и гасови, преточувалиште, станица за снабдување со гориво, нафтовод или гасовод, вклучувајќи го складот, постројката или уредот што е технолошки сврзан со нафтоводот или гасоводот, надлежниот орган од членот 58 од овој закон во рокот утврден во ставот (1) на овој член, доставува барање за увид во основниот проект до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на внтарешните работи, кој е должен во рок од пет дена од денот на приемот на барањето да изврши увид во основниот проект и да даде согласност или да даде забелешки доколку не се исполнети условите за согласност.

(6) Доколку се работи за изградба на градби за кои основниот проект согласно со членот 47 став (5) од овој закон содржи и елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, надлежниот орган од членот 58 од овој закон, во рокот утврден во ставот (1) на овој член, доставува барање за увид во основниот проект и до Дирекцијата за заштита и спасување, која е должна во рок од пет дена од денот на приемот на барањето да изврши увид во основниот проект и да даде согласност на елаборатот или да даде забелешки доколку не се исполнети условите за согласност.

(7) Доколку се работи за изградба на електронски комуникациски мрежи и средства, надлежниот орган од членот 58 од овој закон, во рокот утврден во ставот (1) на овој член, доставува барање за увид во основниот проект и до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена од денот на приемот на барањето да изврши увид во основниот проект и да даде согласност или да даде забелешки доколку не се исполнети условите за согласност.

(8) Доколку субјектите од ставовите (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој член не постапат согласно со овој член се смета дека немаат забелешки и ако поради нивното непостапување во иднина настанат штети, обврската за надомест на штета ќе биде на товар на субјектот чие непостапување ја предизвикало штетата.

(9) Субјектите од ставовите (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој член кои доставиле забелешки на основниот проект се должни да проверат дали е постапено по претходно дадените забелешки од страна на барателот, во рок од два работни дена од денот на приемот на барањето за повторен увид во основниот проект кое е доставено од страна на надлежниот орган од членот 58 од овој закон.

(10) Доколку субјектите од ставовите (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој член постапувајќи согласно со ставот (9) на овој член и по извршената проверка повторно имале забелешки на основниот проект, односно дале негативно мислење или не дале согласност, надлежниот орган донесува решение за одбивање на барањето за одобрение за градење.

(11) Барањето за увид во основниот проект, мислењето или согласноста односно забелешките се доставуваат во електронска форма, преку информацискиот систем еодобрение за градење, на начин утврден со прописот од членот 59-е став (2) од овој закон.

 

Член 59-г

Заштитно-конзерваторски услови во постапката за издавање на одобрение за градење се определуваат само доколку во урбанистичкиот план нема вградено заштитноконзерваторски основи.

 

Член 59-д

(1) Надлежниот орган кој го издал одобрението за градење е должен, во рок од три дена од правосилноста на одобрението за градење, да достави примерок од истото со примерок од заверениот основен проект до надлежниот орган за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите заради прибележување и предбележување во јавната книга во која е запишано правото врз земјиштето и примерок до надлежниот градежен инспектор, а доколку е издадено одобрение за градење на инвеститор-физичко лице за изградба на градба со намена домување во станбени згради, градба со деловна намена и градба со станбено-деловна намена, надлежниот орган должен е примерок од правосилното одобрение за градење да достави до Управата за јавни приходи, во електронска форма преку информациски систем е-одобрение за градење.

(2) Кога одобрението за градење се издава на повеќе инвеститори во одобрението се наведуваат сите инвеститори во идеални или реални делови, врз основа на правно дело за уредување на меѓусебните права и обврски за градба, заверено кај нотар.

(3) Одредбите од овој закон се однесуваат и на постапката за издавање на одобрение за градење на странски држави за потребите на нивните дипломатско-конзуларни претставништва, доколку со меѓународен договор поинаку не е уредено.

 

Член 59-ѓ е избришан.

 

Член 59-е

(1) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен постапката за издавање на одобрение за градење да ја спроведе на електронски начин, преку информацискиот систем е-одобрение за градење.

(2) Начинот на спроведување на постапката за добивање на одобрение за градење на електронски начин го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа од областа на уредувањето на просторот.

(3) Одобрение за градење кое е издадено спротивно на ставот (1) на овој член е ништовно.

(4) Начинот на постапување на администраторот во информацискиот систем еодобрение за градење го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредување на просторот.

(5) По исклучок од ставот (1) на овој член, надлежните органи од членот 58 став (3) од овој закон, постапките за издавање на одобрение за градење ги спроведуваат во писмена форма, на начин утврден со Законот за технолошки индустриски развојни зони, односно Законот за индустриски-зелени зони.

 

Член 59-ж

(1) Градот Скопје е должен да изгради локален пат или улица на подрачјето на градот Скопје кој е во функција на градби за потребите на државни органи, агенции и фондови основани од Република Северна Македонија и правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонија, за чија изградба е платен надоместок за уредување на градежно земјиште од страна на инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот, односно улицата, доколку од страна на надлежната општина во градот Скопје не е издадено одобрение за градење за патот, односно улицата и/или не е започнато со изградба на истите до изготвувањето на завршен извештај за извршен надзор од членот 36 став (1) алинеја 9 од овој закон за градбата во чија функција треба да се изгради патот.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, постапката за издавање на одобрение за градење ја спроведува и одобрението за градење го издава органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(3) При спроведување на постапката од ставот (2) на овој член инвеститoрот не плаќа надоместок за уредување на градежно земјиште, а општината во градот Скопје е должна средствата од надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на патот,

односно улицата кои се платени од инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот, односно улицата да му ги пренесе на градот Скопје, во рок од пет дена од денот на прием на барање за пренесување на средствата од градот Скопје.

(4) Доколку градот Скопје не постапи согласно со ставот (1) на овој член, патот, односно улицата може да го изгради инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот, односно улицата, а општината во градот Скопје и градот Скопје се должни средствата од надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на патот, односно улицата кои се платени од инвеститорот на градбата во чија функција треба да се изгради патот, односно улицата, да му ги врати на инвеститорот, во рок од пет дена од денот на прием на барање за враќање на средствата.

 

Член 59-з

(1) Заверка на основниот проект со која се потврдува дека основниот проект е изработен во согласност со прописите за проектирање, урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација или проектот за инфраструктура, а во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон дека со основниот проект не се нарушуваат стандардите и нормативите за објектите со намена домување во станбени куќи (А1) по однос на дозволената височина (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои се утврдени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, можат да вршат само службени лица на надлежниот орган од членот 58 на овој закон, кои се дипломирани инженери архитекти или дипломирани градежни инженери.

(2) За градбите од прва категорија од членот 57 од овој закон, службените лица од ставот (1) на овој член треба да имаат работно искуство од најмалку две години во постапки за издавање на одобренија за градење на градби од прва или втора категорија од членот 57 на овој закон или да имаат овластување за проектирање или овластување за ревизија на проектна документација за градби од прва или втора категорија од членот 57 на овој закон.

(3) За градбите од втора категорија од членот 57 од овој закон, службените лица од ставот (1) на овој член треба да имаат работно искуство од најмалку една година во постапки за издавање на одобренија за градење на градби од прва или втора категорија од членот 57 од овој закон или да имаат овластување за проектирање или овластување за ревизија на проектна документација за градби од прва или втора категорија од членот 57 од овој закон.

 

Член 59-ѕ

(1) За надградба на објекти за индивидуално домување може да се издаде одобрение за градење и во случаите кога надградбата не е предвидена во урбанистички план или урбанистичко-планска документација, доколку постојниот објект е со утврдено право на сопственост во јавната книга за запишување на правата на недвижности и со надградбата нема да се нарушат стандардите и нормативите за објектите со намена домување во станбени куќи (А1) по однос на дозволената височина (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои се утврдени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

(2) Постапката за надградба во случаите од ставот (1) на овој член се спроведува за постоен објект за индивидуално домување, кој е изграден со одобрение за градење или за истиот е донесено правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, кој се наоѓа:

- надвор од плански опфат на урбанистички план односно урбанистичко-планска документација или

- во рамки на плански опфат на урбанистички план, односно урбанистичко-планска документација, а истиот не е вклопен во планот, односно планската документација или

- во рамки на плански опфат на урбанистички план односно урбанистичко-планска документација, истиот е вклопен во планот односно планската документација, а за кој објект не се утврдени дозволените максимални параметри по однос на висината (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои можат да се утврдат за овој вид на објекти согласно стандардите и нормативите во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

(3) По исклучок од членот 59 став (2) од овој закон, во случаите од ставот (1) на овој член кон барањето за добивање на одобрение за градење за надградба на објектот, се доставува следната документација:

- основен проект со позитивен извештај за ревизија,

- идеен проект одобрен согласно со членот 48-а од овој закон,

- изјава од проектантот дадена под кривична и материјална одговорност со која потврдува дека постојната состојба на објектот е веродостојно прикажана во основниот проект,

- позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,

- имотен лист за постојниот објект на кој ќе се врши надградба со утврдена намена семејно домување во станбени куќи (А1) и со утврдено право на сопственост на инвеститорот,

- согласност за надградба од сопственикот на постојниот објект, доколку истиот не е инвеститор и

- конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културно наследство и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека конзерваторското одобрение се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење, доколку е поднесено барање за надградба на објект кој претставува заштитно недвижно културно наследство согласно со закон.

(4) Надзорот над изградбата на надградбата во случаите од ставот (1) на овој член не е задолжителен, доколку бруто развиена површина на надградбата не е поголема од 300 м2, а надградбата се става во употреба и се запишува во јавната книга за запишување на правата на недвижности врз основа на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер.

(5) При спроведување на постапка за измени во текот на изградбата за надградбите од ставот (1) на овој закон, соодветно се применуваат одредбите од членот 69 од овој закон, а надлежниот орган утврдува дали се нарушуваат стандардите и нормативите за објектите со намена домување во станбени куќи (А1) по однос на дозволената височина (катови и метри) и бројот на станбени единици, кои се утврдени во Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

(6) Одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член, не се применуваат за надградба на објекти за индивидуално домување изградени во опфат на кој согласно урбанистички план или урбанистичко-планска документација е предвидена изградба на објект од јавен интерес утврден со закон.

 

Член 60

(1) Начинот и постапката за уредување на градежното земјиште се врши согласно со Законот за градежно земјиште и прописите кои произлегуваат од овој закон.

(2) Доколку надлежниот орган не го уреди градежното земјиште согласно со договорот за уредување на градежно земјиште, инвеститорот не сноси последици за ненавременото завршување на градбата.

 

Член 61

Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на овој закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за одобрение за градење во рокот од членот 59 на овој закон, одговорното, односно службеното лице подлежат на кривична одговорност согласно со Кривичниот законик.

 

Член 62

(1) Одобрението за градење се издава за целата градба и на име на инвеститорот, а може да се издаде и за дел од градбата, ако делот од градбата претставува посебна градежнотехничка и функционална целина.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член и членот 71 став (1) од овој закон, на барање на инвеститорот, одобрение за градење за линиски инфраструктурни градби може да се издаде и за делови од градбата кои не се функционална целина, доколку истите претставуваат градежно-техничка целина, а за далноводи и за делови од далноводот кои не претставуваат градежно-техничка и функционална целина.

(3) Одобрение за градење кое е издадено спротивно на одредбите од овој закон е ништовно. Органот кој издал одобрение за градење кое е огласено за ништовно ги сноси трошоците за враќање на просторот во состојбата во која бил пред издавањето на одобрението за градење, а инвеститорот има право на надоместок на штета и надоместок на изгубена добивка од органот.

(4) Во случаите кога одобрението за градење е огласено за ништовно согласно со членовите 59 став (20), 66 став (2) и 67 ставови (3) и (7) од овој закон, органот кој го издал одобрението за градење не ги сноси трошоците за враќање на просторот во состојбата во која бил пред издавањето на одобрение за градење и инвеститорот нема право на надоместок на штета и изгубена добивка од органот.

(5) Формата и содржината на образецот на одобрението за градење ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 62-а

(1) Надлежниот орган што го донел одобрението за градење е должен во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, за издаденото одобрение за градење и дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.

(2) Доколку непосредните соседи не извршат увид и/или не поднесат жалба против одобрението за градење во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење, одобрението за градење станува правосилно.

(3) Органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите е должен да достави податоци за непосредни соседи на градежната парцела за која се донесува одобрение за градење, како и пресметка за трошоците за запишување на објектот во јавните книги за недвижности, во електронска форма, по приемот на барање во електронска форма од надлежниот орган од членот 58 од овој закон.

(4) По исклучок од ставот (1) на овој член за издаденото одобрение за градење за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица, за градбите во слободните здравствени зони, за градбите во индустриските и зелените зони, како и линиските инфраструктурни градби, не се известуваат непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението.

 

Член 62-б

(1) Одобрение за доградба и надградба може да се издаде и за објект на кој има изградени делови, односно нивоа кои не претставуваат функционална целина, доколку за постојниот објект е издадено решение за утврдување на правен статус согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а со планската документација со која е извршено вклопување на делот од објектот за кој е донесено решение за утврдување на правен статус предвидени се услови за идна градба.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член за надградбите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, одобрение за надградба може да се издаде и доколку за постојниот објект е издадено решение за утврдување на правен статус согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а со планската документација не е извршено вклопување на делот од објектот за кој е донесено решение за утврдување на правен статус.

 

Член 63

(1) При доградба и надградба на објект се спроведува истата постапка предвидена за добивање на одобрение за градење пропишана со овој закон.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, се спроведува истата постапка предвидена за добивање на одобрение за градење пропишана со овој закон, освен по однос на документацијата која се доставува кон барањето за одобрение за надградба, при што кон барањето за одобрение за надградба од членот 59-ѕ став (1) од овој закон се доставува документацијата утврдена во членот 59-ѕ став (3) на овој закон.

 

Член 64

(1) Ако заради изградба е потребно инвеститорот да отстрани изградена градба или нејзини делови, а истите се наоѓаат во рамките на површината за градење, е должен тоа да го стори по правосилноста на одобрението за градење врз основа на посебен елаборат за начинот на отстранување на постојната градба, во која ќе бидат дадени решенија за третманот на градежниот шут создаден од отстранувањето на порано изградената градба.

(2) Ако градбите од ставот (1) на овој член се наоѓаат надвор од површината за градење, а во рамките на градежната парцела, градителот е должен да ги отстрани најдоцна до издавањето на одобрението за употреба.

 

Член 65

(1) Против одобрението за градење издадено од органот на државната управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот, односно Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, односно Министерството за економија може да се изјави жалба во рокот определен со членот 62-а на овој закон до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а против одобрението за градење издадено од градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје, може да се изјави жалби во рокот определен со членот 62а на овој закон до органот на државната управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот.

(2) Против решението за одбивање на барањето за одобрение за градење на органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, односно Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, односно Министерството за економија може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а против решението за одбивање на барањето за одобрение за градење на градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

(3) Документацијата доставена кон барањето за добивање на одобрение за градење во информацискиот систем е-одобрение за градење, се користи од страна на второстепениот орган надлежен за постапување по жалби против управните акти издадени во постапката за издавање на одобрение за градење, Управниот суд и Вишиот управен суд при постапувањето по поднесена тужба и жалба во постапка за издавање на одобрение за градење.

(4) Начинот на користење на информацискиот систем е-одобрение за градење од страна на второстепениот орган надлежен за постапување по жалби против управните акти издадени во постапката за издавање на одобрение за градење, Управниот суд и Вишиот управен суд при постапувањето по поднесена тужба и жалба во постапка за издавање на одобрение за градење го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 65-а

(1) Инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член инвеститорот на сопствена одговорност и ризик може да започне со изградба и врз основа на конечно одобрение за градење.

(3) Доколку одобрението за градење не е правосилно, поради тоа што жалителот започнал управен спор, а инвеститорот не започнал со изградба на градбата пред одобрението за градење да стане правосилно, инвеститорот има право да бара надоместок на штета и надоместок на изгубена добивка од жалителот, доколку тужбеното барање и/или жалбеното барање од надлежните судови се одбиени како неосновани и/или недопуштени. (Се укинува со Одлука на Уставен суд на Република Северна Македонија објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/21)

 

Член 66

(1) Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член надлежниот орган што го издал одобрението за градење донесува акт за ништовност на одобрението, кој се доставува до органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите и истиот е основ за бришење на сите прибележувања и предбележувања поврзани со недвижноста.

(3) Доколку градбата започнала да се гради по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, се смета дека градењето е бесправно.

 

Член 67

(1) Инвеститорот е должен писмено да го пријави започнувањето на изградбата до надлежниот орган од членот 58 на овој закон, градежната инспекција и инспекцијата на трудот, пред започнувањето на изградбата.

(2) Во известувањето од ставот (1) на овој член инвеститорот е должен да ги назначи изведувачот и правното лице за вршење надзор со определен надзорен инженер. Доколку во текот на градењето се промени изведувачот или правното лице за вршење на надзор, односно определениот надзорен инженер, инвеститорот е должен во рок од седум дена од настанатата промена да го извести надлежниот орган од ставот (1) на овој член за настанатата промена. За градби наменети за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 не е задолжително назначувањето на правното лице за вршење на надзор со определен надзорен инженер во известувањето од ставот (1) на овој член.

(3) Доколку инвеститорот не постапи согласно со ставовите (1) и (2) од овој член, надлежниот орган што го издал одобрението за градба донесува акт за ништовност на одобрението кој се доставува до органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите и истиот е основ за бришење на сите прибележувања и предбележувања поврзани со недвижноста.

(4) Во случај на прекинување на изградбата инвеститорот е должен да преземе мерки за обезбедување на градбата, на соседните градби и на земјиштето.

(5) Советот на општината, односно советите на општините на градот Скопје, со одлука можат да определат временски период во текот на календарската година во кој не можат да се градат градби, односно да се изведуваат градежни работи на одредено туристичко подрачје. Инвеститорот е должен да ја усогласи изградбата, односно изведувањето на градежните работи, во согласност со одлуката, освен во случаите кога предмет на изградба е градба од јавен интерес утврден со закон.

(6) Советите на општините на градот Скопје, одлуката од ставот (5) на овој член ја донесуваат по претходно позитивно мислење од градот Скопје.

(7) Одлуката од ставот (5) на овој член не се применува за градби од јавен интерес утврден со закон.

