Активности

katna_parking_sajt

Изградба на паркинг локација кај новата катна гаража

22.02.2014.

Изминативе денови екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, ја почнаа изградбата на новата паркинг локација  која се наоѓа на булеварот Свети Кирил и Методиј кај новата катна гаража . Паркинг локацијата ќе биде изградена од бехатон плочина површина од 2.200 метри квадратни.

Во вкупната површина се предвидени околу 60 паркинг места со коловозни ленти и места за влез и излез на возилата.

Екипите на ЈП Улици и патишта моментално ги извршуваат земјаните работи, а потоа ќе ги постават и бехатон плочите, сливниците за одвод на атмосферска вода, како и пешачките патеки.

semafor-564x272

Пуштени во употреба семафорите кај универзитет „ФОН“

29.01.2014година

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, одговорни за одржување на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот, вчера ги пуштија во употреба новите семафори на крстосницата на булевар Киро Глигоров со улица Индустриска, во близина на универзитетот „ФОН“.

sajt_semafori_Biser

Почеток на градежни активности за поставување на нови семафори


 22.01.2014 година

Екипите  на  ЈП Улици и патишта денес 22.01.2014г почнаа со извршување на градежни активности за поставување на новите семафори на пешачкиот премин на булеварот Јане Сандански кај трговскиот центар „Бисер“ од едната страна и од другата страна на булеварот кон ТЦ „Капитол“.

Денес се изведува машински ископ на земјаниот материјал, отстранување на бехатон плочите за поставување на електричните кабли за сеамфорите.

Со поставуавњето на пешачките семафори ќе се зголеми безбедноста на пешаците, како и на возачите во сообраќајот.

 

sajt_lant

Замена на семафорските лантерни на семафорите на булевар Борис Трајковски

22.01.2014година

Екипите  на  ЈП Улици и патишта денес на крстосниците бул.Борис Трајковски со ул.Трајко Иванов и бул.Борис Трајковски со ул.Спиро Гулапчев ги заменуваат старите лантерни со нови лантерни на семафорите.

Со замената на лантерните возачите добиваат поголема видливост, а се заштедува и потрошувачката на електричната енергија.