Активности

Поставени сообраќајните табли за забрана на товарен сообраќај

27.12.2013г.

Деновиве на обиколницата во Скопје, екипите на Улици и патишта одговорни за вертикалната сигнализација во градот,  поставија 13 сообраќајни знаци за забрана на движење тешки товарни моторни возила .

Знаците се поставуваат за да ги потсетат возачите на камиони за времениот режим на сообраќај со кој се забранува движење на товарни моторни возила  секој ден во период од 07 часот до 19часот.

Ваквата забрана е воведена за заштита на коловозите од оштетувањата кои настануваат при големите оптоварувања на тешките моторни товарни возила во летните денови.

 

 

21F1598911D3104F9F7269889EFC3FC0

Нови звучни семафори за слепи лица

25.12.2013година

Екипите  на  ЈП Улици и патишта, одговорни за одржување на светлосната сигнализација во градот денес ги монтираа семафорите со звучни сигнали наменети за слепи лица . Семафорите се поставени на раскрсницата на улица Христо Татарчев со улица Народни Херои.

Со поставувањето на семафорите со звучни сигнали, токму во близина на „Домот за слепи лица“ се олеснува движењето на слепите лица во сообраќајот.

 

 

Замена на семафорските контролори на булеварот Јане Сандански

08.11.2013година

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 11 до 17 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролери на крстосниците по должината на булеварот Јане Сандански.

Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се наруши координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварот Јане Сандански и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот. Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

Активностите за замена на старите контролери со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

za_veb_sajt_belezenje

Се обележува хоризонталната сигнализација на Партизанска

 

06.11.2013година

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминативе денови завршија со ноќното обележување на градските улици и продолжија со дневното обележување на хоризонталната сигнализација. Овие денови рачно се обележува булеварот Партизански Одреди, со сите пешачки премини, велосипедски патеки и стрелки за насока на движење. До сега екипите ја обновија бојата на  пешачките премини и велосипедски патеки кај  ТЦ Буњаковец, слаткарница „Апче“, крстосницата со ул.Франклин Рузвелт, хотел „Карпош“ и во наредните денови продолжуваа обележувањето долж цела Партизанска. Паралелно со обележувањето на улицата се поставуваат и сообраќајните знаци и се поставуваат заштитни столбчиња за безбедноста на минувачите.