(8) По исклучок советот на општината, односно советите на општините на градот Скопје можат да го утврдат изгледот на една или повеќе градби во определено подрачје на територијата на општината, доколку утврдат дека тоа е од значење за општината, при што донесуваат програма која се состои од податоци и насоки за изгледот на градбата, односно градбите и графички приказ на утврдениот изглед.

(9) Во случаите од ставот (8) на овој член инвеститорот е должен изгледот на градбата да го усогласи со програмата, во спротивно надлежниот орган што го издал одобрението за градење донесува акт за ништовност на одобрението кој се доставува до органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите и истиот е основ за бришење на сите прибележувања и предбележувања поврзани со недвижноста.

(10) При изградба на градбите чиј изглед е утврден согласно со ставот (8) на овој член, општината е должна да го ослободи инвеститорот 50% од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште.

(11) Доколку е издадено одобрение за градење на електронски начин, известувањата од ставовите (1) и (2) на овој член инвеститорот ги доставува во електронска форма преку информацискиот систем е-одобрение за градење.

 

Член 67-а

(1) Советот на општината, советот на општината во градот Скопје, односно Советот на градот Скопје со одлука може да го утврдат изгледот на фасадата на еден или повеќе објекти кои се ставени во употреба и/или за кои е предвидена доградба и/или надградба, или за истите е донесено правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, доколку утврдат дека тоа е од значење за општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член инвеститор е општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, чиј совет донел одлука со која е утврден изгледот на фасадата на објектот, односно објектите.

(3) Трошоците за изведувањето на градежните работи за реализација на одлуката од ставот (1) на овој член се обезбедуваат од буџетот на општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, чиј совет ја донел одлуката за изгледот на фасадата, а доколку при изведувањето на градежните работи му се причини штета на сопственикот на објектот, инвеститорот е должен истата да ја надомести.

(4) Во случаите од ставот (1) на овој член може да се предвиди доградба и/или надградба на објект за кој е донесено правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, при што доколку бесправниот објект не е вклопен во урбанистичко планската документација, со одлуката од ставот (1) на овој член се утврдуваат и параметрите на доградбата, односно надградбата. Во овој случај основниот проект се изработува согласно со параметрите утврдени во одлуката од ставот (1) на овој член.

(5) Доколку доградбата и надградбата претставуваат посебна градежна и фунционална целина и се изградени на објект во етажна сопственост или на објект со јавна или деловна намена, со право на сопственост врз истите се стекнува општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, чиј совет ја донел одлуката со која е утврден изгледот на фасадата на објектот, а во спротивно со право на сопственост се стекнува сопственикот на објектот.

(6) По исклучок од ставовите (2) и (3) на овој член сопственикот на објектот, односно мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објект во етажна сопственост, може да бидат инвеститори и да ги сносат трошоците за изведување на градежните работи, доколку општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, чиј совет ја донел одлука со која е утврден изгледот на фасадата на објектот склучиле договор со сопственикот на објектот, односно мнозинството на сопственици со кој е утврдено дека инвеститор ќе биде сопственикот на објектот, односно мнозинството на сопственици.

(7) По исклучок од ставот (5) на овој член сопственикот, односно сопствениците на објектот и општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, чиј совет ја донел одлуката со која е утврден изгледот на фасадата на објектот можат и на поинаков начин да го уредат стекнувањето со правото на сопственост врз доградбата и надградбата, со склучување на договор за уредување на односите.

 

4. Рок за изградба

 

Член 68

(1) Инвеститорот е должен градбите од прва и втора категорија да ги изградат во рок не подолг од десет години, од денот на правосилноста на одобрението за градење.

(2)      По исклучок од став (1) на овој член за линиски инфраструктурни градби, за функционални делови од инфраструктурни градби како и за инфраструктурни градби составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура од членот 57 ставови (1) и (2) на овој закон, надлежниот орган може на барање на инвеститорот најдоцна во рок од три месеци пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член со решение да му го продолжи рокот за завршување на изградбата за најмногу пет години од рокот утврден во ставот (1) на овој член.

(3)      Формата и содржината на образецот на барањето за продолжување на рокот од ставот (2) на овој член и потребната документација, како и формата и содржината на решението од ставот (2) од овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

5. Измени во текот на изградбата

 

Член 69

(1) Во текот на изградбата можат да се направат измени на градбата, доколку со измените не се влијае на исполнување на кое било основно барање за градбата и не се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план, државната, односно локалната урбанистичка планска документација, урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона, урбанистичко-планска документација за автокамп или проектот за инфраструктура. За вршење на измени инвеститорот е должен да поднесе барање кон кое приложува дополнување на основниот проект со извештај за ревизија на дополнувањето на основниот проект до надлежниот орган од членот 58 од овој закон кој го издал одобрението за градење.

(2) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од приемот на барањето од ставот (1) на овој член, да прибави мислења и согласности од субјектите од членот 59-в од овој закон, чие прибавување произлегува од бараната измена и да утврди дали се исполнети законските услови за измени во текот на изградбата утврдени во ставот (1) на овој член при што доколку утврди дека истите се исполнети, прибавени се потребните мислења и согласности од субјектите од членот 59-в од овој закон, донесува решение со кое се одобруваат измените во текот на изградбата и го заверува дополнувањето на основниот проект.

(3) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон со решение ќе го одбие барањето, ако утврди дека со бараното дополнување на дел од основниот проект се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план или државната, односно локалната урбанистичка планската документација или проектот за инфраструктура или се нарушува механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, или доставено е негативно мислење, односно не е дадена согласност од страна на субјектите од членот 59-в од овој закон.

(4) Доколку со предложените измени се предвидува и нова корисна површина на предметната градба, инвеститорот е должен пред издавање на решението со кое се одобруваат измените да плати надоместок за уредување на градежно земјиште за новата корисна површина.

(5) Решението за измени во тек на изградба е составен дел на одобрението за градење, а при одобрување на измени во текот на изградбата проектот на изведена состојба се изработува согласно со дополнетиот основен проект.

(6) Примерок од решението од ставовите (2) и (3) на овој член се доставува до надлежната градежна инспекција. Примерок од решението од ставот (2) на овој член и од изменетиот, односно дополнетиот основен проект заверен од органот од членот 58 на овој закон органот кој ги одобрил измените на основниот проект го доставува и до надлежниот орган за запишување на правата на недвижностите, заради запишување на изменетите податоци во листот за предбележување на градба. По одобрување на измените, односно дополнувањата на основниот проект инвеститорот е должен да изврши измени и дополнувања во актите/правните дела сврзани со градбата, а прибележани во листот за предбележување на градба и истите да ги достави до надлежниот орган за запишување на правата на недвижностите заради запишување на настанатите промени во листот за предбележување на градба.

(7) Против решението од ставовите (2) и (3) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 на овој закон.

(8) Формата и содржината на барањето и образецот на решението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

6. Промена на инвеститор

 

Член 70

(1) Доколку во текот на градењето се смени инвеститорот, за настанатата промена новиот инвеститор е должен, да го извести органот надлежен за издавање на одобрението за градење и со известувањето да достави доказ дека има статус на инвеститор. На новиот инвеститор со решение ќе му се признае статус на инвеститор на градба, само доколку со преземањето на правото за градење ги преземе и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот), како и доколку ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба, во спротивно по изградбата нема да му се издаде одобрение за употреба на градбата на негово име, односно нема да се изготви извештај за извршен технички преглед од страна на надзорен инженер. Исто така, во овој случај надзорниот инженер не смее да изготви извештај за извршен технички преглед, а за градбите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 изведувачот не смее да даде изјава со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба. Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето да утврди дали се исполнети законските услови за промена на инвеститор и да донесе решение за промена на инвеститор или решение со кое се одбива барањето.

(2) Промените во актите кои се издаваат од надлежните органи во врска со градењето настанати заради промените во правните односи на учесниците во градењето и тоа во врска со стекнувањето на право на градба, сопственост на градба и преземањето на правата и обврските од инвеститорот се вршат само врз основа на потврдени правни работи или конечни акти на државни органи, подобни за запишување на права врз недвижности во јавната книга на недвижностите, со прибележување.

(3) Со промена на инвеститорот органот кој го донел актот за промена на инвеститор е должен веднаш актот со кој е извршена промена на одобрението за градење да го достави до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности заради прибележување на промената на инвеститорот во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

(4) Промената на инвеститорот може да се поднесе до издавањето на одобрението на употреба, односно до изготвувањето на извештајот за извршениот технички преглед, а за градбите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2, пред давањето на изјава од страна на изведувачот од членот 59-б од овој закон, со која потврдува дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

(5) Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 на овој закон.

 

Член 70-а

(1) По исклучок од членот 70 став (1) од овој закон промена на инвеститор се врши и доколку правно или физичко лице се стекнало со право на градење со решение на стечаен судија при продажба на правото на градење во стечајна постапка.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, барање за промена на инвеститор доставува правното или физичкото лице кое се стекнало со правото на градење во стечајна постапка, кон кое се доставува правосилно решение на стечаен судија со кое лицето се стекнало со правото на градење.

(3) Промената на инвеститор се врши со решение, при што инвеститорот чие право на градење било предмет на продажба во стечајна постапка се заменува со правното или физичкото лице кое се стекнало со правото на градење во стечајна постапка. Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето да утврди дали се исполнети законските услови за промена на инвеститор и да донесе решение за промена на инвеститор или решение со кое се одбива барањето.

(4) Доколку инвеститорот чие право на градење било предмет на продажба во стечајна постапка, бил заеднички инвеститор со други физички и правни лица, при донесување на решението за промена на инвеститор од ставот (3) на овој член, овие лица се утврдуваат како заеднички инвеститори со правното или физичкото лице кое се стекнало со правото на градење во стечајна постапка.

(5) По донесување на решението од ставот (3) на овој член се применуваат одредбите од членот 70 ставови (3), (4) и (5) од овој закон.

 

7. Одобрение за градење на дел или делови од градба

 

Член 71

(1) Одобрение за градење, може на барање на инвеститорот да се издаде и за еден или повеќе нејзини делови, ако претставуваат градежна и функционална целина, како фазна градба.

(2) Барањето за издавање на одобрение за градење на дел од градба го поднесува инвеститорот со документацијата предвидена согласно со членот 59 од овој закон.

(3) Во барањето од ставот (2) на овој член се наведува делот, односно деловите од градбата за кои се однесува барањето, согласно со основниот проект односно проектот за инфраструктура (делници, стационажи, број на столбови и слично).

 

8. Одобрение за подготвителни работи

 

Член 72

(1) За изградба на градби по потреба можат да се изведат подготвителни работи. Подготвителни работи се вршат по добиено одобрение за подготвителни работи. Инвеститорот или изведувачот поднесува писмено барање за добивање на одобрение за подготвителни работи. Со одобрението за подготвителни работи се организира градилиштето со поставување на градби, кои се во функција на изградбата на градбата.

(2) Градби за вршење на подготвителни работи се:

- ограда за оградување на градилиштето,

- асфалтна база, сепарација на агрегати, погон за производство на бетон,

- далновод и трансформаторска станица која е потребно да се изгради заради напојување на градилиштето со електрична енергија,

- инсталација за довод и одвод на вода,

- градби за сместување на работници и за градежни производи,

- магацини за складирање на запаливи течности и експлозивни средства и

- други градби кои се потребни за изградба на градбата.

(3) Со барањето од ставот (1) на овој член се приложуваат проект за подготвителни работи, согласности, мислења и докази за регулирани имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи.

(4) Градбите од ставот (2) на овој член се од времен карактер и не се предвидуваат со урбанистички план, а изведувачот е должен да ги отстрани и земјиштето соодветно да го уреди најдоцна до поднесувањето на барањето за одобрение за употреба.

(5) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, да издаде одобрение за подготвителни работи или да донесе решение со кое се одбива барањето. Во одобрението за подготвителни работи се утврдува рок за отстранување на градбите за вршење на подготвителни работи.

(6) Ако инвеститорот не прибави одобрение за градење во рок од една година од денот на добивањето на одобрението за подготвителни работи, добиеното одобрение престанува да важи и изведувачот е должен веднаш да ги отстрани поставените градби за подготвителни работи и земјиштето соодветно да го уреди.

(7) Примерок од издаденото одобрение за подготвителни работи од ставот (1) на овој член, односно решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрение за подготвителни работи од ставот (1) на овој член се доставува и на надлежната градежна инспекција.

(8) Против одобрението односно решението од ставот (5) на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 на овој закон.

 

9. Градби за кои не е потребно одобрение за градење

 

Член 73

(1)      Одобрение за градење не е потребно за следниве градби:

-             мерни станици за заштита на медиумите на животната средина,

-             привремени градби наменети за истражувачки дејности (градби за вршење истражувачки мерења, природни ресурси, мерни станици за ветер, сонце, воздух, бушотини, ископи и слично) кога постои одлука на надлежен орган, за периодот од најмногу три години, по кој период треба да се отстранат,

-             градби во функција на градобијна одбрана и градба за сигнализација во воздушниот сообраќај,

-             некатегоризиран пат кој служи за стопанисување со шуми и користење на други природни ресурси одобрени со посебен пропис,

-             споменици, спомен обележја и скулптури,

-             гробница и споменици на гробни места во рамките на гробиштата утврдени со урбанистички план,

-             градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лица со инвалидност до и во градбата,

-             при вградување и замена на опрема во градба која е во употреба заради проширување на капацитетот на градбата, а со која не се менува намената на градбата и просторијата во која е сместена опремата, нити се менуваат општите услови за заштита и спасување предвидени со основниот проект за градбата - телекомуникациска опрема за интерен пренос на говор и слика, опрема во функција на заштита на градбата од кражби, заштита и спасување,

-             огради,

-             електронска комуникациска опрема за пренос на слика, говор и други податоци која се поставува на објекти за кои е издадено одобрение за употреба;

-             рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти;

-             потпорни ѕидови,

-             помошни градби кои се во функација на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела (гаража со бруто развиена површина до 50 м2, остава, септичка јама и слично),

-             настрешници во функција на објект,

-             базени на ниво на терен за индивидуална употреба,

-             привремени градби за потреби на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кои се градат во рамки на технолошките индустриски развојни зони,

-            отворени и затворени спортски игралишта,

-            спортски сали со бруто развиена површина до 1500 м2,

-             мерни и разводни ормари за електрична енергија и нисконапонските кабли,

-             оптички кабли, оптички кабли со кабелска канализација и кабелска канализација за оптички кабли,

-             привремени градби за сместување на работници при изградба на индустриски објекти и линиски инфраструктурни објекти,

-             подземни садови за комунален отпад,

-             придружни објекти на гробишта (мртовечница, крематориум, посебни објекти за согорување на отпадоци и друг отпаден материјал од гробиштата, санитарни објекти, бунари со индустриска вода и продавници за продажба на свеќи и цвеќе),

-             железнички станици чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација,

-             градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација,

- модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност,

-             опрема за автоматско регулирање на премин преку постојни железнички пруги и инсталации за автоматско следење и управување на сообраќајот на постојни железнички пруги,

-             фото-напонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1МW кои се поставуваат на објекти,

-             електронски информативни и рекламни паноа (со површина над 30 м2 и со конструктивни елементи) кои се поставуваат на јавни површини,

-    вградување или замена на опрема во градба за внатрешна гасоводна инсталација по претходна согласност од надлежни органи за заштита од пожари, експлозии и опасни материи,

-             плажи со придружни објекти кои се градат на копнена и на водена површина, во рамки на простор предвиден за плажа,

-             пешачки патеки,

-             подземни бунари со линиски системи кои се во фукција на бунарите,

-             електронска комуникациска опрема за следење и регулирање на сообраќајот на постојни улици.

(2)      За градбите од ставот (1) алинеја 6 на овој член нe се применуваат одредбите од членот 74 на овој закон, а истите се градат согласно со Законот за гробишта и погребални услуги.

(3)      Градбите од став (1) алинеи 16, 17, 18, 21, 23, 24 и 25 на овој член, кои не се предвидени со урбанистички план односно урбанистичко планска документација, како и модуларните градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност кои се поставуваат на место на постојни здравствени установи, се предвидуваат со програма која се состои од графички и текстуален дел, при што текстуалниот дел содржи податоци за градбата и просторот за поставување на градбата а графичкиот дел се состои од приказ на постоечката и планираната состојба.

(4)      Програмата од став (3) на овој член за градбите за потреби на општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје ја одобрува Советот на општината, Советот на општината во градот Скопје односно Советот на градот Скопје, а за градбите чија изведба е финансирана од Буџетот на Република Северна Македонија или од страна на правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонија или со средства од Европската унија односно друга меѓународна организација како и за привремени градби за сместување на работници при изградба на линиски инфраструктурни објекти од прва категорија од членот 57 од овој закон и за модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност кои се поставуваат на место на постојни здравствени установи, ја одобрува органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

(5)      Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот донесува Упатство за начинот на изготвување на програмата од став (3) на овој член.

 

Член 74

(1) За изведување на градбите односно поставување на опремата од членот 73 став (1) на овој закон, инвеститорот поднесува барање за изведување односно поставување со потребна документација до општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, на чие подрачје треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата и решението го издава градоначалникот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, барањето за изведување на градбите односно поставување на опремата од членот 73 став (1) на овој закон, чија изведба односно поставување е финансирана од Буџетот на Република Северна Македонија или од страна на правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонија или со средства од Европската унија односно друга меѓународна организација, како и за привремени градби за сместување на работници при изградба на линиски инфраструктурни објекти од прва категорија од членот 57 од овој закон, се поднесува до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и решението го издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, барањето за изведување, односно поставување на модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност, се поднесува до Министерството за здравство и решението го издава Министерството за здравство, барањето за изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 став (1) од овој закон во рамки на технолошко индустриските развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица како и во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Северна Македонија, се поднесува до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и решението го издава Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, a барањето за изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 став (1) од овој закон во рамки на технолошки индустриски развојни зони за кои е склучен договор за јавно приватно партнерство се поднесува до Министерството за економија и решението го издава Министерството за економија.

(3) Надлежниот орган од ставовите (1) и (2) на овој член донесува решение за изведување на градбата односно поставување на опремата, во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето, доколку доставената документација е комплетна и се исполнети условите за изведување на градбата односно поставување на опремата, а во спротивно донесува заклучок за прекин на постапката со кој го задолжува инвеститорот да ги отстрани констатираните недостоци во рок од седум работни дена од приемот на заклучокот. Доколку инвеститорот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето во утврдениот рок, надлежниот орган е должен во рок од три работни дена да донесе решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата, а во спротивно донесува решение за одбивање на барањето.

