Асфалтирани прекопи на неколку булевари

24.03.2014година

Во текот на изминатата недела ЈП Улици и патишта Скопје, интензивно работеше на асфалтирање на прекопите во градот на неколку булевари на кои што оштетувањата беа поголеми. Булеварите Трета Македонска Бригада, Фебруарски Поход, Србија и  булевар Метрополит Теодосиј Гологанов се машински изгребани, а потоа им е вградена нова асфалтна маса. Екипите продолжуваат со санирање на ударните дупки како дел од тековните активности и пополнуваат ударни дупки на сите улици каде што има потреба од интервенција.prekop_na_sajtot