Активности

za_veb_sajt_belezenje

Се обележува хоризонталната сигнализација на Партизанска

 

06.11.2013година

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминативе денови завршија со ноќното обележување на градските улици и продолжија со дневното обележување на хоризонталната сигнализација. Овие денови рачно се обележува булеварот Партизански Одреди, со сите пешачки премини, велосипедски патеки и стрелки за насока на движење. До сега екипите ја обновија бојата на  пешачките премини и велосипедски патеки кај  ТЦ Буњаковец, слаткарница „Апче“, крстосницата со ул.Франклин Рузвелт, хотел „Карпош“ и во наредните денови продолжуваа обележувањето долж цела Партизанска. Паралелно со обележувањето на улицата се поставуваат и сообраќајните знаци и се поставуваат заштитни столбчиња за безбедноста на минувачите.


Замена на семафорските контролори на булеварот Борис Трајковски

01.11.2013г.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 4 до 10 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролери на крстосниците по должината на булеварот Борис Трајковски.

Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се наруши координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварот Борис Трајковски и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот. Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

Активностите за замена на старите контролери со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

g_semafor

Продолжува замената на семафорските контролори

18.10.2013година

 

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 21 до 26 октомври ќе се врши замена на старите семафорски контролери на градските улици, и тоа на:

- крстосниците и пешачките премини по должината на булеварот Партизански одреди;

- крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски и улицата 16 Македонска бригада и пешачкиот премин на булеварот Александар Македонски кај „Алкалоид“ во населбата Автокоманда; и

- крстосниците по должината на булеварот Видео Смилевски - Бато во населбата Ново Лисиче.

Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се наруши координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварите Партизански одреди, Александар Македонски и Видео Смилевски – Бато и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот. Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

Активностите за замена на старите контролери со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

 

A_gorce

Најава за проширување на улица Борис Сарафов (4ти Јули)

16.10.2013г.

На улица Борис Сарафов (поранешна улица  4ти Јули) во Ѓорче Петров веќе еден дел е расчистен и на него наскоро ќе започнат градежните работи.

ЈП „Улици и патишта“ ќе ги изведува работите ,со што овој дел од улицата ќе добие една нова коловозна трака и тротоар.

Се работи и на проектот за проширување на второтот тесно грло на истата улица