(4) Против заклучокот односно решението на градоначалникот на општината, општината на градот Скопје односно градот Скопје може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на заклучокот односно решението, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот.

(5) Против заклучокот односно решението на органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот, заклучокот, односно решението на Министерството за здравство, заклучокот, односно решението на Дирекцијата за технолошките индустриски развојни зони и заклучокот, односно решението на Министерството за економија, може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прием на заклучокот односно решението, до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

(6) Решението за поставување на некатегоризиран пат кој служи за стопанисување со шуми и користење на други природни ресурси одобрени со посебен пропис, електронска комуникациска опрема за пренос на слика, говор и други податоци која се поставува на објекти, помошни градби кои се во функација на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела (гаража со бруто развиена површина до 50 м2), базени на ниво на терен за индивидуална употреба, оптички кабли, оптички кабли со кабелска канализација и кабелска канализација за оптички кабли, отворени спортски игралишта и спортски сали со бруто развиена површина до 1500 м2, како и железнички станици и градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација, донесено согласно став (1) на овој член, кое е правосилно, претставува правен основ за прибележување, предбележување и укнижување на правото на сопственост на градбата, односно опремата во јавната книга за запишување на правата на недвижности.

(7) Градбите од ставот (6) на овој член се ставаат во употреба и се запишуваат во јавната книга за запишување на правата на недвижности по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер, во кој е констатирано дека градбата е поставена односно изведена согласно решението за поставување односно изведување и дека градбата може да се стави во употреба.

(8) Формата и содржината на барањето за издавање на решение за изведување односно за поставување, потребната документација и образецот на решението од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите за уредување на просторот.

(9) Доколку за градбите, односно опремата од членот 73 од овој закон е предвидено плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште согласно со Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост, инвеститорот е должен да го плати надоместокот пред издавање на решението за изведување на градбите, односно поставување на опремата.

(10) Инвеститорот може да започне со изградба на градбата, односно поставување на опремата од членот 73 од овој закон врз основа на правосилно решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата од членот 73 од овој закон, а по исклучок на сопствена одговорност и ризик инвеститорот може да започне со изградба и врз основа на конечно решение.

(11) За градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација, во случаите кога дел од таа градба опфаќа површина и на територијата на соседна држава и која не претставува градежна и функционална целина, решението за изведување на градби за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација се издава за делот од градбата кој се наоѓа на територијата на Република Северна Македонија.

 

10. Посебни случаи на изградба

 

Член 75

(1) Во случај на опасност од природни појави или од воени и други разурнувања, кои непосредно можат да ги загрозат луѓето и добрата, во текот на тие опасности и непосредно после нивното престанување, без одобрение за градење можат да се изградат оние градби кои служат за спречување на дејството на тие опасности, односно отстранување на штетните последици.

(2) Градбите од ставот (1) на овој член мора да се отстранат најдоцна една година од денот на престанувањето на опасноста.

 

Член 76

Во случај на оштетување на објекти под дејство на природни појави или од воени и други разурнувања, градбата во зависност од степенот на оштетувањето може да се врати во поранешна состојба без одобрение за градење, а во согласност со одобрението за градење, односно одобрениот проект врз основа на кој е изграден. Во случај кога се работи за градба запишана во Националниот регистар на културно наследство потребно е да се побара одобрение според прописите од областа на заштитата на културното наследство.

 

Член 77

(1) Објектот може да се врати во поранешна состојба врз основа на проект за обновување, а надлежниот орган од членот 58 од овој закон ќе го смета за обновен, ако неговиот сопственик достави:

1) еден примерок од проектот за обновување;

2) еден примерок од одобрението за градење, односно одобрениот проект врз основа на кој бил изграден објектот;

3) записник за примопредавање на обновената градба со завршен извештај од надзорен инженер со потврда дека објектот е обновен во согласност со проектот за обновување и

4) копија од катастарски план.

(2) Објектот чие одобрение за градење или друга соодветна дозвола, односно документација е уништена или е недостапна во случаите од членот 76 на овој закон ќе се смета за обновен, ако неговиот сопственик достави:

1) еден примерок од проектот за обновување;

2) записник за примопредавање на обновената градба со завршен извештај од надзорен инженер со потврда дека објектот е обновен во согласност со проектот за обновување и

3) копија од катастарскиот план.

(3) Градбата од ставовите (1) и (2) на овој член се смета за употреблива градба.

 

Член 78

(1) Проектот за обновување на објектот или на дел од објектот, содржи техничко решение и опис за начинот на обновување на објектот или негов дел, прикажано како постојна состојба и обновена состојба, со што нема да се влијае на стабилноста на земјиштето или на исполнување на основните барања на соседните објекти, како и транспортот и згрижувањето на градежниот отпад што се отстранува и уредувањето на градежна парцела.

(2) На проектот за обновување од ставот (1) на овој член се врши ревизија согласно со членот 21 од овој закон.

 

Член 78-а

(1) При изградба на државни и општински патишта може да се формира одлагалиште на земјиште, кое претставува простор на кој се одлага земјиште при изградба на пат.

(2) За формирање на одлагалиште на земјиште, инвеститорот на државниот, односно општинскиот пат доставува проект за инфраструктура, кој го одобрува надлежниот орган од ставот (3) на овој член.

(3) Проектот за инфраструктура за одлагалиште на земјиште на државен пат го одобрува органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, а за одлагалиште на земјиште на општински пат го одобрува општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје.

(4) Одлагалиштето на земјиште може да се користи, доколку земјиштето опфатено со проектот за инфраструктура со кој е формирано одлагалиштето е сопственост на Република Северна Македонија, а доколку не е сопственост на Република Северна Македонија, односно истото е во сопственост на физичко или правно лице, може да се користи по решавање на имотно-правните односи со сопственикот на земјиштето.

(5) Формирањето на одлагалиште на земјиште на државен пат и на општински пат претставува јавен интерес.

 

Член 78-б

(1) Доколку при изградба на државен пат или железничка пруга е потребно да се изврши дислокација на далновод, трафостаница, нафтовод, продуктовод, магистрален гасовод, магистрален топловод, се спроведува постапка за дислокација.

(2)      Дислокацијата на објектот од ставoт (1) на овој член се спроведува врз основа на одобрен проект за дислокација.

(3)      За одобрување на проект за дислокација на објектот од ставот (1) на овој член кој е предмет на дислоцирање, сопственикот односно операторот на објектот кој треба да се дислоцира поднесува барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, кон кое се доставува проект за дислокација со позитивен извештај за ревизија на истиот, со изјава заверена на нотар дадена под полна материјална и кривична одговорност од сопственикот односно операторот дека објектот од ставот (1) на овој член за кој поднесува барање за дислокација е негова сопственост или е во негово владение.

(4)      Надлежниот орган од ставот (3) на овој член, должен е во рок од пет работни дена да донесе решение за одобрување на проектот за дислокација на објектот од ставот (1) на овој член и да го завери проектот со заверка и печат или да достави известување за констатирани недостатоци до подносителот на барањето. Доколку подносителот на барањето за одобрување на проектот за дислокација на објектот од ставот (1) на овој член не ги отстрани констатираните недостатоци во рок од десет работни дена од приемот на известувањето за констатирани недостатоци, надлежниот орган од ставот (3) на овој член донесува решение за одбивање на барањето.

(5)      Техничкиот преглед на дислоцираниот објект од ставoт (1) на овој член, го врши надзорен инженер со овластување А за вршење на надзор над изградбата на градби и истите се ставаат во употреба по изготвување на извештај за извршен технички преглед согласно со членот 90 ставот (3) од овој закон, во кој е констатирано дека објектот е изграден согласно со проектот за дислокација и дека може да се стави во употреба.

(6)      Правосилното решение за одобрување на проектот за дислокација на објектот од ставот (1) на овој член претставува правен основ за прибележување, предбележување и укнижување на правото на сопственост на делот од објектот кој се дислоцира во јавната книга за запишување на правата на недвижности.

(7)      Доколку земјиштето на кое е предвидено да се изведе дислоцираниот објект од став (1) на овој член е во сопственост на физички или правни лица, сопственикот односно операторот на објектот од ставот (1) на овој член кој треба да се дислоцира е должен по донесување на решението за одобрување на проектот за дислокација да обезбеди договор за долготраен закуп за земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето или согласност од сопственикот на земјиштето за поставување, односно изградба на објектот кој треба да се дислоцира или да заснова право на службеност на предметното земјиште или во постапка за експропријација да е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно со Законот за експропријација, а во спротивно дислоцираниот објект од ставот (1) на овој член не може да се стави во употреба.

(8)      Дислоцираниот објект од ставот (1) на овој член за кој е изготвен извештај за извршен технички преглед согласно со членот 90 став (3) од овој закон, во кој е констатирано дека дислоцираниот објект од ставот (1) на овој член е изграден согласно со проектот за дислокација, а за кои во постапка на експропријација е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно со Законот за експропријација, може да се стави во употреба, но не може да се запише во јавната книга за недвижности се до решавање на имотно-правните односи со сопственикот на земјиштето на кое истите се изградени.

(9)      Дислокацијата на објектот од ставот (1) на овој член при изградба на државен пат или железничка пруга претставува јавен интерес.

(10)  Формата и содржината на проектот за дислокација на објект од ставот (1) на овој член и на решението за одобрување на проектот за дислокација на објектот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

 

11. Времени објекти и урбана опрема

 

Член 79

(1) Општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесуваат годишна програма за поставување на времени објекти со која се утврдува просторот на кој можат да се постават времени објекти, кој треба да е градежно незиградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, со изградена инфраструктура и за кој е донесена урбанистичко планска документација.

(2) Програмата од ставот (1) се донесува од страна на советот на општината, односно советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје по добиена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот. Програмата се состои од графички и текстуален дел. Текстуалниот дел содржи податоци за просторот за поставување на времениот објект, површината и висината на времениот објект и за видот на дејноста која ќе се извршува. Графичкиот дел се состои од приказ на постоечката и планираната состојба.

(3) По одобрување на програмата од ставот (1) на овој член, надлежниот орган за спроведување на постапката за давање на градежно земјиште под краткотраен закуп согласно со Законот за градежно земјиште, спроведува постапка за доделување под краткотраен закуп на градежното земјиште опфатено со програмата.

(4) Микролокациските услови претставуваат извод од графичкиот и текстуалниот дел на годишната програма за времени објекти и ги изработуваат надлежните органи од ставот (1) на овој член и врз основа на истите се изработува геодетскиот елаборат.

(5) Времените објекти се поставуваат по добиено одобрение за поставување на времен објект, кое го издава градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје на лицата кои склучиле договор за краткотраен закуп за предметното земјиште.

(6) Со барањето за поставување на времен објект се поднесува:

- договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон,

- имотен лист за предметното земјиште и

- идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно со микролокациските услови.

(7) Издавање на одобрение за поставување на времени објекти без дадена согласност на програмата од ставот (1) на овој член и/или спротивно на законските прописи, претставува основ за одземање на надлежноста за издавање на одобрение за поставување на времени објекти.

 

Член 80

(1) Урбана опрема се поставува на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. Потребата за поставување на урбана опрема ја утврдува советот на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје.

(2) Урбана опрема се поставува по добиено одобрение за поставување на урбана опрема, кое го издава градоначалникот на општината, градоначалниците на општините во градот Скопје и градоначалникот на градот Скопје.

(3) По исклучок од ставот (2) на овој член, за урбана опрема-електронски информативни и рекламни паноа (со површина над 30м2 и со конструктивни елементи) кои се поставуваат на јавни површини, се издава решение согласно со членот 74 од овој закон.

 

Член 80-а

(1) За поставување на урбана опрема советот на општината, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје донесуваат програма со која се утврдува бројот, видот и големината на урбаната опрема, како и локациите и објектите на кои може да се постави истата.

(2) Советите на општините во градот Скопје, програмата од ставот (1) на овој член ја донесуваат по претходно позитивно мислење од градот Скопје.

 

Член 81

(1) Со одобрението за поставување на времен објект и одобрението за поставување на урбана опрема се утврдуваат условите, начинот и рокот за поставување и отстранување на времениот објект, односно урбана опрема.

(2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот донесува Упатство за начинот на изготвување на годишната програма за поставување на времени објекти и микролокациски услови и ја пропишува формата и содржината на одобрението за поставување на времени објекти и одобрението за поставување на урбана опрема.

(3) Надлежните органи од членот 79 став (1) на овој закон се должни да водат регистар на издадени одобренија за поставување на времени објекти и урбана опрема.

 

 

VI. ГРАДИЛИШТЕ

 

1. Формирање и уредување на градилиште

 

Член 82

(1) Пред почетокот на изведувањето на земјаните работи на градежната парцела, инвеститор е должен да обезбеди обележување на проектираната градба на терен, со соодветни знаци од страна на трговец поединец, односно трговско друштво за геодетски работи кое изготвува геодетски елаборат за обележување на проектираната градба.

(2) Начинот на обележување на проектираната градба на терен ќе го пропише министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 83

(1) Изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во градилиштето со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози минувачите.

(2) На градилиштето кое се протега на поголем простор (железнички пруги, патишта, далноводи и слично), деловите од градилиштето кои не можат да се оградат, мора да бидат заштитени со одредени сообраќајни знаци или означени на друг начин.

(3) Градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, надлежниот орган од членот 58 на овој закон, број и датум на издаденото одобрение за градење, како и назнаката дека се работи за заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, ако таа градба е запишана во Националниот регистар на културно наследство.

 

Член 84

(1) Изведувачот е должен при привремено зафаќање на соседното, односно околното земјиште за потребите на градилиштето да постапува согласно со закон.

(2) За привремено зафаќање на јавни сообраќајни површини за потребите на градилиштето, изведувачот е должен да прибави акт од надлежен орган согласно со закон.

 

Член 85

(1) Градбите за подготвителни работи и поставената опрема на градилиштето мора да одговараат на основните барања за градбата.

(2) Градбите од ставот (1) на овој член, непотрошените градежни и други материјали, отпадот и слично, мора да бидат отстранети во рокот утврден во одобрението за подготвителни работи од членот 72 на овој закон.

 

2. Документација на градилиште

 

Член 86

(1) Изведувачот на градбата е должен да ја има следнава документација:

1) решение за упис во Централниот регистар и соодветна лиценца издадена согласно со овој закон;

2) потврда за определен инженер за изведба и надзорен инженер на градилиштето;

3) одобрение за градење со основен проект;

4) извештај за извршена ревизија од ревидентот;

5) градежен дневник и градежна книга;

6) доказ за пропишан квалитет за вградените градежни производи, како и докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал;

7) елаборат за заштита при работа;

8) мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата, мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата;

9) комплетни податоци за учесниците во изградбата и

10) друга документација ако со друг закон е пропишана обврска дека изведувачот треба да ја има на градилиштето.

(2) Во случаите кога постапката за издавање на одобрение за градење е спроведена на електронски начин изведувачот не е должен на градилиште да има основен проект и извештај за извршена ревизија од ревидентот.

(3) Во случаите кога е издадено одобрение за градење согласно со Законот за технолошки индустриски развојни зони и Законот за индустриски-зелени зони, изведувачот е должен на градилиштето да ја има документацијата врз основа на која е издадено одобрението за градење согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони и Законот за индустриски-зелени зони.

 

 

VII. ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА

 

Член 87

(1) Градбата ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, а градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 (освен надградбите во случаите од член 59-ѕ став (1) на овој закон) ќе се стават во употреба по давање на изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

(2) Во случаите од членот 59 став (2) алинеја 5 од овој закон, кога градежната парцела е најмалку 90% сопственост на барателот во постапката за одобрение за градење, градбата ќе се стави во употреба по регулирање на имотноправните односи на целата градежна парцела, најдоцна до поднесување на одобрението за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер со доставување на доказот за сопственост за целата градежна парцела согласно со изводот од урбанистички план и геодетскиот елаборат за нумерички податоци до надлежниот орган.

(3) Одобрението за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон го издава надлежниот орган од членот 58 на овој закон кој го издал одобрението за градење, откако по техничкиот преглед ќе се утврди дека градбата е изградена во согласност со основниот проект или со проектот на изведена состојба доколку се извршени измени во текот на изградбата.

(4) Постапката за издавање одобрение за употреба се спроведува согласно со Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

(5) Одобрението за употреба на објектот му се издава на инвеститорот врз основа на доказ од јавната книга за запишување на правата на недвижностите - имотен лист со запишано право на сопственост, други стварни права и сите предбелешки и прибелешки или друг доказ за стекнато право на градење согласно со закон.

(6) По исклучок од став (4) на овој член, за линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи, далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, системи за наводнување и одводнување, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје како и хидроцентрали и брани со акумулации, одобрението за употреба на објектот може да му се издаде на инвеститорот, доколку во постапка за експропријација е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно со Законот за експропријација.

(7) Против одобрението за употреба, односно против решението со кое се одбива барањето за издавање одобрение за употреба издадено од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, односно од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, односно од Министерството за економија, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобрението, односно приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

(8) Примерок од одобрението за употреба за градба се доставува до надлежната градежна инспекција, а за градба во која има засолниште се доставува и до органот надлежен за вршење на работите од областа на заштитата и спасувањето, заради водење на евиденција на засолништа.

(9) Кога одобрението за градење гласи на повеќе лица - инвеститори, во одобрението за употреба односно до изготвувањето на извештајот за извршен технички преглед од надзорниот инженер се наведуваат сите лица, а деловите на секој се изразуваат во идеални делови (дропки) или реални делови врз основа на одредбите од договорот за уредување на меѓусебните односи и делови во врска со градбата, потврден од нотар, а приложен во постапката за издавање на одобрение за градење.

(10) Во случаите од членот 62 став (2) од овој закон градбата се става во употреба, односно се издава одобрение за употреба или се изготвува извештај за технички преглед од надзорен инженер само за целата градба, откако ќе бидат изградени сите делови од градбата и градбата ќе претставува градежно-техничка и функционална целина.

(11) Формата и содржината на одобрението за употреба ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.


