Листа на улици

web_obelezuvanje_kliment_ohridsi_so_znaci_468_287Во продолжение следува листа на сите улици кои се под надлежност на Градот Скопје и на Општините

Дознај повеќе

Денешни настани

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА КЕМАЛ АТАТУРК

10.08.2017

a_ulica-kemal3

Екипите на Град Скопје ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Кемал Ататурк, на потегот од крстосницата со улицата Цветан Димов до крстосницата со улицата Џон Кенеди, на должина од 260 метри.

Во текот на изминативе денови, беше отстранет стариот и оштетен асфалт на оваа делница, засилен носечкиот слој и нанесен нов асфалт.

Градежните работи на улицата Кемал Ататурк ќе продолжат со формирање тротоари на вкупна површина од 780 квадратни метри, на кои ќе се наредат бекатон-плочки.

Проектот за обнова на коловозот на улицата Кемал Ататурк е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир, во вкупна вредност од 4,8 милиони денари.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.