Листа на улици

web_obelezuvanje_kliment_ohridsi_so_znaci_468_287Во продолжение следува листа на сите улици кои се под надлежност на Градот Скопје и на Општините

Дознај повеќе

Денешни настани

Нема внесено настани за денешниот ден

СО ЗАШТИТНИТЕ СТОЛПЧИЊА ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА СЕ СТАВА КРАЈ НА НЕПРОПИСНОТО ПАРКИРАЊЕ ВОЗИЛА

25.12.2017г.

 

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат заштитни столпчиња на тротоарот на улицата Димитрие Чуповски, од страната на објектот на Министерството за правда.

На барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, столпчиња ќе се наредат на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев до крстосницата со улицата Македонија.

На терен, досега се поставени 30-тина столпчиња, а преостанатите столпчиња се очекува да бидат поставени до крајот на неделава со што ќе се стави крај на непрописното паркирање возила на тротоарот.

a_POstaveni_zastitni_stolbcinja_na_ul._Dimitrija_CUpovski_1