Член 87-а

(1)      По исклучок од членот 87 став (1) на овој закон, инвеститорот може да започне со привремено користење на линиска инфраструктурна градба чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација, без одобрение за употреба за градбите од прва категорија односно извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер за градбите од втора категорија, доколку од страна на надзорниот инженер кој вршел надзор над изградбата е изготвен позитивен извештај за привремена употреба на градбата, а во случаите кога градбата е државен или локален пат донесено е и решение за одобрен режим на сообраќај од надлежен орган.

(2)      Во извештајот  за привремена употреба на градбата од ставот (1) на овој член, надзорниот инженер треба да потврди дека:

-             градбата нема одредени недостатоци кои ги нарушуваат основните барања на градбата кои се однесуваат на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита поради кои градбата не може да се стави во употреба;

-             градбата нема недостатоци кои треба да бидат отстранети;

-             градбата е приклучена на електроенергетска, водоводна, канализациона и патна инфраструктура;

-             отстранети се градби за подготвителни работи ако такви градби билe поставени согласно членот 72 од овој закон и

-             во текот на изградбата вршел проверка на квалитетот на  вградените материјали и опрема.

(3) Во случаите од ставот (1) на овој член, инвеститорот е должен да обезбеди  одобрение за употреба за градбите од прва категорија односно извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија, во рок од две години од изготвувањето на позитивен извештај за привремена употреба на градбата.

 

1. Барање за издавање одобрение за употреба

 

Член 88

(1) Барањето за издавањето на одобрение за употреба го поднесува инвеститорот.

(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член инвеститорот поднесува:

- основен проект, а доколку се извршени измени во текот на изградбата проект на изведена сосотојба кој во случаите од членот 51 став (4) од овој закон треба да биде заверен од надзорен инженер.

- завршен извештај на надозорен инженер со кој е потврдено дека градбата е изградена согласно со основниот проект и одобрението за градење и

- извадок од јавната книга за запишување на правата на недвижностите за последната состојба на запишаните права на градбата (имотен лист), заради утврдување на правниот однос во врска со градбата меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето.

(3) Во случаите кога е издадено одобрение за градење за линиски инфраструктурни објекти коишто се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба, градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Северна Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Северна Македонија, со обврска инвеститорот да ги регулира имотноправните односи до поднесување на барањето за одобрение за употреба, односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, покрај документацијата од ставот (2) на овој член, инвеститорот е должен со барањето да достави геодетски елаборат за нумерички податоци и доказ за решени имотноправни односи.

(4) По исклучок од став (3) на овој член, за линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи, далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, системи за наводнување и одводнување, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје како и хидроцентрали и брани со акумулации, за кои во постапка за експропријација е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно Законот за експропријација, покрај документацијата од став (2) на овој член, инвеститорот е должен со барањето да достави одлука за воведување во владение на земјиштето донесена согласно со Законот за експропријација.

(5) Во случаите кога е издадено одобрение за градење за градба за која се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите покрај документацијата од став (2) на овој член, инвеститорот со барањето доставува и сертификат за енергетски карактеристики на зградата издаден од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола.

(6) Доколку во постапка за одобрение за употреба се врши приклучување на градби на постојни преносни и дистрибутивни далноводи и трафостаници за кои операторот на дистрибутивниот или преносниот систем не располага со доказ дека истите се изградени согласно со закон, инвеститорот е должен да достави како доказ согласност од операторот на чија мрежа се приклучува и изјава заверена кај нотар дадена под полна материјална и кривична одговорност во прилог на согласноста, со која операторот потврдува дека постојните преносни и дистрибутивни далноводи и трафостаници се негова сопственост или негово основно средство за работа.

(7) Согласноста и изјавата од ставот (6) на овој член, операторот на дистрибутивниот или преносниот систем по доставено барање на инвеститорот задолжително ја доставува во рок од седум дена.

 

2. Технички преглед

 

Член 89

(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон е должен по приемот на барањето за издавање на одобрение за употреба да изврши технички преглед на градбата.

(2) Во случај на непотполно барање надлежниот орган е должен во рок од седум дена од приемот на барањето да побара дополнување.

(3) Техничкиот преглед на градбата го врши комисија во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на потполно барање. Комисијата е составена од најмалку три члена и нивни заменици, со овластување за надзорен инженер издадено согласно со овој закон, во зависност од категоријата на градбата на која се врши технички преглед, а за електронските комуникациски мрежи и средства, потребно е во комисијата да има најмалку два члена од Агенцијата за електронски комуникации.

(4) Комисијата за технички преглед на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон ја формира надлежниот орган од членот 58 од овој закон кој го издал одобрението за градење.

(5) За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, техничкиот преглед го врши надзорниот инженер за што изготвува извештај за извршен технички преглед. Извештајот се доставува до општината каде што е изграден објектот заедно со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.

(6) За градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 (освен за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) на овој закон) не се врши технички преглед, а изведувачот е должен да даде изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба. Изјавата со која се потврдува дека објектот е изграден во согласност со одобрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба се доставува до општината каде што е изграден објектот заедно со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.

 

Член 89-а

За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон за кои се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите инвеститорот пред вршење на технички преглед обезбедува сертификат за енергетски карактеристики на зградата издаден од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола.

 

Член 90

(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон го организира техничкиот преглед и ги известува учесниците во изградбата за местото, денот и часот на вршењето на техничкиот преглед.

(2) Комисијата што врши технички преглед за својата работа составува записник во кој констатира дали:

- дали градбата е изградена согласно основниот проект или проектот на изведена состојба и одобрението за градење, а во случаите од членот 51 став (4) од овој закон дали градбата е изградена согласно проектот на изведена состојба заверен од надзорен инженер.

- градбата е со фасада и може да се употребува,

- има одредени недостатоци кои мораат да бидат отстранети за да може да се издаде одобрение за употреба и

- има недостатоци кои ги нарушуваат основните барања на градбата кои се однесуваат на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита и ќе предложи за таа градба да не се издаде одобрение за употреба.

(3) Надзорниот инженер кој врши технички преглед за градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, во извештајот за извршен технички преглед констатира дали градбата е изградена согласно со основниот проект или проектот на изведена состојба и одобрението за градење, а во случаите од членот 51 став (4) од овој закон дали градбата е изградена согласно проектот на изведена состојба заверен од надзорен инженер, дали градбата е со фасада и може да се употребува, дали има одредени недостатоци кои мора да бидат отстранети и дали има одредени недостатоци кои ги нарушуваат основните барања на градбата кои се однесуваат на механичката отпорност, стабилност и сеизмичка заштита поради кои градбата не може да се стави во употреба.

(4) Во случаите од членот 59 став (17) од овој закон Комисијата, односно надзорниот инженер што врши технички преглед, задолжително констатира дали инвеститорот ги регулирал имотноправните односи за целата градежна парцела, а доколку истите не се целосно регулирани, градбата не може да се стави во употреба.

(5) По исклучок од ставот (4) на овој член, за линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи, далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари системи за наводнување и одводнување, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје како и хидроцентрали и брани со акумулации, градбата може да се стави во употреба доколку во постапка за експропријација е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно Законот за експропријација.

(6) Во случаите кога при вршење на технички преглед на градба за потребите на државни органи, агенции и фондови основани од Република Северна Македонија и правни лица во целосна или доминантна сопственост на Република Северна Македонијакако и градби наменети за основно, средно и високо образование и градби за научно-истражувачката дејност, Комисијата односно надзорниот инженер констатираат дека не е изграден локален пат или улица на кои треба да се приклучи градбата, истата може да се стави во употреба, доколку при вршење на техничкиот преглед согласно ставовите (2) и (3) на овој член не се утврдени други недостатоци поради кои градбата не може да се стави во употреба.

(7) Формата и содржината на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер за градбите од втора категорија ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 90-а

Доколку при вршењето на техничкиот преглед Комисијата, односно надзорниот инженер што врши технички преглед, констатира дека не постојат докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, должни се за тоа да го известат надлежниот орган од членот 58 од овој закон кој го издал одобрението за градење, како и Државниот инспекторат за техничка инспекција.

 

Член 90-б

Доколку не се обезбедени позитивно мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и позитивно мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата, градбата не може да се стави во употреба.

 

Член 90-в

Доколку не е обезбеден сертификат за енергетски карактеристики на зградата издаден од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола, градбата за која се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите не може да се стави во употреба односно изведувачот не може да ја даде изјавата од член 89 став (6) на овој закон.

 

Член 91

Изведувачот е должен на денот на одржување на техничкиот преглед, на комисијата од членот 89 на овој закон односно на надзорниот инженер кој треба да изврши технички преглед да ја даде на увид целокупната документација наведена во членот 86 на овој закон.

 

Член 92

(1) Инвеститорот е должен на своја сметка да ги надомести трошоците за извршување на техничкиот преглед.

(2) Начинот на вршење на техничкиот преглед го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(3) Висината на трошоците за техничкиот преглед од ставот (1) на овој член на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот ја пропишува Владата на Република Северна Македонија.

 

Член 92-а

(1) Постапката за поврзувањето на објектот со водоводна и канализациона мрежа ја спроведува единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден објектот.

(2) Објект кој е изграден без одобрение за градење не може да се поврзе за техничката инфраструктура (електроенергетска, водоводна, канализациона, патна и слично).

(3) По исклучок од ставот (2) на овој член објект кој е изграден без одобрение за градење може да се поврзе со техничката инфраструктура, доколку за истиот е издадена урбанистичка согласност или решение за утврдување на правен статус на бесправен објект согласно со Законот за утврдување на правен статус на бесправни објекти.

(4) Општината е должна да ја започне постапката за поврзување на објектот со водоводна и канализациона мрежа во рок од три работни дена од денот на приемот на известување од надзорниот инженер, а за објектите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 од изведувачот, доколку не е определен надзорен инженер.

 

3. Издавање одобрение за употреба

 

Член 93

(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон ќе издаде одобрение за употреба за градбата во рок од 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.

(2) Доколку комисијата при вршењето на техничкиот преглед утврди недостатоци поради кои не може да се даде одобрение за употреба, писмено ќе ги извести инвеститорот за нивно отстранување во рок не подолг од 30 дена.

(3) Барањето за издавање на одобрение за употреба надлежниот орган ќе го одбие со решение ако во определениот рок од ставот (2) на овој член не се отстранат недостатоците утврдени при вршењето на технички преглед.

 

Член 94

(1) Одобрение за употреба за градба од прва категорија од членот 57 на овој закон, може на барање на инвеститорот да се издаде и за еден или повеќе нејзини делови, ако претставуваат градежна и функционална целина, како фазна градба.

(2) За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон, на барање на инвеститорот, може да се изготви извештај за извршен технички преглед за еден или повеќе делови за градбата, ако претставуваат градежна и функционална целина како фазна градба.

 

4. Примопредавање на изведена градба

 

Член 95

По издавањето на одобрение за употреба од надлежниот орган од членот 58 на овој закон, односно по изготвување на извештајот за извршен технички преглед од страна на надзорниот инженер, односно по давање на изјава од изведувачот за објектите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м 2 изведувачот и инвеститорот вршат примопредавање на градежниот објект и за тоа составуваат записник за примопредавање на изведена градба како градежен објект.

 

5. Упис на недвижности во јавна книга

 

Член 96

(1) Постапката за запишување на објектот во јавната книга на недвижности ја спроведува надлежниот орган од членот 58 на овој закон кој го издал одобрението за градење.

(2) За градбите од прва категорија органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот е должен во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на приемот на геодетски елаборат за извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.

(3) За градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, општината е должна во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на приемот на извештајот на надзорниот инженер со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон, а за објектите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2 (освен за надградбите во случаите од член 59-ѕ став (1) од овој закон) во рок од три работни дена од денот на приемот на изјава од изведувачот со геодетски елаборат од извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став (15) на овој закон.

(4) За градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица, кои ги градат закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони, (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура), за градбите во слободните здравствени зони, како и за градбите во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Северна Македонија кои ги градат сопствениците на земјиштето во индустриските и зелените зони, надлежниот орган од членот 58 став (3) од овој закон кој го издал одобрението за градење, е должен во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на прием на геодетски елаборат за извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот.

(5) За магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје, како и за линиски инфаструктурни објекти чија изградба согласно со Законот за градот Скопје е во надлежност на градот Скопје, градот Скопје е должен во име и за сметка на инвеститорот да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности, до надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, во рок од три работни дена од денот на приемот на геодетскиот елаборат за извршен премер на објектот и доказ за платени трошоци за запишување на објектот во јавните книги на недвижности од страна на инвеститорот согласно со пресметката од членот 59 став (15) од овој закон.

(6) Надлежниот орган за запишување на правата на недвижности, градежниот објект ќе го запише во јавната книга на недвижности по поднесено барање од органите од ставовите (2), (3), (4) и (5) на овој член кон кое се поднесува основен проект или проект на изведена состојба доколку се извршени измени во текот на изградбата, геодетски елаборат од извршен премер на објектот, како и одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер за градбите од втора категорија од членот 57 на овој закон и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, односно изјава заверена од нотар дадена под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која е потврдено дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба, за градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 (освен за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон).

(7) По исклучок од став (6) на овој член, линиските инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи, далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, системи за наводнување и одводнување, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје како и хидроцентрали и брани со акумулации, за кои е издадено одобрение за употреба согласно член 93 став (1) на овој закон односно за кои е изготвен извештај за извршен технички преглед согласно член 90 став (3) од овој закон во кој е констатирано дека може да се стават во употреба, а за кои во постапка за експропријација е донесена одлука за воведување во владение на земјиштето согласно со Законот за експропријација, не можат да се запишат во јавната книга за недвижности се до решавање на имотно-правните односи со сопственикот на земјиштето на кое истите се изградени.

 

 

VIII. УПОТРЕБА, ОДРЖУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ

 

1. Употреба на градежен објект, пренамена, адаптација и реконструкција

 

Член 97

(1) Објектот се употребува согласно со неговата намена.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, посебен дел од објект, стан или дел од стан, може да се пренамени, реконструира или да се адаптира, под услови утврдени со овој закон.

(3) За пренамена на посебен дел од објект, стан или дел од стан сопственикот на објектот, до надлежниот орган од членот 58 од овој закон, поднесува барање за пренамена при што со барањето доставува:

- извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација,

- доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена,

- основен проект за предвидената пренамена, со позитивен извештај за ревизија на истиот и

- договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост.

(4) За реконструкција на објект или дел од објект, сопственикот на објектот, а во случаите кога е донесена одлука согласно членот 67-а став (1) од овој закон, општината, општината во градот Скопје или градот Скопје, до надлежниот орган од членот 58 од овој закон поднесува барање за реконструкција, при што со барањето доставува:

- доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, а доколку се работи за реконструкција на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од овој закон, одлука на советот на општината, советот на општината во градот Скопје или советот на градот Скопје,

- имотен лист за објектот предмет на реконструкција или правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за реконструкција и

- основен проект за предвидената реконструкција, со позитивен извештај за ревизија на истиот.

(5) За адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан, сопственикот на посебен дел од објект, стан или дел од стан, до надлежниот орган од членот 58 од овој закон, поднесува барање за адаптација, при што со барањето доставува:

- имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за адаптација и

- проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптацијата.

(6) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон, во рок од пет работни дена дена од денот на приемот на барањето, утврдува дали доставената документација е комплетна, дали се исполнети условите за бараната пренамена, реконструкција или адаптација и прибавува мислења и согласности согласно со членот 59-в од овој закон, доколку утврди дека истите треба да се прибават.

(7) Доколку доставената документација е комплетна, исполнети се условите за бараната пренамена или реконструкција или адаптација и добиено е позитивно мислење, односно согласност од страна на субјектите од членот 58-в од овој закон до кои е доставено барање за увид во основниот проект, надлежниот орган во рокот утврден во ставот (6) на овој член донесува решение со кое се одобрува пренамена или реконструкција или адаптација и ја заверува проектната документација, а во спротивно донесува заклучок за прекин со кој го задолжува барателот да ги отстрани констатираните недостатоци во рок од 10 работни дена.

(8) Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во рокот од ставот (7) на овој член, надлежниот орган должен е во рок од три работни дена да донесе решение за одбивање на барањето, а доколку барателот го дополни барањето и ги отстрани констатираните недостатоци, надлежниот орган во рок од пет работни дена донесува решение со кое се одобрува пренамена или реконструкција или адаптација.

(9) Доколку некој од субјектите од членот 59-в до кои е доставено барање за увид имале дадено забелешки на основниот проект, надлежниот орган е должен веднаш по извршената дополна на барањето од страна на барателот, да достави барање за повторен увид во основниот проект, до субјектите од членот 59-в од овој закон кои имале дадено забелешки, а истите се должни да проверат дали е постапено по претходно дадените забелешки, во рок од два работни дена од денот на приемот на барањето за повторен увид во основниот проект.

(10) Доколку во постапката за пренамена се утврди дека е потребно да се плати надоместок за уредување на градежно земјиште, надлежниот орган пред издавање на решението со кое се одобрува пренамена, до барателот доставува пресметка, а барателот е должен во рок од 15 работни дена од денот на приемот на пресметката да го плати надоместокот, а во спротивно се донесува решение за одбивање на барањето.

(11) Доколку при вршење на реконструкција или адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан се врши и пренамена, барателот е должен до надлежниот орган да поднесе барање за реконструкција со пренамена или адаптација со пренамена и да ги достави доказите пропишани во ставот (3) на овој член.

(12) Против решението за одобрување, односно решението за одбивање на барањето за пренамена, реконструкција, реконструкција со пренамена, адаптација, адаптација со пренамена може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 на овој закон.

(13) Примерок од правосилното решение со кое е одобрено барањето за пренамена, реконструкција, реконструкција со пренамена, адаптација, адаптација со пренамена како и заверената проектна документација се доставуваат до органот надлежен за запишување на правата на недвижности и до надлежната градежна инспекција.

(14) Пренамена и адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан не може да се одобри доколу се нарушуваат параметрите за намената и/или параметрите за бројот на станбени единици на објектот, кои се утврдени во важечкиот урбанистички план, односно урбанистичко-планската документација.

 

Член 97-а

Во случаите кога е издадено одобрение за реконструкција на објект за кој се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, а се работи за значителна реконструкција согласно член 48 став (6) на овој закон, освен за објект за индивидуално домување, инвеститорот по извршената реконструкција обезбедува сертификат за енергетски карактеристики на зградата издаден од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола.

