Активности

sutka2_vtor

Реконтруиран и вториот дел од улица Пелагонија

03.10.2012година

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на вториот дел од ул.Пелагонија во населба Шуто Оризари близу затворот. Вкупната површина на  реконструираната површина е 2.005метри квадратни, односно должина 573метри и ширина на улицата 3,5метри. Во текот на реконструирањето беше отстранет стариот оштетен асфалт, се изврши ископ на земјан материјал, беше поставен тампон слојот, поставени рабниците на бетонска подлога и вградена нова асфалтна маса 400тони тип БНС-16 во дебелина од 7см. За реализација на овој проект од буџетот на Град Скопје се издвоени 4милиони денари.

Минатата година беше реконструиран првиот дел од улицата Пелагонија во површина од 2.439м2. ЈП Улици и патишта Скопје работеа по налог на Град Скопје.

 

za_veb_kej

Чистење на отворените канали и кејот на река Вардар

01.08.2012година

Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, Лепенец и отворените канали на подрачје на Град Скопје за 2012 година,  деновиве екипи на Улици и патишта спроведуваа активности за чистење на отворените канали на река Лепенец, Серава и река Вардар.

Од коритото на реката Лепенец на локација непосредно до сливот во  реката Врадар од левата и од десната страна  рачно и машински се исчистени по 350 метри.

Од коритото на каналот се отстранети околу 8 000 кубни метри земја, мил и шут, коишто по просушувањето машински се натоварени и транспортирани до соодветна локација. Целосно е исчистено коритото од левата страна, па работните  активности се одвиваат на  десната страна на коритото на реката Лепенец.

 

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“-Скопје почнаа и машински да го чистат и минор коритото  на реката Вардар на локација кај мостот на железничката станица, па низводно кон мостот Близнак во должина од околу 2000 метри.

 

 

 

veb_buska

Се бележат улиците и се поставуваат знаците на градските улици

10.07.2012година

Улици и патишта изминатиов период како дел од тековните активности ја вршеа секојдневната контрола и обиколка на вертикалналата сигнализација на градските сообраќајници.

Исправени се 71сообраќајни знаци, кои беа бутнати од несовесни возачи и поставени 60 тина комплет нови и сообраќајни знаци на канделабра.

Интервенции за исправување на знаци имаше на ул.11ти Октомври, бул.Кочо Рацин, ул.Владимир Комаров, бул.Метрополит Теодосиј Гологанов, бул.Александар Македонски, буле.Партизански Одреди и ул.Жан Жорес.

Поставени 60 комплет нови и сообраќајни знаци на канделабра на ул.Методија Андонов Ченто, на ул.Босна и Херцеговина, бул.Видое Смилевски Бато, бул.АСНОМ, бул.Октомвриска Револувија, Илинден, Владимир Комаров, бул.Партизански Одреди и бул.Видое Смилевски Бато.

Ги бојадисаа пешачките премини, подолжните линии, раскрсниците, автобуските постојки и такси станиците во вкупна површина од 3.183м2.

Рачно беше обележана површина од 879,95м2 и машински 2.303,05м2 на ул.Димитрие Чуповски, ул.11ти Октомври, ул.Алфред Циборовски, бул.Србија, ул.Првомајска, ул.Даме Груев и ул.Васил Аџиларски.

zastiotni_stolbovi2-veb

Заштитни столбови на ул.Методија Андонов Ченто

13.06.2012година

Изминативе денови екипи на Улици и патишта Скопје, одговорни за уличната сигнализација  поставија 142 заштитни столбови од почетокот на улица Методија Андонов Ченто во населбата Сингелич.

Столбовите се поставуваат поради зголемување на безбедноста на пешаците и акцијата  ќе се извршува на сите оние локации кадешто ќе има потреба од нивната функција.