Активности

Park_za_domasni_milencinija_promocija_2

Промовиран паркот за миленичиња

Денес на 02.04.2012година  е промовиран Паркот за миленичиња во Вториот дел на Градскиот парк, со поддршка од Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП Улици и патишта, Синиша Ивановски и  директортот на ЈП Паркови и зеленило, Душан Авировиќ и преставници од Здружението за заштита на животни„Анима Мунди“ .

На изградбата на паркот работеа екипите на ЈП Улици  патишта Скопје, а Градот Скопје  го овозможи истиот за потребите на граѓаните коишто чувааат миленичиња да имаат место за рекреација со различни содржини и реквизити  за забава на миленичињата. Паркот  е изграден на површина од 1.200м2, заграден е со жичана ограда висока  1,5метра и има два влеза.

Паркот е  опремен со чешма од која што ќе можат да пијат вода миленичињата, клупи за одмарање на сопствениците на миленичињата и специјализирани канти  за собирање на изметот од кучињата.

За реализација на овој проект од буџетот на Град Скопје се одвоени 460.000денари.


nova_za_veb

Санација на ударни дупки со топол асфалт

27.03.2012година

Екипите на ЈП Улици и  патишта - Скопје по налог на Град Скопје, изминативе денови употребија 100тони топла асфалтна маса за  санација на ударните дупки на главните сообраќајници во градот.

Беа санирани оштетувањата на булевар Војводина, ул.881, ул.Благоја Стефковски, ул.Шуто Оризари, ул.Лазар Поп Трајков, ул.Бапчор, ул. Волковска, ул.Антон Попов, ул.Димо Хаџи Димов, ул.Радишанска и пат до Матка.

Санацијата на ударните дупки продолжува и на останатите сообраќајници, каде што ќе има потреба да се асфалтираат оштетувањата со користење на  топла асфалтна маса.

veb_buska

Обележани автобуските постојки во градот

27.04.2012година

Екипите на ЈП Улици и  патишта - Скопје по налог на Град Скопје, изминативе деновиве ги обележаа  автобуските постојки на голем дел од градските сообраќајници.

Обележувањето се изведуваше со жолта боја, а автобуски постојки се бележеа на булеварот Свети Климент Охрдиски, Јужниот Булевар, бул.Партизански Одреди, ул.Ѓорче Петров, булеварот Видое Смилевски Бато и потегот од ул.Народен Фронт кон ул.Васил Ѓорѓов (на овој потег беше изведена измена на сообраќајниот режим од двонасочна во еднонасочна улицата, а беше поставена и вертикалната сигнализација).

Освен бележењето на автобуски постојки, од изминатата недела започна и обележувањето на училиштата ознаките „ШКОЛО“ изведувано со бела боја, како и пешачките премини.

Досега екипите ги обележаа  ОУ „Димитар Македонски“ и ОУ„Гоце Делчев“ во населбата Лисиче, а пешачки премини се обележани на Јужниот Булевар и во наредните денови продолжуваат и во останатите училишта во градот.

istewe_na_semaforit

Чистење и замена на лед модулите на семафорите во градот

26.03.2012година

Екипите на Улици и патишта Скопје по налог на Градот, покрај секојдневната котрола и обиколка на семафоризираните крстосници во градот, деновиве ги чистеа семафорите и ги заменуваа старите дотрајани лед модули на семафорите со нови.Замената на дотрајаните лед модули со нови беше извршена на семафорите на раскрсниците ул.Никола Карев со бул.Кузман Јосифовски Питу, р-ца ул.Никола Карев со ул.Ѓуро Ѓоновиќ, бул.Кузман Јосифовски Питу со влез во Транспортен Центар и бул.Кузман Јосифовски Питу со ул.Борис Кидрич. Екипите на Улици и патишта Скопје, задолжени за контрола на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот и во наредниве денови продолжуваат со котролата на семафорите и интервенираат според потребите