 

Член 97-б

(1) Реконструкција на објектите од член 73 став (1) од овој закон се врши врз основа на одобрен проект за реконструкција.

(2) Во случаите од став (1) на овој член, за одобрување на проект за реконструкција се поднесува барање до надлежниот орган од член 74 на овој закон, кон кое се доставува проект за реконструкција со позитивен извештај за ревизија на истиот.

(3) Надлежниот орган од членот 74 на овој закон, до кого е доставено барањето од став (2) на овој член, должен е во рок од седум работни дена да го одобри проектот со ставање заверка и печат на истиот или да достави известување за констатирани недостатоци.

 

Член 97-в

(1) Реконструкција на линиски инфраструктурни објекти се врши врз основа на одобрен проект за реконструкција.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, за одобрување на проект за реконструкција се поднесува барање до надлежниот орган од членот 58 од овој закон, кон кое се доставува проект за реконструкција со позитивен извештај за ревизија на истиот.

(3) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон, до кого е доставено барањето од ставот (2) на овој член, е должен во рок од седум работни дена да го одобри проектот со ставање заверка и печат на истиот или да достави известување за констатирани недостатоци.

 

2. Одржување на градежен објект

 

Член 98

(1) Сопственикот на објектот е должен преку тековно и инвестиционо одржување да ги сочува основните барања за градбата, во согласност со проектот за употреба и одржување.

(2) За работите од ставот (1) на овој член сопственикот на објектот може да определи правно лице - управител за тековно и инвестиционо одржување на објекти од прва и втора категорија (освен за станбени објекти над три нивоа) од членот 57 на овој закон.

(3) Управител на одржување може да биде правно лице регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое има лиценца за управител на одржување.

(4) Со барањето за добивање на лиценца од ставот (3) на овој член правното лице е должно да достави:

- доказ дека е регистрирано за вршење на соодветна дејност и

- доказ дека има вработено најмалку две лица од кои едно лице со овластување А за инженер за изведба или овластување А за надзорен инженер, а едно лице со овластување Б за инженер за изведба или овластување Б за надзорен инженер.

 

3. Отстранување на објект

 

Член 99

(1) Отстранување на објект или негов дел се врши во случај на оштетување на објектот ако постои опасност за негово уривање.

(2) Сопственикот на објектот е должен и да преземе итни мерки за отстранување на објектот односно да го означи објектот како опасен со соодветни ознаки, да постави заштитна ограда до отстранувањето на опасноста и да поднесе барање за добивање на одобрение за отстранување до надлежниот орган од членот 58 на овој закон.

(3) Ако сопственикот на објектот не ги изврши работите од ставот (2) на овој член тоа ќе го изврши надлежниот орган од членот 58 на овој закон.

(4) Кон барањето за одобрение за отстранување се доставува:

- доказ за сопственост на објектот и

- проект за отстранување на објект или негов дел.

(5) Постапката за издавање на одобрение за отстранување се спроведува согласно со Законот за општата управна постапка.

(6) Надлежниот орган од ставот (2) на овој член по службена должност прибавува согласност или мислење од други органи за условите за оцена и отстранување на објектот, кои се должни најдоцна во рок од седум работни дена од денот на приемот на барањето да ја достават согласноста или мислењето, односно да го одбијат или отфрлат барањето за издавање на согласност, во спротивно ќе се смета дека дале согласност, односно позитивно мислење. Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, да издаде одобрение за отстранување или да донесе решение со кое се одбива барањето.

(7) Отстранување на објект се врши по добивање на одобрение за отстранување издадено од надлежниот орган од членот 58 на овој закон за градби од прва и втора категорија од членот 57 на овој закон.

(8) По исклучок од ставот (7) на овој член, без одобрение за отстранување можат да се отстранат градбите од членот 73 на овој закон.

(9) Ако сопственикот на објектот не постапи согласно со одобрението за отстранување, отстранувањето ќе го изврши надлежниот орган од членот 58 на овој закон, на трошок на сопственикот на објектот.

(10) Барање за издавање на одобрение за отстранување на објект или негов дел можат да поднесат и други заинтересирани лица. Надлежниот орган е должен да утврди дали барањето е основано и доколку истото е основано, писмено го известува сопственикот на објектот за започнување на постапка за отстранување во рок од најмногу 30 дена. Доколку сопственикот на објектот не поднесе барање за добивање на одобрение за отстранување, надлежниот орган ќе донесе одобрение за отстранување и отстранувањето ќе го изврши на трошок на сопственикот на објектот.

(11) Против одобрението за отстранување односно решението за одбивање на барањето може да се изјави жалба во рок од 15 дена до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 од овој закон.

(12) Начинот и постапката за означување на објектот, поставување на заштитна ограда, видот на ознаките и отстранување на објектот ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 99-а

(1) Изграден објект кој не е оштетен или не постои опасност за негово уривање, сопственикот може да го отстрани по добивање на правосилно одобрение за отстранување на објект издадено од надлежниот орган за издавање на одобрение за градење од членот 58 од овој закон.

(2) Кон барањето за одобрение за отстранување на објект се доставува:

- доказ за сопственост на објектот и

- проект за отстранување на објект или негов дел.

(3) Постапката за издавање на одобрение за отстранување се спроведува согласно со Законот за општата управна постапка.

(4) Надлежниот орган од членот 58 од овој закон е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, да издаде одобрение за отстранување или да донесе решение со кое се одбива барањето.

(5) Против одобрението за отстранување односно решението за одбивање на барањето може да се изјави жалба во рок од 15 дена до надлежниот орган за одлучување по жалба од членот 65 на овој закон.

(6) При отстранувањето на објектот сопственикот е должен да постави заштитна ограда и ознаки за отстранување на објектот согласно со прописот од членот 99 став (12) од овој закон.

 

Член 100

(1) Проектот за отстранување на објект или на негов дел содржи техничко решение и опис за начинот на отстранување на објектот или негов дел, со што нема да се влијае на стабилноста на земјиштето или на исполнување на основните барања на соседните објекти, како и транспортот и згрижувањето на градежниот отпад што се отстранува и уредување на градежна парцела по отстранувањето на објект или негов дел.

(2) На проектот за отстранувањето од ставот (1) на овој член се врши ревизија согласно со членот 21 од овој закон.

(3) Трошоците за отстранување на објектот или на негов дел и трошоците за расчистување на теренот ги сноси сопственикот на објектот.

 

Член 100-а

(1) Со отстранување на објект или на негов дел согласно со членот 99 и членот 99-а од овој закон, престанува правото на сопственост, подоблиците на правото на сопственост (сосопственост и заедничка сопственост), другите стварни права, како и други права и факти чие запишување е утврдено со закон.

(2) На барање на надлежниот орган од членот 58 од овој закон, кон кое се приложува правосилно одобрение за отстранување на објект или негов дел и геодетски елаборат за запишување на промени во јавната книга за запишување на правата на недвижности, органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите, ќе ги избрише запишаните права од ставот (1) на овој член од катастарот на недвижности.

 

Член 101

За реконструкција, реконструкција со пренамена и адаптација со пренамена како и за отстранување на градби кои се наоѓаат во простор ограден за потребите на одбраната не е потребно одобрение.

 

Член 101-а

(1) Надлежните органи од членот 58 од овој закон се должни постапките за одобрување на идеен проект, за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за издавање на одобрение за подготвителни работи, за издавање на решение за градбите од членот 73 од овој закон за реконструкција, пренамена, адаптација и за издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 од овој закон да ги спроведуваат на електронски начин.

(2) Начинот на спроведувањето на постапките од ставот (1) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот.

(3) По исклучок од ставот (1) на овој член надлежните органи од членот 58 став (3) од овој закон, постапките за одобрување на идеен проект, за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за издавање на одобрение за подготвителни работи, за издавање на решение за градбите од членот 73 од овој закон, за реконструкција, пренамена, адаптација и за издавање на одобрение за употреба за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Северна Македонија и од правни лица, кои ги градат закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони, (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура), за градбите во слободните здравствени зони, како и за градбите во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Северна Македонија кои ги градат сопствениците на земјиштето во индустриските и зелените зони, ги спроведуваат во писмена форма.

(4) По исклучок од ставот (1) на овој член, органот на државна управа надлежен за   вршење на работите од областа на уредување на просторот, постапката за издавање на решение за изведување на градбите за потребите на гранични премини чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација од член 73 на овој закон, ја спроведува во писмена форма.

(5) По исклучок од ставот (1) на овој член, Министерството за здравство, постапката за издавање на решение за изведување, односно поставување на модуларни градби или група од модуларни градби, наменети за вршење на здравствена дејност, од членот 73 од овој закон, ја спроведува во писмена форма.

 

 

IX. КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ

 

Член 102

(1) Комората на овластени архитекти и овластени инженери (во натамошниот текст: Комората) ги застапува, усогласува и заштитува интересите на овластените архитекти и инженери и ги заштитува интересите на трети лица при вршењето на работите од страна на овластените архитекти и инженери.

(2) Правото на употреба на професионален назив овластен архитект и овластен инженер се стекнува со добивање овластување согласно со овој закон и со запишување во соодветен именик на Комората.

 

Член 103

(1) Комората е самостојна, струкова, непрофитна и независна организација со својство на правно лице.

(2) Седиштето на Комората е во Скопје.

(3) Комората има свој печат, знак, грб и свој жиг.

(4) Комората се запишува во Трговскиот регистар.

(5) Работењето на Комората е јавно при што јавноста на работата на Комората се обезбедува преку постојано информирање на членовите за работата на Комората, на начин утврден со Статутот на Комората.

 

Член 104

(1) Комората врши јавни овластувања утврдени со овој закон и за истите води евиденција.

(2) Јавните овластувања од ставот (1) на овој член се состојат во издавање акти кои се јавни исправи, и тоа:

1) овластување за проектирање, ревизија на проектна документација, надзор над изградбата за градби и за раководење со изградбата за градби од членот 57 на овој закон;

2) потврда за овластување на странски архитект или инженер за работи на проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградбата за градби од членот 57 на овој закон и за раководење со изградбата на градбата и

3) нострификација на проекти изработени во странство.

 

Член 105

(1) Надзорот над вршењето на јавните овластувања од членот 104 на овој закон го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот преку:

- укажување на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на Комората,

- давање препораки за доследно спроведување на законските прописи во делот на извршувањето на јавни овластувања и

- давање мислења и стручна помош.

(2) Ако Комората не ги отстрани недостатоците од ставот (1) алинеја 1 на овој член или воопшто не ги извршува своите надлежности согласно со овој закон повеќе од шест месеца тие се одземаат или ограничуваат од страна на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Одземените и/или ограничените надлежности ги врши органот за вршење на работите од областа на уредување на просторот, во име и за сметка на Комората, најмногу една година од денот на нивното одземање, односно ограничување.

(3) За вршењето на јавните овластувања Комората поднесува годишен извештај до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 106

Членовите на Комората ги остваруваат своите интереси во Комората непосредно во професионални одделенија и посредно преку избрани претставници во Собранието на Комората како и преку други облици на организирање согласно со Статутот на Комората (во натамошниот текст: Статутот).

 

1. Органи на Комората

 

Член 107

(1) Органи на Комората се Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и претседател и потпретседател на Комората.

(2) Претседателот на Комората, потпретседателот на Комората, членовите на Управниот одбор и членовите на Надзорниот одбор се со мандат од четири години со право на повторен избор.

 

Член 108

(1) Собранието на Комората е највисок орган на Комората.

(2) Собранието на Комората го сочинуваат претставниците на професионалните одделенија на Комората, кои се избрани од членовите на Комората.

(3) Претседавач на Собранието и негов заменик се избираат од редот на претставниците од ставот (2) на овој член, со мандат од две години. Функцијата претседавач на Собранието е неспоива со која било друга функција во Комората.

(4) Во Собранието треба да биде обезбедена соодветна застапеност на професионалните одделенија, според бројот на членовите на одделенијата.

(5) Собранието на Комората одржува седница најмалку еднаш годишно, а претседавачот на Собранието е должен да закаже седница на Собранието, заради итно решавање на одредени прашања по писмено барање од:

- претседателот на Комората,

- потпретседателот на Комората,

- Управниот одбор,

- едно одделение на Комората и

- најмалку една четвртина од вкупното членство на Комората.

(6) Претседавачот е должен седницата да ја закаже во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член.

(7) Собранието на Комората може да работи ако на седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на претставниците од ставот (2) на овој член, при што одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните претставници.

 

Член 109

Собранието на Комората ги врши следниве работи:

1) донесува Статут и други општи акти утврдени со овој закон и Статутот;

2) утврдува годишен извештај за работата за претходната година и донесува програма за работа за идната година;

3) донесува годишна пресметка и план за извршување на пресметката;

4) ја утврдува висината на членарината;

5) го избира претседателот на Комората, потпретседателот на Комората членовите на Управниот одбор и членовите на Надзорниот одбор, притоа имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници;

6) донесува деловник за работа на Собранието на Комората;

7) донесува ценовник за јавни услуги и тарифник за извршени услуги;

8) донесува Кодекс на професионална етика на овластени архитекти и овластени инженери и

9) извршува и други работи утврдени со овој и друг закон и со Статутот.

 

Член 110

Ценовникот за јавни услуги се донесува по претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот и истиот се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Член 111

(1) Управниот одбор го сочинуваат претседателот и потпретседателот на Комората и раководителите на професионалните одделенија.

(2) Претседател на управниот одбор е и претседател на Комората.

(3) Потпретседателот на Управниот одбор е и потпретседател на Комората.

(4) Претседателот на управниот одбор може во секое време да закаже седница на Управниот одбор. Претседателот на Комората е должен да закаже седница на Управниот одбор заради итно решавање на одредени прашања по писмено барање од Надзорниот одбор на Комората, претседателот на некое професионално одделение или најмалку една четвртина од членовите на Управниот одбор на Комората, во рок од 15 дена од приемот на барањето.

 

Член 112

Управниот одбор на Комората ги врши следниве работи:

1) донесува деловник за работа на Управниот одбор;

2) донесува одлуки од својот делокруг на работа;

3) ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието;

4) ги утврдува предлозите на статутот и другите акти кои ги донесува Собранието;

5) донесува правилник за организација и систематизација на стручната служба на Комората;

6) предлага одлуки, заклучоци, ставови и дава мислења за прашањата за кои расправа Собранието и

7) врши други работи утврдени со Статутот.

 

Член 113

(1) Надзорниот одбор го сочинуваат претседател, два члена и нивни заменици, кои ги избира Собранието на Комората.

(2) Членови на Надзорниот одбор не можат да бидат претседателот на Комората и членовите од Управниот одбор.

 

Член 114

Надзорниот одбор ги врши следниве работи:

1) надзор над спроведувањето на Статутот и другите општи акти на Комората и остварувањето на правата и обврските на членовите на Комората;

2) надзор над материјалното и финансиското работење на Комората и располагањето со средствата на Комората и

3) надзор над работата на стручната служба на Комората, во согласност со Статутот и другите општи акти.

 

Член 115

(1) Претседателот на Комората го избираат членовите на Собранието на Комората од редот на професионалните одделенија.

(2) Секое професионално одделение може да предложи најмногу еден кандидат за претседател, а за избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на Собранието на Комората.

(3) Функцијата претседател на Комората е професионална.

(4) Претседателот на Комората ја застапува Комората, закажува седници на Управниот одбор и претседава со нив, ги спроведува одлуките и заклучоците на Собранието на Комората, е одговорен за законското работење на Комората и со право да учествува во работата на седниците на професионалните одделенија, без право на одлучување.

 

Член 116

Комората ја сочинуваат професионални одделенија како основен облик на професионално поврзување и организирање на членовите на Комората, за унапредување на одредени дејности.

 

Член 117

(1) Во Комората се основаат следниве одделенија:

1) Одделение на архитекти;

2) Одделение на градежни инженери;

3) Одделение на машински инженери;

4) Одделение на електроинженери;

5) Одделение на инженери по геологија и

6) Одделение на сообраќајни инженери.

(2) По потреба, покрај одделенијата од ставот (1) на овој член во Комората можат да се формираат и други одделенија со одлука на Управниот одбор.

 

Член 118

(1) Со одделението раководи раководител на одделението, а во случај на негово отсуство или спреченост негов заменик.

(2) Во одделението од ставот (1) на овој член се формира најмалку еден одбор, а по потреба може да се формираат и повеќе одбори.

 

Член 119

(1) Одделенијата на првата седница избираат раководители и заменици на раководители од редот на своите членови.

(2) Раководителот и заменикот ги подготвуваат, свикуваат и водат седниците на одделението и ги застапуваат интересите на одделението пред Комората.

(3) Раководителот на одделението со писмено овластување од претседателот на Комората може да ја застапува Комората за прашања од нејзиниот делокруг.

 

Член 120

Стручните, административните, помошните и другите работи во Комората ги врши стручна служба на Комората со која раководи генерален секретар на Комората.

 

2. Акти на Комората

 

Член 121

Со Статутот поблиску се уредуваат:

1) организацијата на Комората;

2) правата, обврските и одговорностите на Комората;

3) претставувањето и застапувањето на Комората;

4) јавноста во работењето;

5) постапката за донесување на општи и поединечни акти;

6) постапката за запишување во имениците на Комората;

7) мирувањето и престанувањето на членство во Комората;

8) начинот на водење на имениците;

9) правата и должности на овластени архитекти и овластени инженери;

10) дисциплинската постапка за утврдување на повреда на должноста и угледот од страна на овластени архитекти и овластени инженери;

11) дисциплинските мерки;

12) телата за покренување и водење на дисциплинската постапка;

13) организацијата на стручната служба на Комората и

14) други прашања од значење за Комората.

 

Член 122

Со Кодексот на професионална етика се утврдуваат начелата, правилата и должностите на кои членовите се должни да се придржуваат.

 

Член 123

(1) Комората води именик на:

1) овластени архитекти;

2) овластени инженери;

3) бироа (сопствено или заедничко) и

4) проектантски друштва.

(2) Именикот од ставот (1) на овој член е јавна книга. Извод издаден врз основа на податоците од именикот е јавен документ.

(3) Именикот од ставот (1) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

3. Постапка за запишување во именикот

 

Член 124

(1) Овластените архитекти и овластените инженери својството член на Комората го стекнуваат со запишување во Именикот на овластените архитекти и Именикот на овластените инженери.

