Активности

Интервенции на Зимската служба на Улици и патишта Скопје

08.02.2013година

Екипите на зимската служба на Улици и патишта и Град Скопје, утрово излегоа со 6 возила на градските сообраќајници и фрлија 50тони индустриска  сол, со цел да се спречи појавата на голомразица.

Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.
za_veb_aktivnosti

Изграден паркот „Македонија“ кај ул.М.Т. Гологанов

Денеска /21.11.2012 година/ во рамките на есенската акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, е промовиран новиот парк „Македонија“ кај булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов.

Паркот го промовираа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, советници во Советото на Градот и директорите на јавните претпријатија и образовни институции.

Вкупната зелена површина на паркот е над 30.000 м2, а на неа екипите на Улици и патишта ги изградија трим патеката, пешачката пристапна патека и паркот за миленичиња како посебен дел од оваа површина.

Трим патеката е долга 700м и широка 3,4м покриена е со  ризла, а на дел од патеката во површина од 300м2 се поставени фитнес реквизити за вежбање. Пешачката патека е долга 300м и широка 2м и е покриена со асфалтна маса. Паркот за миленичиња е направен  на површина од 1000м2 опремен со различни содржини за забава на домашните миленичиња.  Во паркот „Македонија“ се обновени со бехатон плочи и три пристапни патеки кои минуваат низ паркот.

Екипите на „ЈП Улици и патишта“, заедно со екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работеа на терен, а за реализација на проектот Градот Скопје идвои од Буџетот 15 милиони денари.

ada

Поставени 120 заштитни столбчиња на градските улици

12.10.2012 година

Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје, изминативе денови поставија вкупно 120 заштитни столбови, од кои дел се  на улица Самоилова кај тврдината „Кале“ и пред основните училишта во централното градско подрачје, како што е ОУ „Кочо Рацин“ на ул.Салвадор Аљенде. Столбчињата се бојадисани со жолто црна боја и оние што се поставени на тврдината Кале се од бетон материјал, а пред училиштата се шелезни.Заштитните столбчиња се поставуваат за зголемување на безбедноста на возачите и пешаците на одредени локации, а ќе се поставуваат и во наредниот период по налог на Градот на сите места каде што има потреба од нивната функција.

za_web_kisela_voda

Пуштена во употреба Новопроектираната улица во Кисела Вода

06.10.2012година

Екипи на Jавното претпријатие Улици и патишта Скопје,  деновиве ја завршија изградбата на Новопроектирана улица близу спортската сала „Расадник“ во  Кисела Вода. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Звонко Спасовски и директорот на ЈП “Улици и патишта” – Скопје, денеска на /06.10.2012г./ ги пуштија во употреба двете новоасфалтирани улици со кои населбата Расадник доби нов сообраќаен влез кај ресторанот “Ексклузив”. Општината Кисела Вода во изминатиот период ги асфалтираше дел 1 и дел 2 од новопроектираната улица во Расадник во вкупна должина од 400 метри. Коловозот на новоасфалтираните улици е со просечна ширина од 6,5 метри, а се изградени и тротоари, односно рабници од двете страни на коловозот.


Со асфалтирањето на овие недовршени улици се затвори сообраќајниот круг во населбата и сообраќајно се растоварија останатите приоди кон станбените згради во нас. Расадник.