Активности

obelezana_rolerska_pateka

Обележана новата ролерско-велосипедска патека на кеј на Вардар

13.03.2012година

Екипите на ЈП Улици и  патишта - Скопје по налог на Град Скопје, изминативе деновиве ја обележаа хоризонталната сигнализација на новата ролерско - велосипедската патека, која денес официјално и беше промовирана од страна на Градоначалникот Коце Трајановски.

На патеката беа обележани пешаки премини и подолжни линии, а беше поставена и вертикалната сигнализација за велосипедисти и пашаци.

Патеката е долга 3000метри и широка 4,4метри, а се протега на левата страна од кејот на р.Вардар, односно од булеварот Гоце Делчев до булеварот 8ми Септември

zamena_za_led_moduli_za_veb

Замена на дотрајани лед модули на семафори

27.02.2012година

Екипите на Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје деновиве извршија замена на старите дотрајани лед модули со нови на две раскрсници во градот.

На р-ците ул.Алфред Циборовски со ул.Ѓорче Петров и ул.Алфред Циборовски со ул.Исаја Мажовски се заменети лед модулите што го покажуваат црвеното, жолто и зелено светло на семафорите и се со големина Ф-200 и Ф-300.

Екипите на Улици и патишта задолжени за контрола на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот секојдневно вршат обиколка и интервенират според потребите и поставуваат нови семафори.