(2) Право на запишување во Именикот на овластени архитекти и Именикот на овластени инженери има лице кое ги исполнува следниве услови:

1) државјанин на Република Северна Македонија и

2) има добиено овластување согласно со овој закон.

(3) Барањето за запишување во имениците од ставот (1) на овој член се доставува до Управниот одбор на Комората.

(4) Запишување во именикот од ставот (1) на овој член се врши врз основа на решение кое го донесува Управниот одбор на Комората.

(5) Барање за запишување во соодветниот именик се одбива со решение, ако лицето кое поднело барање не ги исполнува условите од ставот (2) на овој член.

(6) Жалба против решението од ставот (1) на овој член, во рок од осум дена од денот на приемот на решението, може да се поднесе до Комисија за решавање на жалби во втор степен при Комората чии членови ги именува Собранието на Комората.

(7) Ново барање за запишување може да се поднесе најмалку три месеца од денот на донесувањето на решението со кое е одбиено барањето за запишување во соодветниот именик.

 

4. Осигурување од одговорност и финансирање

 

Член 125

(1) Комората врши задолжително осигурување од одговорност, како колективно осигурување.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член овластен архитект, односно овластен инженер може индивидуално да се осигура од одговорност за штетата која би можел да им ја направи на трети лица, ако Комората даде согласност.

 

Член 126

Средствата за извршување на работите од надлежност на Комората се обезбедуваат од:

- надоместок за овластување,

- надоместок од членарина,

- надоместок од нострификација,

- донации и

- други извори утврдени со закон.

 

 

X. НАДЗОР

 

Член 127

Надзорот над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

1. Инспекциски надзор

 

Член 128

(1) Работите на инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон ги вршат градежни инспектори на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (во натамошниот текст: градежни инспектори) и градежни инспектори на општините и на општините во градот Скопје (во натамошниот текст: овластени градежни инспектори).

(2) Градежен инспектор врши инспекциски надзор над градби од прва категорија, а овластен градежен инспектор врши инспекциски надзор над градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

(3) Инспекторите од ставот (1) на овој член вршат инспекциски надзор и согласно одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.


Член 128-а

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има својство на правно лице со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со закон и одлучува за правата и обврските за работен однос.

 

Член 128-б

(1) Со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија.

(2) За именување на директор се објавува јавен оглас во два дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

(3) За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа:

1) е државјанин на Република Северна Македонија;

2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен - Градежен или Архитектонски факултет;

4) има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;

5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и

6) поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.


Член 129

(1) Градежниот и овластениот градежен инспектор имаат службена легитимација.


 

Член 130

(1) Градежен инспектор и овластен градежен инспектор, може да биде лице кое:

-  е државјанин на Република Северна Македонија,

-  е полнолетно,

-   има општа здравствена способност,

-  не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност,

-  стручни квалификации за сите нивоа од категорија Б - ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Градежен или Архитектонски факултет, стручни квалификации за нивото В1 - ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Градежен или Архитектонски факултет и за нивоата В2, В3 и В4 - ниво на квалификација VIБ според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Градежен или Архитектонски факултет,

-   работно искуство: за Б1 - најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку две години како инспектор, за Б2 – најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку две години како инспектор и за Б3 и Б4 - најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор, а за ниво В1 - најмалку три години работно искуство по дипломирањето, за ниво В2 - најмалку две години работно искуство по дипломирањето, за ниво В3 - најмалку една година работно искуство по дипломирањето и за ниво В4 - со или без работно искуство по дипломирањето,

општи работни компетенции за сите нивоа согласно со Рамката на општи работни компетенции,

-  поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба и

-  ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места.

(2) Постапката за пополнување на работно место за овластен градежен инспектор во општината односно градот Скопје се спроведува согласно со Законот за инспекциски надзор.

 

Член 130-а

Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ги врши следниве работи:

1) ја координира и организира работата на инспекторатот;

2) го претставува инспекторатот;

3) презема правни дејствија во име и за сметка на инспекторатот;

4) обезбедува услови за ефикасна примена на законите и прописите кои се однесуваат на инспекцискиот надзор;

5)  одлучува за правата и обврските на вработените во инспекторатот;

6) обезбедува услови за стручно усовршување и специјализирана обука на инспекторите;

7) донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работни места во инспекторатот;

8)  донесува програмски и извештајни документи, вклучително: 
-  стратешки план на инспекторатот,
-  годишен план за работа на инспекторатот,
-  годишна програма за специјализирана обука на инспекторите,
-  шестмесечен извештај за работа на секој инспектор,
-  месечен план за работа на секој инспектор и
-  други документи и акти предвидени со овој или друг закон;
9)    донесува и други акти за кои е овластен и 
10)  обезбедува јавност во работењето на инспекторатот.“

 

Член 130-б е избришан.



2. Права и должности на градежен инспектор

 

Член 131

(1) Градежен инспектор, односно овластен градежен инспектор во рамките на надлежностите утврдени со овој и друг закон, има право да врши инспекциски надзор во текот на изградбата, како и инспекциски надзор на објект кога во него се врши пренамена на конструктивните елементи во поглед на нивната механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, како и при пренамена од станбен во деловен простор и обратно.

(2) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот од ставот (1) на овој член може да побара присуство на овластено службено лице од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи, заради негова заштита.

(3) Учесниците во изградбата се должни на градежниот инспектор, односно на овластениот градежен инспектор да му овозможат непречено спроведување на инспекциски надзор и да му ја дадат на увид документацијата што се однесува на градбата што е предмет на надзор.

(4) Градежен инспектор при вршењето на инспекциски надзор проверува дали овластениот градежен инспектор ги врши работите согласно со овој закон. Надлежните органи на општините се должни на барање на градежен инспектор да му овозможат да изврши увид во документацијата.

(5) Доколку надлежниот градежен инспектор констатира дека настанале некои од условите за одземање на лиценца предвидени во членот 38 ставови (4) и (5) од овој закон како и за одземање на овластување предвидени во членот 39 ставови (4) и (5) од овој закон, е должен да поднесе предлог за одземање на лиценцата, односно овластувањето со записник за констатираната неправилност до органот надлежен за одземање на лиценца, односно овластување.

 

Член 131-а

Доколку при вршење на инспекциски надзор градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор констатира дека изведувачот не обезбедил докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал, е должен за тоа да го извести Државниот инспекторат за техничка инспекција и да постапи согласно со членот 164 од овој закон.

 

Член 131-б

(1) Градежен инспектор, односно овластен градежен инспектор е должен да изврши инспекциски надзор и да утврди дали сопствениците на објекти со јавна намена имаат обезбедено паркинг простор за велосипеди.

(2) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор утврди дека сопствениците на објекти со јавна намена немаат обезбедено паркинг простор за велосипеди, истиот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.

 

Член 132

(1) За вршењето на инспекциски надзор градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор води дневник.

(2) Начинот и содржината на водењето на дневникот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(3) Во спроведувањето на инспекцискиот надзор градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор има право и должност да провери дали учесниците во градењето имаат овластувања и лиценци, како и да нареди отстранување на неправилностите, отстранување на оштетувањата, прекинување на изградбата, отстранување на градбата, затворање на градилиштето, означување на градбата за опасна, како и да преземе други работи со цел да се спречи изградбата, ако градбата се изведува спротивно на овој закон.

(4) Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор постапката на инспекциски надзор ја покренува и ја води по службена должност, како и по иницијатива на кое било лице, согласно со одредбите на Законот за општата управна постапка.

(5) Во постапката за извршување на извршните поединечни управни акти, градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор има право да побара асистенција од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи заради негова лична заштита.

(6) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор констатира неправилност која согласно со овој закон претставува прекршок, односно со посебен закон е утврдена како кривично дело, покренува прекршочна или кривична постапка.

 

 

Член 132-а е избришан.


 

Член 132-б е избришан.


 

3. Прекинување на изградбата

 

Член 133

(1) Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор со решение ќе му нареди на инвеститорот да ја прекине натамошната изградба, ако утврди дека:

- изградбата е започната со одобрение за градење кое согласно со Законот за општата управна постапка е запрено од извршување,

- инвеститорот не постапи согласно со членот 67 ставови (1) и (2) на овој закон,

- изградбата ја врши правно лице без лиценца, односно физичко лице без овластување предвиден со овој закон,

- градбата или нејзин дел се гради спротивно на одобрението за градење или спротивно на заверениот основен проект,

- има неправилности при изградбата кои можат да го загрозат исполнувањето на основните барања за градбата и

- со изградбата е загрозена сигурноста на околните градби или стабилноста на околното земјиште.

(2) Со решението од ставот (1) на овој член градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор ќе одреди и рок заради усогласување на изградбата, односно состојбата на градбата со одредбите од овој закон.

(3) Во случај на прекинување на изградбата, за градба која е запишана во Националниот регистар на културно наследство градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор ќе го извести органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата.

 

4. Отстранување на градба

 

Член 134

(1) Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор со решение ќе му нареди на инвеститорот отстранување на градба, односно на нејзин дел, ако:

- се гради или е изградена без одобрение за градење од членот 59 на овој закон,

- доколку изградбата не се усогласи со одредбите на овој закон по истекот на рокот за усогласување даден во решението за прекинување на градбата од членот 133 на овој закон,

- се гради и покрај тоа што е донесено решение за прекинување на изградбата од членот 133 на овој закон,

- се гради или е изградена спротивно на одобрението за градење или заверениот основен проект,

- во текот на изградбата се утврдат неправилности поради кои се нарушени основните барања на градбата во однос на механичката отпорност, стабилноста, сеизмичката заштита и квалитетот на вградени материјали и

- изградбата се изведува со одобрение за градење кое не е конечно во управната постапка.

(2) Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор со решение на изведувачот ќе му нареди отстранување на градбата од ставот (1) на овој член ако не постапи согласно со членот 72 став (6) од овој закон.

(3) Во случај на отстранување на градба која е запишана во Националниот регистар на културно наследство градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор ќе побара согласност органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата.

(4) Овластениот градежен инспектор доколку констатира дека сопственикот на посебниот дел од објект, станот или дел од станот извршил пренамена без одобрение за пренамена од членот 97 став (3) на овој закон, ќе донесе решение со кое ќе го задолжи сопственикот да го врати посебниот дел од објектот, станот или делот од станот во првобитна состојба.

 

Член 135

Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор со решение ќе му нареди на инвеститорот отстранување на:

- привремена градба ако не е отстранета во пропишаниот рок,

- градба изградена во случај на непосредна опасност, ако не е отстранета во пропишаниот рок согласно со овој закон,

- градбите и опремата од членот 73 на овој закон кои се изведени, односно поставени без решение за изведување, односно поставување,

- времен објект поставен на градежно земјиште со акт на надлежен орган, заради реализација на годишната програма од членот 79 на овој закон и заради поставување на урбаната опрема од членот 80 на овој закон,

- времен објект поставен на градежно земјиште со акт на надлежен орган ако истекол рокот за негово поставување определен во актот,

- времен објект поставен на градежно земјиште со акт на надлежен орган, заради реализација на урбанистичкиот план и

- времен објект и урбана опрема поставени со одобрение за поставување согласно со членот 81 на овој закон, по истекот на рокот за отстранување определен во одобрението за поставување.


Член 135-а

(1) Доколку овластениот градежен инспектор утврди дека урбана опрема - тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови е поставена без одобрение за поставување на урбана опрема, донесува решение за отстранување на истата и во рок од три дена ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

(2) Доколку овластениот градежен инспектор утврди дека урбаната опрема - тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови е поставена спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема, ќе донесе решение со кое ќе го задолжи лицето на кое е издадено одобрението, во рок од три дена од приемот на решението, поставената урбана опрема да се усогласи со издаденото одобрение и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

(3) Жалбата изјавена против решението од ставовите (1) и (2) на овој член не го одлага извршувањето на решението.

(4) Доколку лицето кое поставило урбана опрема без одобрение или спротивно на одобрението, не постапи по решението од ставовите (1) и (2) на овој член, односно не ја отстрани урбаната опрема во определениот рок, отстранувањето на опремата ќе го изврши овластениот градежен инспектор на сметка на лицето кое ја поставило урбаната опрема. За отстранување на опремата овластениот инспектор ќе го извести надлежниот орган кој го издал одобрението, по што надлежниот орган е должен истото да го поништи.

(5) Надлежниот орган нема да издаде одобрение за поставување на урбаната опрема во случаите од ставот (4) на овој член, за период од најмалку шест месеци од денот на поништувањетo на одобрението, односно од денот на отстранувањето на опремата поставена без одобрение.

 

Член 135-б

(1) Доколку овластениот градежен инспектор, односно градежниот инспектор утврди дека урбана опрема-рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти согласно со членот 74 од овој закон, се поставени без одобрение за поставување на урбана опрема, односно без решение за поставување, донесува решение за отстранување на истите и во рок од три дена ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

(2) Жалбата изјавена против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението.

 

5. Затворање на градилиште

 

Член 136

(1) Во случаите од членовите 134 и 135 на овој закон градежениот инспектор, односно овластениот градежен инспектор пред донесувањето на решение, на лице место ќе нареди затворање на градилиште, односно на негов дел и ќе постави посебен службен знак.

(2) Начинот на затворање и означување на затворено градилиште го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(3) Градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор од градилиштето ќе го отстрани службениот знак од ставот (1) на овој член кога инвеститорот ќе постапи според решението, односно кога ќе ја усогласи изградбата согласно со овој закон.

(4) Ако градителот продолжи со изградбата после затворањето на градилиштето и означувањето со посебен службен знак за спречување на натамошна изградба, решението ќе го спроведе градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор со помош на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

 

6. Решение на инспектор

 

Член 137

(1) При вршење на инспекцискиот надзор инспекторите од членот 128 став (1) од овој закон изрекуваат инспекциски мерки за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци согласно со Законот за инспекциски надзор.

(2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот утврди недостатоци, а во случај кога ќе оцени дека тоа е оправдано, може со решение да изрече опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците, утврдени со записник.

(3)  Kога утврдените неправилности и недостатоци можат да предизвикаат или предизвикуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето или финансиска штета или штета по имотот од поголема вредност или загрозување на животната средина или загрозување на јавниот интерес, инспекторот со решение изрекува инспекциска мерка, како задолжување, наредба, забрана и друга мерка, доколку е утврдена со посебен закон, со која најсоодветно ќе се постигне целта на инспекцискиот надзор.

(4) Против решението на инспекторите од членот 128 став (1) од овој закон, може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до надлежниот орган за одлучување во втор степен.

(5)  Жалбата изјавена против решението на инспекторите од членот 128 став (1) од овој закон, не го одлага извршувањето на решението.

(6)  За изречените опомени од ставот (2) на овој член, инспекторите од членот 128 став (1) на овој закон водат евиденција.

(7) Формата и содржината на евиденцијата од ставот (6) на овој член ја утврдува директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

 

Член 138

(1) Во решението од членот 137 на овој закон градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор кога ќе утврди дека градбата се гради или е изградена спротивно на одобрението за градење, може да изрече и забрана за отуѓување, оптоварување и располагање со земјиштето и градбата.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член решението се доставува до надлежниот орган за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите по што Република Македонија за објектите од прва категорија, односно општината за објекти од втора категорија се стекнува со заложно право на земјиштето и на градбата, односно на деловите кои се изградени согласно со одобрението за градење.

(3) Во решението истовремено се определува и задолжување за плаќање на пенали во износ од 3% месечно од пазарната вредност што за иста или слична недвижност се пресметува од страна на надлежниот орган за пресметување на даноците, сметано од денот на конечноста на решението до денот на исполнување на обврската. Пазарната вредност се определува според известието од органот надлежен за утврдување на даноците на имот.

(4) Со запишување на заложното право и изрекувањето на пеналите се одлага спроведувањето на присилно извршување на решението во рок не подолг од три години од денот на донесувањето на решението.

(5) Доколку обврзникот не ја исполни обврската за отстранување или усогласување на градбата со одобрението за градење во рокот определен во решението и/или не плати пенали три месеца едноподруго, надлежниот орган ќе пристапи кон присилно извршување со стекнување на сопственост на земјиштето и на објектот - делот кој е изграден со одобрението за градење, доколку таков е затекнат на начин и постапка согласно со овој закон.

(6) Преносот на правото на сопственост на заложното земјиште и објектот - делот кој е изграден со одобрението за градење се врши со упис на промената во јавните книги врз основа на посебен заклучок за извршување на надлежниот инспектор. Заклучокот за извршување претставува и основ за промена на инвеститорот во одобрението за градење и одобрението за употреба во однос на делот од објектот кој е изграден со одобрението за градење, а е затекнат при извршувањето.

(7) Против заклучокот од ставот (6) на овој член е дозволена посебна жалба која не го одлага присилното извршување.

(8) Доколку обврзникот ја исполни обврската за отстранување утврдена со решението и ги плати пеналите, престанува заложното право и надлежниот инспектор донесува заклучок кој преставува основ за бришење на заложното право во Јавната книга на недвижностите.

(Се укинува со Одлука на Уставен суд на Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/11)

(Се укинува со Одлука на Уставен суд на Република Македонија членот 61 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење „Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/16 со кој претходно бил изменет ставот (2))

 

Член 139

(1) Во решението од членот 137 на овој закон градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор покрај определените мерки од членот 138 на овој закон може да изрече и забрана за градење и користење на објектот со затворање на градилиштето. (Обележаните зборови се укинуваат со Одлука на Уставен суд на Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/11)

(2) Забраната за градење и користење се огласува на огласна табла на органот кој ја води постапката и се објавува најмалку во два дневни весници од кои еден е на јазиците на припадниците на етничките заедници.

(3) Со изрекувањето на забраната изведувачот, односно инвеститорот е обврзан да го затвори градилиштето и пристапот во објектот на начин определен од инспекторот, во спротивно решението е основ за извршување на дејствие кое може да го изврши само должникот во постапка пред извршител согласно со Законот за извршување, како и извршување заради испразнување на недвижност, ствари и лица кои ќе се затекнат во постапката на присилно извршување по решението на градежниот инспектор, односно овластениот градежен инспектор, или извршување заради исполнување на дејствие кое може да го исполни трето лице наместо должникот. За пристапување кон присилно извршување инспекторот донесува заклучок за пристапување кон извршување против кој е дозволена посебна жалба. Жалбата не го одлага извршувањето на заклучокот. Решението на инспекторот е извршна исправа.


 

 

Член 140

Делот од решението во кое се определува обврската за плаќање на пенали претставува извршна исправа и претставува основ за намирување во постапка и на начин согласно со Законот за извршување.

(Се укинува со Одлука на Уставен суд на Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/11)

 

Член 141

Решението на градежниот инспектор особено мора да содржи:

- број и датум на донесување,

- ознака од дневникот на градежниот инспектор,

- податоци за градителот, инвеститорот, изведувачот и имателот на градбата,

- опис и категорија на градбата, односно делот од градбата кој не се гради согласно со одобрението за градење, проектот и решението за локациски услови,

- број, датум и органот кој го издал одобрението за градење, доколку е такво издадено,

- описни и просторни податоци за земјиштето на кое се гради (број на катастарска парцела, катастарска општина, површина и правен статус), со наведување на правниот основ со кој се регулираат односите меѓу сопственикот на земјиштето, изведувачот и инвеститорот,

- рок и упатување за отстранување на неправилностите,

- приказ на запишаните права во Јавната книга до моментот на донесување на решението,

- налог за запишување на заложно право во Јавната книга,

- налог во врска со објавувањето на решението на огласна табла и дневни весници,

- изрекување на забрана од членот 138 и/или од членот 139 на овој закон,

- определување на висината на трошоците за отстранување на градбата, односно на деловите кои се градат без одобрение за градење и определување на висината на пенали за секој ден задоцнување,

- образложение и

- правна поука и други податоци согласно со закон.

 

Член 142

(1) Постапката за извршување на решението започнува со доставување заклучок на странката со кој се дозволува неговото извршување.

(2) Ако извршеникот не постапи по решението од членот 137 на овој закон, за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон решението ќе го изврши и ќе го спроведе административното извршување градежен инспектор, а за градби од втора категорија, како и за градби и опрема од членот 73 на овој закон, времени објекти и урбана опрема овластен градежен инспектор, во согласност со овој и друг закон.

 

Член 143

(1) Трошоците за извршување на решението на градежниот инспектор за градби од прва категорија се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија, а на решението на овластениот градежен инспектор за градби од втора категорија, како и за градби и опрема од членот 73 на овој закон, времени објекти и урбана опрема од буџетите на општините, односно на општините во градот Скопје.

(2) Направените трошоците за извршување на решението од ставот (1) на овој член се надоместуваат од извршеникот согласно со закон и не можат да бидат повисоки од реалните трошоци.

 

Член 144

(1) Градежниот инспектор кога ќе констатира дека општината не овластила градежен инспектор за вршење на работите утврдени со овој закон, составува записник кој го доставува до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот со предлог за добивање на овластување за вршење на работите од надлежност на овластен градежен инспектор. Записникот заедно со предлогот се доставува и до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на општината во градот Скопје. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот врз основа на предлогот, може да даде овластување за вршење на работите од надлежност на овластен градежен инспектор.

(2) Доколку во општината нема овластен градежен инспектор за вршење на работите на инспекциски надзор, градоначалникот на општината може да достави предлог до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на работите на инспекциски надзор во општината. По добивање на предлогот градежниот инспектор постапува согласно со ставот (1) на овој член.

(3) Вршењето на работите на инспекциски надзор, градежниот инспектор ги врши до овластување на општински градежен инспектор, но не подолго од една година.

(4) Работите од ставовите (1) и (2) на овој член градежниот инспектор ги врши за сметка на општината и се на товар на буџетот на општината, а за трошоците за извршените работи органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот доставува известување до органот на државната управа надлежен за работите на финансиите.

(5) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите по добиеното известување од ставот (4) на овој член, приходите на општината, односно на општините од подрачјето на градот Скопје по основ на надоместок за уредување на градежно земјиште, во висина на направените трошоци, ги пренасочува на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.

 

7. Преземање на работите од страна на градежниот инспектор

 

Член 145

(1) Доколку градежниот инспектор утврди дека овластениот градежен инспектор не ги врши работите пропишани со овој закон, е должен веднаш да поднесе писмено укажување до градоначалникот на општината за неизвршувањето на работите.

(2) Доколку овластениот градежен инспектор не ги изврши работите за кои е овластен согласно со овој закон во рок од седум дена од денот на доставувањето на укажувањето од ставот (1) на овој член, градежниот инспектор составува записник кој од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се доставува до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот со предлог за преземање на работите од надлежност на овластениот градежен инспектор по конкретниот предмет за кој е утврдено неизвршување на работите. Записникот заедно со предлогот се доставува и до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на општината во градот Скопје.

(3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот врз основа на предлогот, донесува решение за преземање на работите од надлежност на овластениот градежен инспектор по конкретниот предмет за кој е утврдено неизвршување на работите, кое се доставува до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на општината во градот Скопје.

(4) Вршењето на преземените работи од овластениот градежен инспектор, градежниот инспектор го врши до нивно извршување.

(5) Работите од ставот (1) на овој член градежниот инспектор ги врши за сметка на општината и се на товар на буџетот на општината, а за трошоците за извршените работи органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот доставува известување до органот на државната управа надлежен за работите на финансиите.

(6) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите по добиеното известување од ставот (5) на овој член, приходите на општината, односно на општините од подрачјето на градот Скопје по основ на надоместок за уредување на градежно земјиште, во висина на направените трошоци, ги пренасочува на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.

 

Член 146

(1) При вршење на инспекцискиот надзор инспекторите од членот 128 на овој закон се должни да проверат дали управните акти издадени врз основа на овој закон се во согласност со истиот и доколку утврдат дека управните акти се издадени спротивно на овој закон, се должни да поднесат писмен предлог за поништување на тие управни акти со записник за констатираната состојба, до органот кој ги донел.

(2) Надлежниот орган кој го донел управниот акт е должен да постапи по предлогот и во рок од осум дена да донесе решение со кое ќе го поништи издадениот управен акт или решение со кое ќе го одбие предлогот за поништување.

 

8. Надзор над законитоста на работењето на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје

 

Член 147

Надзорот над законитоста на работата на органите на општината односно органите на општините во градот Скопје го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, за работи од нивна надлежност кои се однесуваат на изведување на градба од втора категорија од членот 57 на овој закон.

 

Член 148

(1) При вршењето на надзорот над законитоста на работата на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот ги врши следниве работи:

1) ја следи законитоста на работата на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје и презема мерки, активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината што се однесуваат на изградбата;

2) им укажува на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје на пречекорувањето на нивните надлежности утврдени со овој закон и предлага соодветни мерки за надминување на таа состојба;

3) укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје кои би можеле да го оневозможат вршењето на работите утврдени со овој закон, а кои се од јавен интерес од локално значење;

4) дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината за работите кои треба да ги вршат согласно со овој закон, а на барање на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје;

5) го следи навременото донесување на актите од општината утврдени со овој закон;

6) поднесува иницијативи и предлози до органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје доколку констатира неспроведување на овој закон како резултат (последица) на судир на надлежностите меѓу нив;

7) ја следи законитоста на решенијата што органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје ги донесуваат во решавањето на управни работи за права, обврски и интереси на правните и физичките лица донесени врз основа на овој закон и презема мерки во согласност со закон;

8) дава мислење и стручна помош на барање на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје по предлог на актите кои произлегуваат од овој закон;

9) го следи остварувањето на јавноста во работата на органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје особено од аспект на редовно, навремено, вистинито и потполно известување на граѓаните за работите утврдени со овој закон и

10) навремено ги известува органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје за констатираните состојби во нивната работа, односно за работите што се однесуваат на градењето и за преземените мерки при вршењето на надзорот.

(2) За преземените мерки и активности од ставот (1) на овој член органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот ги информира органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје.

(3) Доколку и покрај укажувањата и преземените мерки и активности органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје не го обезбедат извршувањето на работите од ставот (1) на овој член, се одзема вршењето на соодветните работи.

(4) Вршењето на одземените работи го презема органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот, но најмногу до една година од денот на нивното преземање.

(5) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот одземените работи од надлежност на општината, ги врши во име и за сметка на општината и за тоа ќе ги извести органите на општината, односно органите на општините во градот Скопје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на локалната самоуправа.

(6) За трошоците за извршените работи од ставот (4) на овој член органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот доставува известување до органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите.

(7) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите по добиеното известување од ставот (6) на овој член приходите на општината, односно на општините од подрачјето на градот Скопје по основ на надоместок за уредување на градежно земјиште, во висина на направените трошоци, ги пренасочува на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија.

 

Член 149

Кога органот надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, односно градежниот инспектор ќе утврдат дека општината, односно овластениот градежен инспектор не ги донесуваат во предвидените рокови актите утврдени со овој закон, ќе поднесат предлог за вршење на инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат, кој е должен да изврши инспекциски надзор согласно со Законот за управната инспекција.

 

 

XI. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

 

1. Прекршоци на инвеститор

 

Член 150

(1) Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице-инвеститор, ако:

1) проектирањето, ревизијата, изградбата и надзорот над изградбата на градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон го довери на лице кое не ги исполнува условите согласно со овој закон за вршење на таа дејност (член 13 став (2));

2) за управител на градба назначи лице без лиценца (член 14 став (2));

3) не ја заврши градбата од прва категорија од членот 57 на овој закон во рокот утврден со овој закон (член 68);

4) писмено не го пријави започнувањето на изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон (член 67 став (1)) и

5) за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон не преземе мерки за обезбедување (членови 82 и 83).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на физичко лице - инвеститор.

 

 

Член 151

(1) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице - инвеститор, ако:

1) проектирањето, ревизијата, изградбата и надзорот на изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон го довери на лице кое не ги исполнува условите согласно со овој закон за вршење на таа дејност (член 13 став (2));

2) не ја заврши градбата од втора категорија од членот 57 на овој закон во рокот утврден со овој закон (член 68 став (2) точка 3);

3) писмено не го пријави започнувањето на изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон (член 67 став (1)) и

4) за градбите од втора категорија од член 57 на овој закон не преземе мерки за обезбедување (членови 82 и 83).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 (3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на физичко лице - инвеститор.

 

Член 151-а

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице - инвеститор ако не обезбеди обележување на проектираната градба на терен согласно со члент 82 на овој закон.

(2) Глоба во висина од 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на физичко лице - инвеститор.

 

Член 151-б

(1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска проттивредност ќе му се изрече на правно лице-инвеститор ако по извршена значителна реконструкција на објект за кој се применува Правилникот за енергетски карактеристики на зградите, не обезбеди сертификат за енергетски карактеристики на зградата издаден од трговец поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола согласно со членот 97-а на овој закон.

(2) Глоба во висина од 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на физичко лице - инвеститор.

 

2. Прекршоци на правно лице за проектирање на градби и на проектант

 

Член 152

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за проектирање на градби, ако:

1) врши работи на проектирање без лиценца за проектирање (член 16 став (1));

2) вработи како проектант странско физичко лице без потврдено овластување од комората (член 42 став (4)) и

3) изработи односно завери проектна документација спротивно на законските прописи.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 152-а

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за проектирање на градби доколку градбата не е проектирана согласно со членот 11 став (1) од овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 153

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на проектант, ако:

1) изработил проект без овластување за проектирање (член 17 став (1)) и

2) изработил проект спротивно на законските прописи.

 

Член 153-а

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на проектант доколку градбата не е проектирана согласно со членот 11 став (1) од овој закон.

 

3. Прекршоци на правно лице за вршење на ревизија и на ревидент

 

Член 154

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за вршење на ревизија на проектна документација, ако:

1) врши ревизија на проекти без да има лиценца за вршење на ревизија на проектна документација (член 23 став (1));

2) вработи како ревидент странско физичко лице без потврдено овластување од Комората (член 42 став (4)) и

3) изработи односно завери извештај за ревизија на проектна документација спротивно на законските прописи.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 154-а

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за вршење на ревизија на проектна документација ако ревидентот при вршењето на ревизија заверил проект кој не е изработен согласно со членот 11 став (1) од овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 155

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на ревидент, ако:

1) извршил ревизија без да има овластување за ревизија на проектна документација (член 24 став (1));

2) извршил ревизија на проектна документација, изработена од правното лице во кое е вработен (член 20 став (3)) и

3) извршил ревизија спротивно на законските прописи.

 

Член 155-а

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на ревидент доколку при вршењето на ревизија заверил проект кој не е изработен согласно со членот 11 став (1) од овој закон.

 

4. Прекршоци на правно лице-изведувач и на инженер за изведба

 

Член 156

(1) Глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач, ако:

1) изведува градби без соодветна лиценца за изведувач (член 26 став (1));

2) не гради во согласност со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект (член 29 став (1) алинеја 2);

3) не обезбеди докази за пропишан квалитет за вградените градежни производи (член 29 став (1) алинеја 4);

4) на градилиштето не спроведува мерки за заштита и сигурност согласно со закон (член 29 став (1) алинеја 5);

5) не определи инженер за изведба на градилиштето (член 30);

6) не обезбеди обележување на проектираната градба на терен (член 82);

7) не го загради односно не го заштити градилиштето (член 83 ставови (1) и (2));

8) вработи како инженер за изведба странско физичко лице без потврдено овластување од Комората (член 42 став (4)).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на инженер за изведба за прекршокот од став (1) точки 2, 3, 4, 6 и 7 на овој член.


Член 156-а

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач, ако при изведување на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон:

1) не води градежен дневник и градежна книга за изведените градежни работи (член 29 став (1) алинеја 3);

2) не го означи со информативна табла градилиштето (член 83 став (3));

3) привремено зафати за потребите на градилиштето јавна сообраќајна површина без дозвола (член 84);

4) не ги отстрани од градилиштето непотрошените градежни и други материјали, отпадот и слично (член 85 став (2)) и

5) на градилиштето ја нема документацијата од членот 86 на овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на инженер за изведба за прекршокот од ставoт (1) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член.

 

Член 156-б

(1) Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач, ако при изведување на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон:

1) не води градежен дневник и градежна книга за изведените градежни работи (член 29 став (1) алинеја 3);

2) не го означи со информативна табла градилиштето (член 83 став (3));

3) привремено зафати за потребите на градилиштето јавна сообраќајна површина без дозвола (член 84);

4) не ги отстрани од градилиштето непотрошените градежни и други материјали, отпадот и слично (член 85 став (2)) и

5) на градилиштето ја нема документацијата од членот 86 на овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на инженер за изведба за прекршокот од ставот (1) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член.

 

Член 156-в

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач, ако при изведување на градби не обезбеди докази за потеклото на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал (член 29 став (1) алинеја 6).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 156-г

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на инженер за изведба ако при изведување на градби не обезбеди докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал (член 29 став (1) алинеја 6).

 

Член 156-ѓ

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач ако градбата ја изведува спротивно на ревидираниот основен проект изработен согласно со членот 11 став (1) од овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на инженер за изведба за прекршокот од ставoт (1) на овој член.

 

Забелешка: Во Закон за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13), во членот 7 законодавецот додава нов член 156-ѓ, но по хронолошки редослед треба да биде член 156-д.

 

Член 156-е

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице изведувач, ако при изведување на градби не обезбеди мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата (член 29 став (1) алинеја 7).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Забелешка: Во Закон за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/13), во членот 23 законодавецот додава нов член 156-е, но по хронолошки редослед треба да биде член 156-ѓ.

 

Член 156-ж

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на инженер за изведба, ако при изведување на градби не обезбеди мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата по во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата (член 29 став (1) алинеја 7).

 

Забелешка: Во Закон за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/13), во членот 23 законодавецот додава нов член 156-ж, но по хронолошки редослед треба да биде член 156-е.

 

Член 157

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на инженер за изведба доколку раководи со изградбата на градбата без да има овластување за инженер за изведба согласно членот 31 став (1) на овој закон.

 

5. Прекршок на првно лице за вршење на надзор и на надзoрен инженер

 

Член 158

(1) Глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице за вршење на надзор, ако:

1) врши надзор без лиценца за вршење на надзор (член 34 став (1));

2) изготви извештај за извршен технички преглед спротивно на одредбите од членот 90 став (3) и став (4) и членовите 90-б и 90-в на овој закон;

3) постапи спротивно на членот 36-а од овој закон;

4) вработи како надзорен инженер странско физичко лице без потврдено овластување од Комората (член 42 став (4)) и

5) надзорниот инженер не постапил во согласност со член 36 и член 90-а од овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 159

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на надзорен инженер, ако:

1) врши надзор без овластување за надзорен инженер (член 35 став (1));

2) постапи спротивно на членот 36-а од овој закон;

3) изготви извештај за извршен технички преглед спротивно на одредбите од членот 90 став (3) и став (4) и и членовите 90-б и 90-в на овој закон и

4) не постапил согласно со членот 36 и членот 90-а од овој закон.

 

5.1. Прекршок на субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија

 

Член 159-а

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија, ако изработи мислење за проектираниот и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија.

(3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице вработено во субјектот кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија, ако изработи мислење за проектираниот и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата.

 

5.2. Прекршок на учесник во изградбата поради не враќање на лиценца и овластување

 

Член 159-б

(1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не ја врати одземената лиценца во рокот утврден во членот 38 став (8) од овој закон.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 159-в

Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако не го врати одземеното овластување во рокот утврден во членот 39 став (8) од овој закон.

 

6. Прекршоци за неизвршување на решение на градежен инспектор

 

Член 160

(1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице - инвеститор и изведувачот ако продолжат со изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон и изведувањето на одделни работи во случаите кога е донесено решение за прекинување на изградбата (член 133 став (1)) и по затворањето на градилиштето (член 136 став (1)).

(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице - инвеститор, за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице-учесник во изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, ако го попречува инспекцискиот надзор или не овозможи увид во документацијата (член 131 став (3)).

(4) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставовите (1) и (3) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 160-а

(1) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице - инвеститор и изведувач ако продолжат со изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон и изведувањето на одделни работи во случаите кога е донесено решение за прекинување на изградбата (член 133 став (1)) и по затворањето на градилиштето (член 136 став (1)).

(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице - инвеститор, за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице-учесник во изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон, ако го попречува инспекцискиот надзор или не овозможи увид во документацијата (член 131 став (3)).

(4) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставовите (1) и (3) на овој член и на одговорното лице во правното лице.


7. Прекршоци на сопственик на објект

 

Член 161

(1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект, ако:

1) го употребува објектот или негов дел без одобрение за употреба (член 93 став (1)) и

2) за управител на одржување определи лице без лиценца (член 98 став 3)).

(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице сопственик на објект за прекршокот од ставот (1) точка 1 на овој член.

(3) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 161-а

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку постави урбана опрема – тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

(2) (2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичко лице, за прекршокот од ставот (1) на овој член.


Член 161-б

(1) Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку постави урбана опрема - рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти согласно со членот 74 од овој закон, без одобрение за поставување на урбана опрема односно без решение за поставување.

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(4) Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на заедницата на сопственици на станови за прекршокот од ставот (1) на овој член.

 

Член 161-в

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект ако изврши пренамена на посебен дел од објект, стан или дел од стан, без издадено одобрение за пренамена (член 97 ставови (2) и (3)).

(2) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице сопственик на објект за прекршокот од ставот (1) на овој член.

 

Член 162

(1) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект, ако не постапи согласно со членот 171 на овој закон.

(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска проттиввредност ќе му се изрече на физичко лице сопственик на објект за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

Член 162-а

(1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект, ако отстрани изграден објект без одобрние за отстранување (член 99-а).

(2) Глоба во износ од 250 евра во денарска проттиввредност ќе му се изрече на физичко лице сопственик на објект за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

  

Член 162-б

(1) Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице - сопственик на објект со јавна намена, доколку не постапи согласно со членот 170 од овој закон.

(2) Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице - сопственик на објект со јавна намена, доколку не постапи согласно членот 11-б на овој закон.

(3) Глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршоците од ставовите (1) и (2) на овој член и на одговорното лице во правното лице.

 

8. Прекршоци на одговорни и службени лица

 

Член 163

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во надлежниот орган од членот 58 од овој закон, ако во законски утврдениот рок не издаде одобрение за градење, не донесе решение за измени во текот на изградбата, не донесе решение за промена на инвеститор, не издаде одобрение за подготвителни работи, не донесе решение за изведување на градбата, односно поставување на опремата од членот 73 од овој закон, не издаде одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 од овој закон, не донесе решение за пренамена или реконструкција или адаптација и не издаде одобрение за отстранување на објектот.

(2) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во органот надлежен за издавање на одобрение за градење, ако не постапат согласно со членот 146 став (2) од овој закон.

(3) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на надлежен градежен инспектор ако не ги врши работите на инспекциски надзор определени со овој закон.

(4) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и на надлежениот градежен инспектор ако не постапат согласно со членот 142 од овој закон.

(5) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во единицата на локалната самоуправа, како и во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, ако во постапката за издавање на одобрение за градење постапат спротивно на членот 59 став (16) од овој закон и ако издадат одобрение за градење со форма и содржина која не во согласност со формата и содржината пропишана согласно со членот 62 став (5) од овој закон.

(6) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во единицата на локалната самоуправа доколку не постапат согласно со членот 92-а став (3) од овој закон.

(7) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот доколку не постапат согласно со членот 96 став (2) од овој закон, односно на одговорното лице и службеното лице на единицата на локална самоуправа доколку не постапат согласно со членот 96 став (3) од овој закон.

(8) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во органот надлежен за издавање на одобрение за градење ако издаде одобрение за градење врз основа на изработен основен проект спротивно на членот 11 став (1) од овој закон.

(9) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во надлежниот орган од членот 58 од овој закон, доколку постапи спротивно на членот 59-е став (1) од овој закон.

(10) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице и службеното лице во органот надлежен за издавање на одобрение за градење, доколку барањата, односно пријавите за предбележување и прибележување на градбата, за измените во текот на градбата како и за запишување на објектот во јавната книга за недвижности не ги доставува до Агенцијата за катастар за недвижности во електронска форма.

(11) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице и на градоначаникот на општината во градот Скопје како и на службеното лице и на градоначаникот на градот Скопје, доколку не постапат согласно со членот 59-ж ставови (3) и (4) од овој закон.

(12) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во органот надлежен за издавање на одобрение за градење, доколку во постапката за издавање на одобрение за градење, завери основен проект а не ги исполнува условите утврдени во членот 59-з од овој закон.

(13) Глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на службеното лице во субјектот надлежен за водоводна и канализациона инфраструктура, доколку во постапката утврдена во членот 59-в од овој закон побара инвеститорот да достави хидротехнички услови за приклучок на објектот на водоводна и канализациона инфраструктура, спротивно на членот 59-в став (3) од овој закон.

 

Член 163-а

Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во општината доколку при изградба на нови, како и при реконструкција на постоечки јавни површини - пешачки патеки во централно градско јадро и во паркови, не постапи согласно со членот 11 став (3) од овој закон.

 

Член 163-б

(1) Надлежен орган за спроведување на прекршочната постапка за прекршоците утврдени со овој закон е надлежен суд, освен за прекршоците утврдени во член 151-б став (3) на овој закон, член 160-а став (2) на овој закон и член 162 став (2) на овој закон, за кои надлежен орган е комисија за прекршоци формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

(2) Против одлуката на Комисијата од ставот (1) на овој член, може да се поведе постапка пред надлежен орган согласно со Законот за прекршоците.

 

Член 164

(1) Кога надлежните инспектори од членот 128 на овој закон, односно органот надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, ќе утврдат дека е сторен прекршок предвиден со овој закон ќе поднесат барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд односно прекршочен орган.

(2) Барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд може да поднесе и лице со инвалидност доколку утврди дека изграден објект со јавна намена не ги исполнува условите за непречен пристап на лица со инвалидност пропишани со овој закон односно прекршочен орган.

 

Член 165

(1) За прекршоците предвидени со овој закон, инспекторите од членот 128 став (1) од овој закон, пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд односно прекршочен орган ќе спроведат постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог согласно со Законот за прекршоците.

(2) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ја пропишува министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Член 165-а

Одмерувањето на висината на глобите кои се пропишани согласно со овој закон се врши согласно со Законот за прекршоците.

 

 

XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 166

Започнатите постапки за издавање на одобрение за градење и на одобрение за употреба ќе продолжат според прописите кои важеле до денот на примената на овој закон.

 

Член 167

(1) Поблиските прописи утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

(2) До донесувањето на прописите од ставот (1) на овој член ќе се применуваат постојните подзаконски прописи.

 

Член 168

Лиценците и овластувањата издадени согласно со Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2005, 82/2008 и 106/2008) продолжуваат да важат за периодот за кој се издадени.

 

Член 169

Главните проекти за инфраструктурни градби и комплекси од членот 57 на овој закон кои се изработени и ревидирани, како и главните проекти за инфраструктурни градби и комплекси од членот 57 на овој закон чијашто изработка е започната до 30 јуни 2005 година, се сметаат како основни проекти согласно со овој закон.

 

Член 170

Сопствениците на изградените објекти со јавна и деловна намена, се должни да ги исполнат условите за непречен пристап на лица со инвалидност пропишани со овој закон, најдоцна до 1 септември 2015 година, а скалиштата во надворешниот простор наменети за јавна употреба, во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 171

Сопствениците на изградени објекти кои се без фасада се должни во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон да изградат фасада.

 

Член 172

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2005, 82/2008 и 106/2008).

 

Член 173

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

 

ВАЖЕЧКИ ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ОД НОВЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ


 

I. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/10

 

Член 37

Постапките за издавање на одобрение за употреба за објекти од трета, четврта и петта категорија, започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон, доколку не е извршен технички преглед на градбата ќе продолжат според одредбите на овој закон.

 

 

II. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/11

 

Член 76

Лиценцата А за проектирање издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши проектирање на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, а Лиценцата Б за проектирање издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши проектирање на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

Лиценцата А за ревизија на проектна документација издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши ревизија на проектна документација за градби од прва категорија од членот 57 на овој закон а Лиценцата Б за ревизија на проектна документација издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена и со истата ќе може да се врши ревизија на проектна документација за градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

Лиценцата А за изведувач и Лиценцата Б за изведувач издадени пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се издадени и со истата ќе може да се врши изведување на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон, а Лиценцата Ц за изведувач и Лиценцата Д за изведувач издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се издадени и со истите ќе може да се врши изведување на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

Лиценцата А за надзор и Лиценцата Б за надзор издадени пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се издадени и со истите ќе може да се врши наздор над изградба на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон а Лиценцата Ц за надзор и Лиценцата Д за надзор издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат до истекот на рокот за кој се издадени и со истите ќе може да се врши надзор над изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

 

Член 77

Лиценцата Е за изведувач издадена пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадена.

Носителот на Лиценцата Е за изведувач може во периодот на важењето на Лиценцата Е да поднесе барање за добивање Лиценцата А за изведувач или Лиценцата Б за изведувач согласно условите утврдени во овој закон без плаќање на надоместок.

Лиценцата А за изведувач или Лиценцата Б за изведувач од ставот (2) на овој член не се издава доколку барателот претходно не ја врати Лиценцата Е за изведувач.

 

Член 78

Овластување А за проектирање, Овластување А за ревизија на проектна документација, Овластување А за инженер за изведба и Овластување А за надзорен инженер издадено пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадено и со истото ќе може да се врши проектирање, ревизија на проектна документација, раководење со изградбата и надзор над изградбата, на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон а Овластување Б за проектирање, Овластување Б за ревизија на проектна документација, Овластување Б за инженер за изведба и Овластување Б за надзорен инженер издадено пред влегувањето во сила на овој закон продолжува да важи до истекот на рокот за кој е издадено и со истото ќе може да се врши проектирање, ревизија на проектна документација, раководење со изградбата и надзор над изградбата на градби од втора категорија од членот 57 на овој закон.

 

Член 80

Постапките за добивање на лиценци започнати до денот на влегување во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите на овој закон.

Постапките за издавање на одобрение за градење започнати до денот на влегување во сила на овој закон ќе продолжат согласно со одредбите од законот по кој истите се започнати.

 

Член 81

Доколку за линиските инфраструктурни градби има изработен главен односно основен проект, кој е ревидиран пред влегувањето во сила на овој закон, во постапката за добивање на одобрение за градење не се доставува проект за инфраструктура.

 

 

III. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/11


Член 9

Со денот на влегувањето во сила на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, надлежен орган за постапување по поднесените жалби против решението за одбивање на барањето за издавање на лиценца, односно овластување е Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Одредбата од членот 5 став 1 на овој закон со која се менува членот 65 ставови (1) и (2) од овој закон ќе започне да се применува од денот на започнувањето на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

 

IV. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/12

 

Член 15

Одредбата од членот 5 од овој закон со која се менува членот 87 став (5), одредбата од членот 8 од овој закон со која се менува членот 97 став (8) и одредбата од членот 10 од овој закон со која се менува членот 99 став (11) ќе започнат да се применуваат од денот на започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Член 16

Основните, односно главните проекти за државни и локални патишта кои се изработени и ревидирани заклучно со 22 февруари 2011 година се сметаат и како проекти за инфраструктура, доколку истите се одобрени од надлежен орган согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање.

 

 

V. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/12

 

Член 53

Постапките за добивање на одобрение за градење и за добивање на овластување започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите од законот по кој се започнати.

 

 

VI. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/13

 

Член 29

При постапување по поднесени жалби и тужби против управните акти донесени во постапките за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за издавање на одобрение за подготвителни работи, за издавање на решение за градбите од членот 73 од овој закон, за реконструкција, пренамена, адаптација и за издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 од овој закон, кои се спроведени на електронски начин, соодветно се применуваат одредбите од членот 65 ставови (18) и (19) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11 , 13/12, 144/13, 25/13, 79/13 и 137/13).

 

 

VII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14

 

Член 5

Постапките за одземање на лиценци и овластувања кои се започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат согласно со одредбите од законот по кој се започнати.

 

 

VIII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/14

 

Член 8

Одредбите од членовите 59 став (17), 59-а став (1) алинеја 7 и 88 став (3) од овој закон кои се однесуваат на државни патишта, железнички пруги, гасоводи и далноводи се применуваат и за хидроцентрали, топловоди, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје и брани со акумулации.

 

Член 9

За градбите за кои е поднесено барање за одобрение за градење или е издадено одобрение за градење до денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 163/13) не се обезбедува мислење за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата од страна на субјект кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија.

 

 

IX. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/14


Член 8

Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам именуван до денот на започнувањето на примената на членот 7 од овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван.

 

 

X. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14

 

Член 14

(1) Правното лице и физичкото лице чија лиценца, односно овластување е одземено пред денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да ги вратат истите во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

(2) Правните лица кои го изгубиле правото за добивање на лиценца поради неправилности утврдени во членот 38 став (4) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/ 11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14 и 42/14) до денот на влегувањето во сила на овој закон, можат да поднесат барање за добивање на лиценца до органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, доколку ги исполнуваат условите од овој закон, по истек на една година од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценца, а правните лица кои го изгубиле правото за добивање на лиценца поради неправилности утврдени во членот 38 став (5) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/ 11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14 и 42/14), можат да поднесат барање за добивање на лиценца до органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, доколку ги исполнуваат условите од овој закон, по истек на пет години од денот на правосилноста на решението за одземање на лиценца.

 

Член 15

Постапките за издавање на одобрение за градење за локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи кои се започнати пред влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат согласно со одредбите од овој закон.

 

 

XI. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/14

 

Член 12

Постапките за издавање на одобрение за градење започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат согласно одредбите од овој закон.

 

 

XII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 187/14

 

Член 18

Одредбите од член 5 на овој закон и член 8 став (1) на овој закон, кои се однесуваат на градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, се применуваат на постапките за издавање на одобрение за градење кои се започнати до денот на влегување во сила на овој закон.

 

 

XIII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/15

  

Член 6

Проектната документација која до денот на влегувањето во сила на овој закон е изработена од страна на странско правно лице избрано во постапка на јавна набавка финансирана од меѓународна организација или од Европската унија, а кое не поседува потврда согласно членот 42 став (1) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14 и 187/14), ниту овластување за проектирање за физичките лица кои ја изработиле документацијата, може да се примени во постапка за издавање на одобрение за градење односно решение за изведување на градбата согласно членот 74 на овој закон, доколку за истата има изработено позитивен извештај за ревизија од страна на правно лице кое поседува лиценца за ревизија на проектна документација.

 

 

XIV. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 129/15


Член 13

(1) Постапките за издавање на одобрение за градење за градбите во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Македонија и од правни лица, кои ги градат закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони, (освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите-даватели на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната, канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура), како и за градбите во индустриски и зелени зони основани од Владата на Република Македонија, кои се започнати до денот на започнување со примена на овој закон, ќе продолжат согласно со одредбите на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14 и 44/15).

(2) Постапките за издавање на решение за изведување на градбите, односно поставување на опремата од членот 73 став (1) од овој закон во технолошките индустриски развојни зони формирани од Владата на Република Македонија и од правни лица како и во индустриските и зелените зони основани од Владата на Република Македонија, кои се започнати до денот на започнување со примена на овој закон, ќе продолжат согласно со одредбите на Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14 и 44/15).

 

 

XV. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15

 

Член 11

Одредбите од членот 5 од овој закон се применуваат и при спроведување на постапките за измени во текот на изградбата за градбите за кои е издадено одобрение за градење согласно со Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14 и 44/15).

 

 

XVI. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/16

 

Член 23

Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон, ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати.

 

Член 25

Одредбите на членовите 1, 2, 3, 4, 6, 8, 10, 11, 12, 13, 14, 16, 17, 18, 19, 20, 21 и 22 од овој закон ќе започнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка, согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).

 

 

XVII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 132/16

 

Член 11

Постапките за издавање на одобрение за употреба за линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи, железнички пруги, гасоводи, далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, системи за наводнување и одводнување, магистрални и собирни улици на подрачјето на градот Скопје како и хидроцентрали и брани со акумулации, кои се започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат согласно одредбите на овој закон.

 

Член 12

Постапките за издавање на одобрение за надградба на објекти за индивидуално домување согласно членот 59-ѕ на овој закон, кои се започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат согласно одредбите на овој закон.


 

XVIII. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/18

 

Член 8

Одредбите од членот 1, членот 4, членот 5 и членот 6 од овој закон, се применуваат и за линиските инфраструктурни градби чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација, за кои е издадено одобрение за градење согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16 и 132/16).

 

Член 9

Постапките за издавање на одобрение за употреба за линиските инфраструктурни градби чија изградба е финансирана со средства од Европската унија или друга меѓународна организација започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат според одредбите на овој закон.



XIX. „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19


Член 3


Постапки започнати пред влегувањето во сила на овој закон за издавање на одобрение за градење согласно со член 58 став (5) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 29/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18), ќе завршат согласно со истиот закон.


XX. „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 18/20


Член 62

(1)      Одредбите од членот 6 од овој закон со кои се менува членот 68 од законот се применуваат и за одобренија за градење издадени до денот на влегувањето во сила на овој закон, согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2005, 82/2008 и 106/2008) и Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 244/19).

(2)      За линиски инфраструктурни градби, за функционални делови од инфраструктурни градби како и за инфраструктурни градби составени од повеќе делови од кои најмалку еден дел претставува линиска инфраструктура од членот 57 ставови (1) и (2) на овој закон, а за кои е изминат рокот за изградба од денот на  правосилноста на одобрението за градење, инвеститорот може во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, да поднесе барање за утврдување на нов рок за изградба на градбата но најмногу за пет години, при што не смее да се надмине периодот од 15 години од денот на правосилноста на одобрението за градење за кое е изминат рокот за изградба.



XXI. „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 279/20


Член 6

(1) Странските правни лица на кои им е издадена потврда за вршење на работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, до денот на влегувањето во сила на овој закон, во која не е утврден рок на важност, се должни да поднесат барање за добивање на потврда согласно со одредбите од овој закон, во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. 

(2) Доколку странските правни лица не поднесат барање во рокот утврден во ставот (1) на овој член, потврдите за вршење на работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби, кои се издадени до денот на влегувањето во сила на овој закон во кои не е утврден рок на важност, престануваат да важат.

 

Член 7

Постапките за добивање на потврди за вршење на работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградба на градби за странски правни лица, започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе продолжат според одредбите од овој закон.

< resultTmp.length i var obj = { Text:resultTmp i text Value:resultTmp i value result.push obj dcmChildrenLawDdl.empty each result function dcmChildrenLawDdl.append>